Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 160 Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15 март треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.Граѓаните може да поднесат Годишна...
Фатени рибарски мрежи и риболовен алат и прибор
Post Views: 171 Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридското езеро...
Мерки за спречување на Туларемија
Post Views: 162 Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и но и други диви...
СВР Охрид: Изречени посебни мерки за превенирање на семејно насилство
Post Views: 183 Секторот за внатрешни работи Охрид, согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето М.K.(34) од Oхрид, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување. По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид...
Притвор за охридски „револвераш“
Post Views: 174 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47- годишен охриѓанец, на кого од страна на судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.На осми овој месец во 00 часот и 05 минути, кај лицето пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот...
Хуманите основци од OУ „Григор Прличев“
Post Views: 167 И денес во ОУ „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Р. Македонија. „Вчерашниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше превземена од општинскиот Црвен Крст“, велат од училиштето.„Се надеваме дека ќе со нашиот скромен допринос барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој“ додаваат оттаму.{loadposition...
Општина Охрид: Вработувањата се стручни и компетентни
Post Views: 130 Денес општина Охрид им се заблагодарува на СДСМ- Охрид за евиденцијата што тие ја правеле околу бројот на распишани огласи за вработувања откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески и притоа потсетува дека овој политички субјект заборавил да каже дека во периодот на 2013 година пред доаѓањето на актуелната локална власт,со сомнителни договори за вработување преку ноќ во општина Охрид работно ангажира 325 партиски лица, од кои голем дел без почитување на законските процедури.Исто така СДСМ – Охрид е партија која го зголеми бројот на вработени...
СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри
Post Views: 160 Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена.Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции?Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015...
Литургија по повод „Сретение Господово“
Post Views: 173 ебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 фебруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение Господово“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition...
Основците од „Св.Климент“ ќе штедат вода
Post Views: 221 Во рамките на проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“ во организација на ОХО, ОУ „Св.Климент Охридски“- Охрид зеде учество и изработи проект за заштеда на вода, со што се здоби со финасиски грант. Средствата од грантот беа строго наменски и поврзани со проектот. Така што во сите тоалети и спортската сала беа променети старите славини со нови „временски“ славини кои сами се исклучуваат по одредено време. Со оваа активност планирано е за 20-30% проценти да се намали потрошувачката на вода во однос на минатото.{loadposition content9}
„Алтанин мост“ ќе добие ново лице
Post Views: 175 Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води на реките низ територијата на општина Охрид, има оштетувања. Градоначалникот Никола Бакрачески по извршените консултации со стручните служби од општината , издаде наредба за санација на мостот веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови.Причината за позначителните оштетувања на Алтанин мост,стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на река Сатеска и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот.Надлежните лица...
Продолжува борбата на активистите од „Анималија“
Post Views: 163 Со подршка од лоакалната, се планира конечно ставање во функција на објектот за згрижување на бездомните животни од градов со што ќе биде решен овој долгогодишен проблем.Повеќе гледајте во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.{loadposition content9}