Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала кој погоди делови од Авганистан во раните утрински часови на 22 јуни загинале најмалку 255 луѓе, соопштија авганистанските власти.Американскиот геолошки институт јави дека земјотресот бил на околу 46 километри југозападно од градот Хост во југоисточен Авганистан и бил на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван во област населена со околу 119 милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија, објави Европскиот сеизмолошки центар. Според извештаите на сведоците на Твитер, тој бил...
Пијанистот Јаковлев со незаборавен концерт
Post Views: 9 Прекрасно музичко доживување приреди истакнатиот пијанист Алекандар Јаковлев на специјалниот концерт кој се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ како дел од програмата за одбележување на 21-ви јуни – Денот на Охридското Езеро.Пред почетокот на концертот, во името на локалната самоуправа, присутните ги поздрави советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева Силјановска.„Охридското Езеро е нашиот најубав дар од Бога, а нашиот најголем благослов е привилегијата да уживаме во уникатните природни убавини, на кои се воодушевува целиот Свет....
Реновирани апартманите на Мобилност во Охрид
Post Views: 10 Деновиве во присуство на претставници на Центарот за развој на Југозападен плански регион како инвеститор, граѓанското здружение МОБИЛНОСТ како краен корисник, изведувачот на работите и надзорниот орган, е извршен технички прием и официјално предадени се во употреба 10-те реконструирани апартмани на ГО МОБИЛНОСТ во Охрид, во комплексот Охридати. Над 700 членови од Мобилност ќе имаат можност, во текот на летниот период, во Охрид, да ги користат овие апартмани за одмор и рекреација.Реконструкцијата го подигна нивото на енергетската ефикасност на објектите...
Кој ја труе Општина Дебрца?
Post Views: 9 На територијата на општина Дебрца од страна на непознати сторители, со камиони со регистарски таблички на соседни општини се депонира отпад, информира на својот официјален Фејсбук профил, градоначалникот на Општината Зоран Ногачески.Градоначалникот Ногачески викендов излегол на посоченото место, на Пресека, просторот на депонијата за инертен отпад, над тунелите од автопатот во изградба и констатирал дека на највисоката точка од депонијата за инертен отпад депонирано е поголемо количество на организирано собиран комунален отпад околу десетина камиони , а кое...
Денес е празникот Св. Еразмо Охридски
Post Views: 10 Денеска е 2 јуни, денот кој православните верници го слават во чест на Св. Еразмо Охридски. Поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците.Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги...
Половина век современа карикатура
Post Views: 11 Петок, во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена јубилејната изложба ПОЛОВИНА ВЕК СОВРЕМЕНА КАРИКАТУРА од авторот Блаже Докуле.Блаже Докуле роден во 1953 година , дипломирал право во Битола. Црта непрекинато од 1971 година , негови карикатури се појавуваат во голем број публикации, како „ЕКРАН“ , „ОСТЕН“ , „НОВА МАКЕДОНИЈА“ , „БИТОЛСКИ ВЕСНИК“ , „СТУДЕНТСКИ ЗБОР“ , „ВРЕМЕ“ , „ЈЕЖ“ , „ОСМЕХ“ , „НОВОСТИ 8“ , „МАСЕДОНИЈА ЊУС“ , „БЕЗ НАВРЕДА“ , „ТЕА КРСТОЗБОР“ , „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ , „РЕПУБЛИКА“ , „БОРБА“ , „ТРУДБЕНИК “, „КОМУНИСТ “ и многу...
Сметка за струја или весела математика?
Post Views: 6 Презентиран калкулаторот со кој граѓаните ќе може да ја споредат својата потрошувачка на електрична енергија, доколку би постоеле блокови, со постоечката состојба.„Постоење на блок тарифи, исклучиво за време на важење на висока дневна тарифа. Потрошувачката во периоди на важење во ефтина струја нема да велгува во блоковите.Тоа е едната работа, а втората која сакам да ја потенцирам, е дека во наредниов период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, кои единствено можат да одат во насока на зголемување на блоковите, а не на намалување“ подвлече Марко...
Заследи ме
Post Views: 9 Викендов промоција на романот „Заследи ме“ на охридскиот писател Јордан Коцевски.Во неговото најново дело Коцевски зборува за не толку пријатните стапици кои ги крие денешната популарна култура и ужасот за кој знаеме или не знаеме. Ужасот кој сигурно не демне на социјалните мрежи. Идејата за овој роман дошла сосема природно вели Коцевски.„Мојата сопруга е инфлуенсерка, која има повеќе од 20.000 следбеници и често сум со неа кога ги прави содржините и ги знам како функционираат работите. Ја знам нашата хемија која постои и трудот кој се вложува во една...