Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Post Views: 160 Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“...

Продолжи со читање

Одбележана 111 годишнината од битката кај Рашанец

Post Views: 211 Неодамна од страна на Советот на месната заедница Куратица , МПЗ Тодор Александров, Христо Узунов како и на најмлади жители на с.Куратица се одржа традиционалниот марш по повод 111 годишнината од битката кај Рашанец, или познато меѓу народот втор Мечкин Камен.Во текот на маршот кај месноста „Клинчи Гумења„ учесниците се запознаа со текот и местото на битката кај Рашанец (Грмешница),каде загинале 117 те востаници. На гробот на војводата Аргир Маринчев беа положени венец и букет од учесниците, а беше одржан и краток говор за војводата и неговите востаници.Во иднина е...

Продолжи со читање

Обид за убиство врз чувар од ЈП „Проаква“

Post Views: 168 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против Ј.Н. (29) од Охрид поднесе кривична пријава.Пријавениот, на четиринаесетти овој месец, без никаков повод и причина физички го нападнал З.П. вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, пријавениот Ј.Н. извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја.Настанот се случил околу 12 часот и 15 минути пред чуварската барака...

Продолжи со читање

Започна новата академска година

Post Views: 159   Со интонирањето на македонската химна денес во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Можностите кои овие факултети им ги нудат на идните студенти, ги прават, очигледен избор.„Денес ова се бара информатиката, универзитетот е на англиски јазик и има многу отворени работни места за оваа струка. Ќе видиме универзитертот е на англиски јазик, нуди многу можности, ако успеам ќе останам тука, ако не здравје“, велат идните студенти на УИНТ.„Избрав да студирам на факултетот...

Продолжи со читање

Одговорите на прашањата за имунизацијата да се бараат од докторите, а не на интернет

Post Views: 200 Антивакциналното движење кое кај нас стана актуелно последиве неколку години не е ништо ново. Ако истото во САД беше актуелно пред 15 години, во Европа пред 10 година последниве две години крена голема прашина и кај нас па дури стигна и пред Уставниот суд на РМ . Медиумите, социјалните мрежи и најразличните дискусии на форумите придонесоа за актуелноста. Родителите благо речено збунети. Бомбардирани со дијаметрално спортивни  информации. Од оние кои се категорично против имунизацијата до информации кои ја објаснуваат и поддржуваат имунизацијата.  Младите родители,...

Продолжи со читање

Нови термини за подигање на комуналниот отпад

Post Views: 175 Три термини за три различни реони за подигање на комуналниот отпад во градов. Поради  проблемот од недостиг на возила за подигање на сметот, кој најмногу доаѓа до израз за време на туристичката сезона, ЈП  „Охридски Комуналец“ веќе неколку месеци прво пробно а сега и официјално отпадот од Охрид ќе го подига од понеделник до сабота за три различни реони. Постојат три термини за подигање на смет и тоа во првиот реон сметот ќе се подига во понеделник и четврток, во вторник и петок во  втор реон  и во среда и сабота во третиот реон. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски...

Продолжи со читање

Денес се празнува денот на отсекување на главата на Св.Јован крстител

Post Views: 288 На денешен ден Светата православна Црква го празнува денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител. Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св. Јован Претеча живеел во исто време кога и Исус и тој всушност го најавува неговото доаѓање. Јован уште пред Исус ги крштевал луѓето во реката Јордан и притоа им велел „Јас ве крштевам со вода, но ќе дојде друг кој ќе ве крсти со Дух“. Јован го крстил и Самиот Исус во реката Јордан. Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил...

Продолжи со читање

Санкции за вандалите кои ги уништваат новозасадените дрвца

Post Views: 155 Непознати сторители на вандалски начин искршија уште едно новозасадено дрвце на тротоарот на улицата „ Партизанска“ , наспроти хотелот „Палас“. Ваков случај на истата улица имаше и минатата недела, а забележани се и кршења на улични светилки и оштетувања на сообраќајни патокази.Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.Со заедничка кординација на...

Продолжи со читање

Охридските млади музичари дел од „Концертот на 100 млади“

Post Views: 176 Даниел Мојсовски, Александар Грунчевски и Бајрам Рамадановски се музичките таленти од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид, кои беа дел од  европскиот партнерски музички прект, “Концертот 100 млади”, кој неодамна се одржа во Белград. Таму младите охридски музичари  настапија и како солисти и како дел од големиот оркестар. Вложениот труд пред и за време самиот камп им донесе голема сатисфакција на идните големи музичари.„Прво ќе кажам дека овој оркестар содржеше ученици од 10-12 години, а за нас како најмлади таму беше огромно задоволство...

Продолжи со читање

Градскиот стадион затворен, санација на тревните површини

Post Views: 145 ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, сите корисници на градскиот стадион Билјанини Извори дека од денес 09.09.2014 до 27 септември градскиот стадион ќе биде затворен за користење поради редовната ( годишна ) санација и обнова на тревната површина. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите корисници за нивното разбирање и соработка за време на активностите кои ќе се реализираат во наредните денови се со цел да се овозможат уште подобри услови за тренинг и натпревари на сите фудбалски екипи и школи.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Дел од Дебрца денес без струја

Post Views: 176 Денес, 10-ти септември, од 10 до 17 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Брежани, Песочани, Ново Село, Ботун, Белчишта, Злести, Горно Средорече Грко Поле, Велмеј, Лешани, ЕМО-Лешани, амбуланта Белчишта,  општина Дебрца, СЕЦ ЕН-СОЛ, Рудник Набигори, Ино-Спектар, ТВ Антена Дебрца, репетитор Велмеј, репетитор ОНЕ, „Сигурносни појаси“, БП „ОКТА“, „Хебел“, фарма за јајца, информираат од ЕВН Македонија.Оттаму велат дека прекинот е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition...

Продолжи со читање

Вечерва завршува музичката програма на 54-то Охридско лето

Post Views: 173 На кинеската вечер на фестивалот,  насловена како „Музиката  на Шенжен“ ќе се претстави Симфонискиот оркестар на Шенжен. Куриозитет на вечерта ќе биде нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски.Деведесет кинески музичари од симфонискиот оркестар на Шенжен, Народна Република Кина, вечерва ќе ја имаат честа да бидат уметниците кои последни ќе настапат како дел од музичкиот дел на програмата на 54-то „Охридско лето“. Покрај изведбите на „Ода на човештвото“ на кинеските композитори  Ван Нинг, и „Љубители на пеперутки“ на Чен...

Продолжи со читање