Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Од петок носете зимска опрема во своите возила

Post Views: 6 Законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата почнува од 15 ноември, кога возачите ќе мора задолжително да ја имаат во своите возила.Обврската да се носи опрема ќе биде задолжителна без оглед на временската состојба.Ваквата обврска за сите возачи ќе трае до 15 март 2014 година.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Кошмарот наречен стоматолог

Post Views: 7 Сигурно повеќето од вас имаат страв од машинката на стоматологот, а нејзиното бучење ви создава морници низ вашето тело, меѓутоа она што се случува во мозокот веќе долго време е мистерија.Сега, научниците од Јапонија веруваат дека се блиску до одговорот после скенирањето на човечкиот мозок додека во позадина се слушаат стоматолошките машинки и инструменти.Луѓето кои се преплашени од посетата на стоматолог покажале значајни разлики во нивните мозочни реакции, во споредба со оние кои биле порелаксирани, вели истражувањето кое беше претставено на состанокот на...

Продолжи со читање

Денот на кинеските ергени

Post Views: 5 Кај нас се кука на Фејсбук и се бара утеха во мачки, а во Кина има посебен ден посветен на оние што не можат да најдат љубов. И на тој ден, сите трошат ко луди.Во Кина, Денот на самците се слави на 11-ти ноември (11.11) заради симболиката на четирите единици кои претставуваат „голи гранки“ (инаку кинески сленг за ергени).Традицијата почнува пред 20 години како шега по факултетите, а поводот е признавање на чувствата кон некој. Но од 2010-та година, онлајн продавниците го претвориле празникот во епска шопинг екстраваганца слична на американскиот Сајбер...

Продолжи со читање

Скапотија фати…

Post Views: 7 Додека платите тапкаат во место, не престанува трендот на раст на цените на прехранбените производи. За денар, два, три, десет, цените на речиси сите стоки овој ноември се повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Само кај мал дел на производи се забележува стагнирање или минимално намалување на цените во однос на истиот месец минатата година, пишува Утрински весник.Пилешкиот стек, кој лани во ноември чинеше 355 за килограм, сега чини само 6 денари помалку, но рефус. Свинскиот бут без коска тогаш се продаваше по цена од 335 денари, а сега чини 359 денари...

Продолжи со читање

Најубавото село на светот

Post Views: 5 Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои.Оваа прекрасна традиција започнала пред повеќе од еден век, кога секоја жена од селото започнала да го црта својот дом со цветни мотиви, со кои покривале некои од урнатините на нивните куќи. Бидејќи жените не можеле да цртаат професионално, ниту пак имале професионална опрема, тие ги создавале четките...

Продолжи со читање

Хемиска кастрација за македонските педофили?

Post Views: 11 Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик.Според статистиката затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски...

Продолжи со читање

Сладок е, популарен и не дебелее

Post Views: 5 Станува збор за костенот, високо квалитетно овошје кое е полно со енергија. Искористете ја сезоната и искористете ги неговите витамини и минерали.Костенот е овошје кое содржи ниско ниво на масти, односно еден грам масти и помалку од 70 калории на еден грам. Покрај тоа, ова е единствен зрнест плод кој содржи витамин Ц, па така само 85 грама костени содржи 45% од дневната потреба.Друга интересна карактеристика е тоа што костенот е богат со фолна киселина што е инаку типично за зелениот зеленчук, а не за зрнестите плодови. Приближно 100 грама костени нудат 62 µg фолати...

Продолжи со читање

Проблем за новопечените бугарски државјани

Post Views: 4 Новопечените Бугари во Македонија можат да имаат проблем, бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење на бугарски документи.Со бугарскиот пасош можете веднаш да најдете работа во Европа, ви требаат само 250 евра, плаќањето е на рати, а документот ќе го имате во рака за две години.Но, новопечените Бугари во Македонија можат да имаат проблем, бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење на бугарски документи.Агенцијата каде што Македонците аплицираат за вадење...

Продолжи со читање