Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 186 Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка и со поддршка на Совет на Европа, на 8 Јули 2014 година во Охрид организира еднодневна конференција чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјални медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво. Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија која се организира од 5 до 7 Јули 2014...
Летниот режим на сообраќај, може да започне!
Post Views: 166 Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија “Охридски комуналец“ и “Нискоградба“ со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид.Со жардинјери се ограничува просторот на улицата “Кеј Маршал Тито“ којa во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат...
Почнува манифестацијата „Бело лето“
Post Views: 187 Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка.И...
Започна да сообраќа двократниот панорамски автобус
Post Views: 182 Со денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „ЈАсна Ристеска“, објект Централна и официјално оваа летна туристичка сезона во функција е ставен двократниот панорамкси автобус.Ова возило со кое стопанисува ЈП „Биљанини извори“ ќе им стои на располагање на сите заинтересирани групи кои имаат желба убавините на Охрид и Охридското Езеро да ги видат од една поинаква перспектива. Сите заинтересирани корисници може да се обратат во дирекцијата на ЈП „Биљанини извори или на телефонскиот број, 046/231-535 за повеќе информации. Инаку јавното претпријатие минатата година...
Утре ќе биде осветен „Фаќачот на крст“
Post Views: 184 Свеченоста за осветувањето и отворањето на спомен-обележјето посветено на големиот православен христијански празник ,,Богојавление-Водици” – „Фаќач на крст”, ќе се одржи утре, сабота во 10 часот и 30 минути на градското пристаниште во Охрид. Спомен обележјето што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг, автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата...
Обид за убиство во Охрид
Post Views: 363 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле...
Денес е Св.Наум
Post Views: 188 Свети Наум е најблискиот соработник на Свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар).Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи...
За една година асфалтирани повеќе од 30.000 м2 улици во Охрид
Post Views: 198 За период од една година и три месеци, асфалтирани се вкупно 30.400 метри квадратни улици во општина Охрид. И тоа:Асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1.800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше :-Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2, -улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,– целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2, -целосно ревитализирана и асфалтирана е улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на...
Кривична пријава за „изнуда“
Post Views: 177 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(35) и Ц.М.(36), двајцата од с.Лешани, oхридско, за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.Пријавените во јуни 2013 година, со намера да прибават противправна имотна корист од Н.П.(59) од Охрид сопственик на „Вила Свист“ лоцирана во нас.Свети Стефан во Охрид при лични средби, како и на неговиот мобилен телефон му испраќале пораки со сериозни закани со цел истиот да се откаже од намерата да купи простор-крајбрежен дел за плажа од 264 метри квадратни. Наведениот простор пријавените лица претходните години бесправно го уредиле...
Охриѓанецот Филип Филиповиќ со втора награда на „Деновите на македонска фотографија“
Post Views: 174 Деновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година. Поставката брои стотина фотографии, а ќе бидат доделени и серија награди и дипломи за најуспешните трудови и автори, како и специјалната награда ,,Благој Дрнков”.Овогодинешните добитници на наградите се:Прва награда за фотографија – Трајче Атанасовски од ФК Елема,Скопје, за фотографијата – Hard to explain, втора награда за фотографија – Филип Филиповиќ од ФК Кастрон, Охрид, за фотографијата – Aurora и трета награда за фотографија...
Почнува снимањето на „Татко“
Post Views: 174 Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото.„Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...
Издаден флаер со корисни информации за туристите
Post Views: 236 Општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој, издадоа флаер со корисни информации за туристите во врска со нивниот престој во Охрид. Флаерот содржи информации за правата и обврските на туристите како и информации за нивен побезбеден престој. Флаерот е испечатен на два јазика, македонски и англиски.{loadposition content9}