Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Законската обврска кон архивите, без финансиски трошоци за фирмите и со дополнителни советувања

Post Views: 168 Сите фирми кои во своето работење создаваат документација, според Законот за архивски материјали, мораа до крајот на минатиот месец до одделението на Државниот архив во Охрид, да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали. Законската обврска на фирмите до крајот на месец ноември до подрачните одделенија на државниот архив да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали, крена многу врева во јавноста. Се поставија многу прашања, од тоа зошто се чекале последните денови,  дали треба документацијата која...

Продолжи со читање

Универзитетот Свети Апостол Павле се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“

Post Views: 155 Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ја поддржа и активно се вклучи во акцијата за пошумување, во рамките на иницијативата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.Веќе традиционално, интернационалните и домашните студенти наставно научниот и административниот кадар на Универзитетот, засадија зимзелени дрвца во дворот на Универзитетот.  „Со задоволство ги засадивме овие дрвца, Денот на дрвото преставува одлична прилика да инвестираме во нашата иднина и да испратиме порака дека мора да постои рамнотежа помеѓу развојот на...

Продолжи со читање

ромоција на книгата „Фениксов Допир” на Даниела Илијоска

Post Views: 157 Во сабота 6-ти Декември 2014 г.12.00 часот, во изложбениот салон на = НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид ќе се случи  промоција на книгата „Фениксов Допир”од авторот Даниела Илијоска.Даниела Илијоска е родена во Охрид, 1979 година, по вокација е книжевник, а се занимава со аранжирање и сликарство. Има самостојна изложба на уметнички дела во Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид. Книгата “Фениксов Допир” е нејзина прва поетска книга.{loadposition content9}

Продолжи со читање

ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид го одбележа – Меѓународниот ден на лица со инвалидност

Post Views: 198 Учениците од посебните паралелки, нивните другарчиња од редовните паралелки, наставниците- дефектолози, наставниците од одделенска и предметна настава и стручните соработници беа учесници во работилницата на која заеднички изработуваа накит. Изработките ќе бидат презентирани на продажната изложба што ќе се организира во чест на Патрониот празник на ова училиште на 04. 12. 2014 во 18,00 часот во НУ Дом на култура ,,Григор Прличев” Охрид, пред отпочнување на свечената приредба. Во ова училиште од 1968 година се реализира настава за лица со пречки во развојот, односно...

Продолжи со читање

ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси

Post Views: 148 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република. Лицата кои се заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до утре, во административните простории на ова јавно препријатие.Исто така ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на земјоделски производи, бижутерија, текстил од 1-ви јануари 2015 година, а сите заинтересираните правни и физички лица треба да поднесат барање за закуп најдоцна до 20-ти декември 2014 година. Правните лица потребно е да достават Решение...

Продолжи со читање

Дневниот центар „Зраци“ ќе оди под општинска капа

Post Views: 197 Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој една година беа финансирани вработените во центарот, неизвесна беше и судбината на функционирањето на самата установа. Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост, неизвесна беше судбината на оваа важна установа во нашиов град како и судбината на двете ангажирани лица во неа. Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој се плаќаа надоместоците за вработените, се поставува прашањето кој сега ќе се грижи за оваа установа? Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид истакна дека  и градоначалникот...

Продолжи со читање

Одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост, во дневниот центар „Зраци“

Post Views: 256 Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост. Сместен во призмените простории на О.У „Братство-единство“ и обезбедува подршка на лицата на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостојно живеење, работно окупациони програми, образовни програми и социјални активности  за лицата со интелектуална попреченост.Утре  на Светскиот ден на лицата со попреченост,во просториите...

Продолжи со читање

Кривична пријава за напаѓачот во „НОА“

Post Views: 163 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда во обид“ Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(36) од Охрид. На 23-ти минатиот месец, пријавениот со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и левата надколеница му нанел телесни повреди на Б.Р. од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот кога во угостителскиот објект „Ноа“ пристигнал Б.Р. во друштво со неговиот брат и уште неколку пријатели. Забележувајќи го неговото доаѓање, пријавениот И.Р. кој се наоѓал во објектот, веднаш пристапил до...

Продолжи со читање

Основците од „Св.Климент“ ќе организираат продажна изложба

Post Views: 167 ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се...

Продолжи со читање

Ќе се урива ли „Мостот на желбите?“

Post Views: 247 Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино.Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари.Во рамки на делот за видот на договорот за јавна набавка пишува дека се работи за категоријата: Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани...

Продолжи со читање

Рокот за субвенционирање комунални услуги завршува во петок

Post Views: 178 Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно...

Продолжи со читање

Недела за борба против сидата во Охрид

Post Views: 177 Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности:01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни...

Продолжи со читање