Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Населбата „Св.Стефан“ утре претпладне без вода

Post Views: 162 Од МЈП „Проаква“, РЕ Водовод информираат дека утре во периодот од 8-13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од Свети Стефан, од „Орце Николов“ до хотелот „Гранит“.Од „Проаква“ објаснуваат дека причина за прекинот е пообемна интервенција на водоводната линија. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Охрид

Post Views: 302 Утре, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство со почеток во 12.30 часот ќе бидат промовирани рачно изработениот накит од бисер и филигран, спакована традиционална храна и рачно изработен бакар во рамки на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“.Исто така ќе се изврши и промоција на електронската брошура. Инаку проектот од општина Охрид ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето во Општина Охрид”, е финансиран од Министерство за култура во областа на креативните индустрии. {loadposition...

Продолжи со читање

Сашо Васиелски избран за претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни потреби

Post Views: 194 Сашо Василевски, пратеникот во Парламентот на РМ од Охрид вчера е избран за претседавач  на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни потреби, која беше формирана вчера во Собранието на Република Македонија.Охридскиот пратеник во вчерашното обраќање посочи дека негова примарна заложба ќе биде   унапредувањето на условите на лицата со посебни потреби појаснувајќи дека со новиот Закон ќе бидат опфатени над 2.000 работодавачи.Василески на вчерашниот состанок на интерпартиската група, потенцираше дека моментално има околу 2.059 работодавачи кои...

Продолжи со читање

Туристичката понуда на Охрид во реномирани туристички списанија

Post Views: 190 Kако резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот  “Travel trade Gazette” како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација.  “ Travel Trade Gazette“ е едно од најчитаното списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел...

Продолжи со читање

Превентивната функција e новиот лик и имиџ на полицијата

Post Views: 162 Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети. Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминало. Ова, меѓудругото го рече началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, на вчерашната работна средба по повод одбележувањето на 9 декември денот на превенцијата и денот на превентивното полициско...

Продолжи со читање

Православните христијани денес го одбележуваат Св.Великомаченик Георгиј

Post Views: 158 Многу семејства Св. Георгиј го имаат како домашен светец и заштитник. Бидејќи празникот се паѓа во Божиќните пости, Св. Георгиј е посна слава.На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во позадина се гледа женски лик. Тое е царицата Александра. Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески на сите православни верници им го честита празникот Св.Климент Охридски

Post Views: 156 По повод големиот празник посветен на закрилникот на Македонскиот народ и патрон на МПЦ ОА и градот Охрид, градоначалникот на Охрид, г.Никола Бакрачески до сите православни верници упати честитка во која се вели:„Почитувани сограѓани, овој голем ден за Охрид и целиот Македонски народ, не потсетува на благодетта која овој голем светец и просветител ни ја оставил , како потврда за нашето непресушно универзално дело од кое се напојувале и многу други народи надвор од Македонија. Духот на Свети Климент и денес бдее над Охрид и ни го осветлува патот кон иднината. Големото,...

Продолжи со читање

Отворена недела на едукација за компјутерската наука на УИНТ „Св. Апостол Павле”

Post Views: 157 На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември  во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи ,,Отворена недела на едукација за компјутерската наука”.Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот ,,Св. Апостол Павле” ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема ,,Основи на компјутерско програмирање”. Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.Отворената недела  се одржува...

Продолжи со читање

Денес е Св.Климент Охридски Чудотворец

Post Views: 193 Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и...

Продолжи со читање

Густа магла на планинскот превој Стража

Post Views: 184 Авто- мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Стража има појава на магла и дека видливоста е до 100 метри. Магла има и на патниот правец кон Крушево каде видливоста е до 50 метри, додека на патните правци кои водат кон Маврово видливоста е до 40 м.Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.{loadposition content9}

Продолжи со читање

За крајот на овој месец свикано годишно собрание на акционерите од АД „ЕМО“ Охрид

Post Views: 148 Годишното собрание треба се одржи на 26-ти декември 2014 година во деловните простории на фабриката во Охрид, а ќе се разгледува и усвојува годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај на „ЕМО“ за 2013 година.На ова собрание на акционерите ќе се разгледаат и усвојат ревидираните извештаи за 2013 година напревени од страна на официјална ревизорска куќа, а треба и да се доне одлука за користење и распределба на средства искажани по годишниот извештај. Акционерите исто така ќе расправаат и за донесување на одлука за избор на овластен ревизор за ревизија...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во Видобишта

Post Views: 204 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат....

Продолжи со читање