Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

„Вашиот прилог-значајна помош“

Post Views: 173 Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април 2014 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за  обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која Ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.Апелираме...

Продолжи со читање

Охридските полицајци ќе играат фудбал на Денот на македонската полиција

Post Views: 213 Во пресрет на 7 мај денот на македонската полиција, СВР Охрид организира турнир во мал фудбал. Оваа спортска манифестација е дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид ќе го одбележи денот на полицијата.Фудбалскиот турнир започнува утре во 16 часот во спортско рекреативниот центар „Биљјанини извори“ каде по систем ќе се одигруваат по два натпревара дневно. На фудбалскиот турнир учествуваат вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид. Финалните средби ќе се одиграат на денот на македонската полиција 7 мај.{loadposition content9}

Продолжи со читање

За две години неколку охридски села ќе добијат нови водоводи

Post Views: 172 За две години неколку охридски села треба да добијат нови водоводни системи. Овие инфраструктурни зафати кои се од витално значење за жителите на неколку охридски села се во рамките на „Програмата за изградба на системи за водоснабдување од 2014 до 2016 година“, која ја изготви Општина Охрид.Според програмата предвидено е со средства од општинскиот буџет да се финансира изградбата на нови водоводни линии во селата Велгошти, Горно Лакочерај, Вапила и Лавоишта, додека средства од кредит на Светска Банка да се изврши целосна реконструкција и доизградба на водоводна мрежа...

Продолжи со читање

Отворен ден со матурантите на ФТУ-Охрид

Post Views: 198 Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите. Тие ќе имаат можност да ги посетат просториите на факултетот, да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми кои можат да ги изберат, како и со лабораториите кои ги поседува факултетот и ги користи за едукативни цели. Факултетот има обезбедено промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти, како и дополнителни информации поврзани со студирањето. На отворениот ден матурантите ќе бидат пречекани од раководителите на студиските програми,...

Продолжи со читање

„The Zero Theorem“ на кино репертоарот во Охрид

Post Views: 169 Филмот „Нулта Теорема“ („The Zero Theorem“ ), наредната седмица на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот на  кино репертоарот,ќе се најде на 29-ти и 30 април и на 2-ри и 3-ти мај 2014 година, со почеток во 20 часот.цената на лезниците за филмот е симболични 50 денари.Станува збор за синеастичка визија на британскиот режисер Тери Гилијам или сторија за еден ексцентричен компјутерски гениј, кој живее во корпоративниот свет на Џорџ Орвел и се обидува да ја најде смислата на животот. Насловот на филмот е, всушност, наслов на една математичка...

Продолжи со читање

Работилница на ФЗОМ за охридските пензионери

Post Views: 160 На 22.04.2014 година,(вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување,како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите...

Продолжи со читање

Коњички трки во охридско Велгошти

Post Views: 152 Во селото Велгошти по традиција на најголемиот христијански празник – Велигден  се одржуваат  две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со јаже меѓу  мештаните  од горното и долното селски мало.Илија Крлески беше победникот во коњичките трки, при што на тројцата најдобро пласирани натпреварувачи градоначалникот Бакрачески им  ги врачи пехарите и симболичните парични награди.Во влечењето со јаже поголема среќа имаа натпреварувачите од горното мало кои како победници на трката  беа наградени со живо јагне и буренце со вино.Со намера овие две традиционални...

Продолжи со читање

Зафат за подобро функционирање на Дневниот центар „Зраци“

Post Views: 180 Во Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“   своето време го минуваат околу дваесетина деца и млади со интелектуална порпреченост од градов. Центарот се наоѓа во подрумските простории на основното училиште „Братство – Единство“ и веќе извесен период и штитениците и вработените од центарот се соочуваат еден инфраструктурен проблем поврзан со нормалното одвивање на нивните секојдневни активности. „Иако центарот располага со функицонална кујна, сепак подолг временски период стои потребата да биде инсталирана пумпа која ќе ги спроведува ...

Продолжи со читање

Зекир Ајруш ќе ја претставува Македонија на GENIUS олимпијадата во САД

Post Views: 187 Охриѓанецот Зекир Ајруш ќе учествува на интернационалната средношколска натпреварувачка олимпијада за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2014 ) project olympiad, која ова лето ќе се одржи во САД.Зекир , кој е ученик во „Јахја Кемал“ колеџот во Струга, ќе се претстави со фотографија на која работел околу два месеци, а која се занимава со еколошките проблеми. Неговата фотографија го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е пртставено...

Продолжи со читање

Утре Комуналец ќе подига зелен отпад во нас.„Биљанини извори“

Post Views: 339 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ.8 „Билјанини Извори“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”...

Продолжи со читање

Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид

Post Views: 291 ЈП „Билјанини извори“ -Охрид по повог големиот христијански празник Велигден донесе одлука, на 20- ти април, недела, користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници.Од јавното претпријатие објаснуваат дека ваквата нивна одлука е обид  ова јавно претпријатие да се вклучи во чествувањето на големиот христијански празник и се надеваат дека ќе биде поздравена и од гостите и од охриѓани.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Се средуваат градските гробишта во Охрид

Post Views: 193 Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“,  ги привршува активностите за средување на гробиштата.Деновиве беа зголемени активности на претпријатието кои опфаќаат одржување на јавната чистота, метење на улиците и патеките низ гробиштата, партерно и хортикултурно доуредување на одделни делови, метење и собирање отпад околу секое гробно место.Извршено е комплетно прскање со хербицид на оние места каде не се предвидени зелени површини. Засадени се 2 000 садници сезонско цвеќе, 300 садници зимзелени...

Продолжи со читање