Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

ЈП „Нискоградба“-Охрид врши чистење на канализационата мрежа

Post Views: 179 Екипите од РЕ „Канализација“ при ЈП „Нискоградба“ на терен вршат  чистење на канализационата мрежа на повик на корисниците кои редовно си ги плаќаат обврските према јавното претпријатие. Исто така на  улицата „15-ти Корпус“ се изработува шахта на која корисниците се поврзуваат во системот за одведување отпадни води како и во с. Пештани се поплочуваат улици со бекатон плочки. Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности во с.Велгошти, кај црквата Св.Климент се врши  поплочување со бекатон плочки. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Ротари клубот од Охрид ќе го доопремува детското одделение во Општа Болница Охрид

Post Views: 185 На 03 мај во Хотел Гранит со почеток во 20,30 часот ќе се одржи годишната донаторска вечера на Ротари клуб Охрид. Собраните средства ќе одат директно во фондот кој е наменет за проектот Набавка на медицинска опрема за детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид.Проектот како “Global Grant” на Rotary International се реализира во соработка со група на клубови од Шведска,Италија и Србија наречена “Multi club workshop” и секако Ротари фондацијата  на  Rotary International. Ротари клуб Охрид заедно со  меѓународните партнер клубови донираат околу 20 000 долари, на тој...

Продолжи со читање

Кривична пријава за лице осомничено за опожарување во општина Дебрца

Post Views: 181 СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.С.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“. Имено на 18.03.2014 година пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 м2 дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 м2 сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 м2 млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје.{loadposition...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци ви ја претставуваат „Мачка на вжештен ламаринен покрив“

Post Views: 178 Вечерва со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс.Инаку оваа претстава како проектна активност ја подготвија ученици на охридската гимназија под водството на професорката Ирена Бачиќ.Репризно претставата ќе се игра и утре, 30-ти април исто така во Центарот за култура со почеток 19.30 ч, a цената на влезниците изнесува 60 ден.Во претставата која се подготвуваше два месеца, настапуваат ученици од охридската гимназија, сценографијата е на проф. Кети Слатинец,...

Продолжи со читање

Бавен и неефикасен лек за сообраќајната некултура

Post Views: 172 Несовесните возачи воопшто не се грижат за тоа во каква состојба ќе стигнат на своето одредиште оние кои решиле пеш да прошетаат по дождот. Лекот за сообраќајната некултура кај нас за жал е бавен и неефикасен.-Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично. Полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот...

Продолжи со читање

Дел од ул.„Сирма Војвода“ денес без струја

Post Views: 189 Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 29- ти април од 10 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Сирма Војвода“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Прво издание на фестивалот „ОХРИД ОТВОРЕН“

Post Views: 177 Здружението на интернационални фолклорни фестивали  “ИФФОМ”  во соработка со КУД “Охриѓанка”-Охрид, ги поканува сите вљубеници во фолклорот, да  присуствуваат на  фестивалот “ОХРИД ОТВОРЕН”, кој ќе се оддржи на 02 и 03 Мај, 2014год, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид со почеток во 19ч.Фестивалот  “ОХРИД ОТВОРЕН” се оддржува за прв пат оваа година и има за цел да ја промовира македонската традиција, како и да ја презентира различната интернационална култура, преку шареноликите песни и игри.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Ќе се подига зелен отпад од населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 182 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 26.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од УЗ.„Гоце Делчев“ (Бараки).Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец“благовремено...

Продолжи со читање

Градежни активности на ЈП „Нискоградба“ во село Велгошти

Post Views: 174 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности во с.Велгошти.Активностите се одвиваат кај црквата „Св.Климент“, каде се врши подготовка на патот за поплочување со бекатон плочки. Исто така екипите на јавното претпријатие од Р.Е. канализација на терен вршат проверка на пумпните станици кај Канео, св. Софија и на кај Малиот Плоштад.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Стружанец во притвор поради разбојништво

Post Views: 197 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“,  и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против И.Л. (25) од Струга поднесе кривична пријава.Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.На 23-ти овој месец во 09 часот и 25 минути, сега притворениот И.Л.  со капа фантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот. Потоа тој заканувајќи и се со...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се гради 400 k/w трафостаница

Post Views: 208 Македонија ќе добие досега најсилна интерконективна врска за пренос на електрична енергија со соседна Албанија. Тоа ќе се овозможи преку 400-киловолтниот далновод што МЕПСО и албанскиот преносен систем ќе го градот од Битола до Елбасан. Далноводот ќе тргнува од РЕK „Битола“, а трасата ќе се протега на 100 километри низ седум општини до границата, каде што преку Ќафасан ќе се спои со албанската преносна врска. Инвестицијата ќе чини над 70 милиони евра и ќе обезбеди подобрено снабдување со електрична енергија на овој регион, а рестрикциите и испадите на струјата ќе станат...

Продолжи со читање

Изложба на сликарки од Благоевград

Post Views: 193 По повод возвратната посета на жените од „Искрити“ Благоевград Бугарија, Женски Центар „Бисера“ Охрид организира изложба на слики од жени сликарки од Благоевград.Манифестацијата ке биде збогатена со музички точки и коктел.Изложбата ќе биде поставена на 25.04.2014 Петок со почеток во 19.00 часот во Центар на Култура „Григор Прличев“ Охрид.{loadposition content9}

Продолжи со читање