Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 185 Една рибарска мрежа во должина од 50 метри и пет парчиња риба-клен пронајде и одзеде синоќа патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Рибарската мрежа со димензии на окца од 45 х 45 мм. како и уловот, се пронајдени во водите на Охридското езеро кај Универзитетското одморалиште, синоќа околу 21 часот и 45 минути. По извршената контрола над мрежите, константирано е дека истите не се соодветно обележани со жиг од концесионерот „Пастрмка 2012“ и се користат за вршење на казнено дело „Незаконит риболов“.Неодамна, во акциска патролна контрола...
Охридските пожарникари ќе го одбележат нивниот празник
Post Views: 195 Денес се одбележуваат 178 години од формирањето на првиот противпожарен одред во Битола. Овој ден се одбележува и како ден на македонските пожарникари.Од таа 1836 година, па до денес и во индина пожарникарите го ризикуваат својот живот за скопјани да имаат мирен сон знаејќи дека некој ги чува од пожари и елементарни непогоди.И охридските пожарникари и оваа година со своите специјални возила за гаснење пожар традиционално ќе продефилираат низ централните градски улици. А во склоп на одбележувањето на празникот традиционално се бира и најдобриот пожарникар за оваа година.{loadposition...
Музичари со кои Охрид треба да се гордее
Post Views: 198 Охриѓанецот Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Надежниот Гавриловски од сите меѓународни натпревари, дури и оние со најтешка конкуренција се враќа со освоено прво место. Во низата успеси и признанија Филип неодамна придодаде уште четири први места. Тој беше најдобар во својата категорија на меѓународниот натпревар што се одржа од 6 до 12 мај во Бјелина, Р. Српска. Од 134 претставници од 12 држави од Европа , Филип ја понесе првата награда за соло настап и специјалната награда за камерна музика. Гавриловски е неприкосновен во својата категорија и...
Почувствуван земјотрес во Охрид
Post Views: 166 Земјотресот од 5 степени според Рихтер кој синоќа ја погоди Албанија, почувствуван и во Охрид.Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, ноќеска во 2.59 часот се случил земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер во Албанија, 43 километри јужно од Тирана, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Охрид.По 3 часот во Албанија, се регистрирани уште неколку земјотреси со помал интензитет, со јачина од 2.6 до 3.5 степени.{loadposition content9}
Се санираат шахтите на Бул.„Железничка“
Post Views: 196 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, започна со санирање на оштетените шахти на бул. Железничка. Со тоа се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот и подобрува патната инфраструктура на оваа значајна сообраќајница.{loadposition content9}
Девет годинки, како Охрид не бери гајле
Post Views: 194 Девет годинки постоење на радио проектот „Охриде не бери гајле“. Проект кој се емитува на фрекфенцијата на „Супер радио“ речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани. Четиричасовната емисија ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски, а дел од тимот се и Тони Џомба и DJ Јане кои несомнено го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија.„Девет години не се мала работа да го трпиш џомбава, шала настрана, и веќе кај луѓето стана навика, најнормално, добра музика, лесен муабет, без многу филозофирање, секојдневие. Дел сме на охридско...
Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска
Post Views: 193 Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“.Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.,,Димитар Влахов,, покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул ,,Партизанска,, во времетраење од 06.00час-12.00час...
Комуналец ќе подига кабаст отпад од У.З.8 „Билјанини извори“
Post Views: 189 Ј.П. „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.8 ЊБилјанини Извори“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено...
Дел од Булеварот „Туристичка“ денес без струја
Post Views: 220 ЕВН Македонија информира дека денес, 16-ти мај, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од булеварот „Туристичка“, односно кула 6 и 8 и кула „Трудебник ТР2“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}
Финансиска поддршка за рурален развој
Post Views: 193 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште,...
Нови корпи за отпад на градскиот кеј
Post Views: 203 Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и пепелник ...
Телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција
Post Views: 167 Со цел подобрување на ефикасноста и одговорноста на општинската администрација, општина Охрид отвори телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција.Граѓаните пријавувањата ќе можат да ги извршат на телефонскиот број 046/262-469, 262-469 или со поднесување анонимна пријава по електронски пат преку веб – страната на општина Охрид со испаќање е-маил на следнава адреса : prijavikorupcija@ohrid.gov.mk{loadposition content9}