Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Крвави солзи – руска мелодрама

Post Views: 25 Понеделник до петок во 21:00, на програмата на ТВМ Телевизија, руската мелодрама Крвави солзи.Уште една серија од редоот на руските мелодрами, на програмата на ТВМ Телевизија, за сите љубители на љубовните приказни, интригите и човечката природа.Колку сме подготвени да жртвуваме за својата среќа, но и за тоа која е границата која сме подготвени да ја преминеме а која го дели доброто од злото.Понеделник до петок во 21:00, на програмата на ТВМ Телевизија, руската мелодрама Крвави солзи.

Продолжи со читање

Четврт Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“

Post Views: 11 По четврти пат, во среда, 29-ти јуни, ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“ организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“.И овој пат со репертоарот ќе ja промовираат домашната и светска хорска традиција. Премиерно ќе изведат современа композиција со фолклорни елементи од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, влашка песна заедно со детскиот мултиетнички хор, турска народна песна и стара андалузиска песна. Премиерна изведба на обработка на композиција од Тоше Проески ќе има и охридскиот саксофонист Горан Папаз со вокална...

Продолжи со читање

Во Дебрца започна откупот на годинешниот род цреша

Post Views: 6 Во новоотворениот откупен центар во село Требеништа, ТД „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ и официјално го започна откупот на годинешниот род на цреша.Откупувачот и производителите се договорија откупната цена да изнесува 80 ден/кг.Со отворањето на првиот откупен центар откупот на овошјето во општина Дебрца се подигнува на поорганизирано ниво.Од Општина Дебрца се надеваат дека и други заинтересирани откупувачи ќе го следат овој пример.Потенцираат дека Општина Дебрца и понатаму во своите локални политики ќе ја поддржува секоја активност во насока на развој...

Продолжи со читање

Детски атлетски камп во Охрид

Post Views: 9 Прво издание на Детскиот атлетски камп во Охрид. Почнувајќи од оваа година АК „Охрид Трчат“, со поддршка на Western Balkans Fund, кофинансирано од ЕУ од 19-26 јуни во Охрид, се одржува Детски атлетски камп за деца од 8 до 16 години.Со особено задоволство поддршката на горенаведените субјекти ни овозможи уште од првата година да имаме деца од атлетски клубови од Тирана, Р. Албанија, Кула, Р. Србија и Скопје, Република Македонија, вели Иван Цветковски од А.К. „Охрид Трчат“.„Меѓутоа треба внимателно да се види каков концепт сакаме да развиваме. Се надевам...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на улицата „Гоце Делчев”

Post Views: 6 Прекин во водоснабдувањето кај корисниците на улицата „Гоце Делчев” информираат од ЈП Водовод Охрид.„Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 08:30 часот ќе има неколку часовен прекин во водоснабдувањето на улицата „Гоце Делчев”, на потегот од „Дрвара” до здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици“, – стои во соопштението од ЈП „Водовод“ од Охрид.

Продолжи со читање

Огромен интерес за Вдиши театар

Post Views: 6 Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ . Публиката беше дел од отворањето на Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по седми пат, се реализира од 22-24 јуни во Охрид.Спектакуларен беше и настапот на театарската група на Црвен крст Охрид која изведе музичко-поетски перформанс „ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ“. Претставата беше во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Нашите млади и талентирани актери, преку...

Продолжи со читање

Познат новиот ростер на ГРК Охрид

Post Views: 9 Со голема помош од Oпштина Oхрид, вљубениците на ракометот од нашиот град кои се дел од новата управа, ќе се обидат да го подигнат нивото на најпопуларната екипа од Охрид. За месец и половина се оформи новиот ростер со млади играчи кои имаат повеќегодишни договори. За стабилноста на екипата говори фактот што за следната година е предвиден уште поголем буџет. Од управата очекуваат добра атмосфера во екипата која има невообичаено голем број на странци поради фактот што со проширувањето на лигата тешко е да се ангажираат македонски ракометари.„Најважно од се е...

Продолжи со читање

Исплата на јунските пензии од наредната недела

Post Views: 8 Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.6.2022 година.Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши...

Продолжи со читање