Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Post Views: 158 Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година.Според планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година.Исто така денес истекува...

Продолжи со читање

Танцувајќи младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата

Post Views: 161 Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија,  Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија,  младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.  Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти...

Продолжи со читање

Решение или импровизација?

Post Views: 155 Проблемот со опасните отворени шахти низ градов, никако да биде решен. Пред два месеци, ТВМ информираше за постоење на вакви незаштитени шахти на неколку локации низ нашиов град. Денес, сликата воопшто не е променета. Така, отворената шахта на улицата „Марко Цепенков“ за која жителите на оваа улицат дека 5 години е незаштитена, а за која тие  уредно си реагирале до Фондот за комунален развој патишта и сообраќај сеуште е отворена и необележана. Од локалната тогаш со објаснување дека тука неколку пати интервенирале, но дека капаците биле украдени од несовесни граѓани....

Продолжи со читање

Утре во МТСП ќе се расправа за локацијата за изградба на марина во Охрид

Post Views: 170 Ќе се знае ли утре конечно локацијата на која треба да биде изградена долгоочекуваната, но и долгонајвувана и во секоја предизборна кампања користена марина? Градончаланикот на Општина Охрид, Никола Бакрачески на денешеното 28-мо издание на седницата на Советот на одговор на пратеничко прашање, го најави утрешниот состанок во Mинистерството за транспорт и врски, на кој тој, заедно со претставници од Охридската Капетанија и Министерството за одбрана, лично ќе присуствува. Бакрачески од говорницата кажа дека можноста за изнаоѓање извори за финансирање на марината ја...

Продолжи со читање

Свикана седница на Совет на Општина Охрид

Post Views: 169 Денес во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општината.Советниците ќе расправаат само по една точка на дневниот ред, а тоа се советничките прашања.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Две солзи“ спогодбено иселено од Градските гробишта

Post Views: 219 Приватното погребно претпријатие  „Две солзи’’кое до денес користеше простории во објектите на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“, претпладнево се исели од просториите.Претходно ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ и „Две солзи’’ потпишаа меѓусебна Судска спогодба со која прекина судскиот спор кој ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ го покрена против ова претпријатие , и истото се исели од просториите, извршено е примопредавање на просториите , потпишан е адекватен записник променети се бравите на просториите.Согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ќе мора да му ја измири...

Продолжи со читање

Во Охрид денес одбележан Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 166 Во чест на овој светски празник, Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото.Животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово. Денес во пресрет на Меѓународниот ден на мирот Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото. Гоце Ѓоргиески – Претседател на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ истакна дека  правото на мир е од огромна важност особено во...

Продолжи со читање

Во сабота ќе се подига кабаст отпад во У.З. „Биљанини извори“

Post Views: 165 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8,,Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено...

Продолжи со читање

Огромен е процентот на деформитетите на рбетот и стоплата кај децата во Македонија

Post Views: 182 Од година во година расте бројот на деца кои страдаат од најразлични видови деформитети како на рбетниот столб така и на стопалата. Бројките се алармантни, во Македонија речиси и да нема дете без деформитет на стапалата. Деформитетите на стапалата можат да бидат најразлични, од рамни стапала па се до вродени деформитети, додека деформитетитите на рбетот  кај децатата обично се јавуваат во форма на сколиоза и кифоза.  Кога станува збор за деформитетите на рбетниот столб кај децата, физијатрите го демантираат популарното мислење, дека причина се претешките училишни чанти....

Продолжи со читање

Со мировен марш ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 161 На ден 19.09.2014(петок) Локалната самоуправа и Општинската организација  на сојзуот на борци  ќе го  одбележат  21-ви Септември  “Меѓународниот ден на мирот”.Учесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на “Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и  потпретседателот на Сојузот...

Продолжи со читање

Медиумската заедница во чест на своите колеги

Post Views: 164 Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи од охридската медиумска заедница. Така во спомен на колегите Петар Алексоски од ТвМ,  Влатко Пантовски и Наумче Аврамовски, но и на Јован Слатинец – Дџ Мравка, чии животи исто така завршија прерано, охридските новинари и вработените во локалните Тв и Радио куќи, и интернет портали ќе играат ревијален – медиумски фудбалски натпревар.Двете екипи кои ќе играат фудбал ќе бидат составени од новинари и вработени во редакциите на охридските медиуми. Целта на истиот е преку спорт и дружење да се потсетат на колегите...

Продолжи со читање

Сложен е процесот на спроведување на полициската обука

Post Views: 178 Центарот за обука во рамките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е носител на основната обука за полицаец заснована на програма што ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво. Тука, процесот на селекција на полициски службеници е доста сложен,  истакна Гоце Бачанов  началник на Центарот за обука при Биро за јавна безбедност на МВР.„Откако ќе заврши процесот на селекцијата, сите селектирани кандидати за полицајци потпишуваат договор за обука.Тоа не значи дека тие се полицајци туку во периодот додека трае обуката...

Продолжи со читање