Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Најопасната „дрога“ на сите времиња – шеќерот

Post Views: 8 Безалкохолните пијалоци треба да ја имаат истата порака за предупредување што ја има и на цигарите – дека шеќерот е високо зависен и опасен, предупредува официјално лице од Холандското здравство.Пол ван дер Велпен, шефот на здравствените услуги во Амстредам, град во кој е легализирана продажбата на марихуаната, вели дека шеќерот мора строго да се регулира.„Исто како алкохолот и тутунот, и шеќерот е дрога. Употребата на шеќерот мора да се намали, а корисниците мораат да бидат свесни за опасностите“, пишува тој на официјалната веб страна на здравството.„Ова...

Продолжи со читање

Започна судењето на Паско Кузман

Post Views: 5 Денеска во скопскиот Кривичен суд започна судскиот процес против сега поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево. Според обвинителниот акт, Кузман спротивно на своите надлежности ги издал согласностите за ископувања, а едното го добило лице кое било обвинето за нелегално ископување во рамките на акцијата “Фаланга”. Првиот локалитет бил кај местото Драмски...

Продолжи со читање

„Весели“ гробишта

Post Views: 10 Гробиштата обично не се шарени, но ова е исклучок. Овие гробишта се наоѓаат во селото Сапинца во Романија, близу до границата со Унгарија. Тие дури имаат сопствен назив – среќни гробишта.Епитафите не се исти како кај останатите гробишта, туку се кратки и забавни приказни за животот. На пример, на еден пишува: „Најмногу сакав да седам во бар со нечија жена“.Историјата на необичните гробишта започнува во триесеттите години од изминатиот век, кога едно 14-годишно момче наречено Џон Петриш Стан започнало да создава крстови за локалните гробишта. Тој сакал да ги...

Продолжи со читање

Венизелос дециден, Атина сака географска одредница и „erga omnes“

Post Views: 10 Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос потврди дека барањата на Атина се географска одреница и севкупна употреба на можното име, потврдувајќи ги изјавите на Нимиц дека следната рунда од разговорите за името ќе биде во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН.Говорејќи пред грчката парламентарна комисија за национална одбрана, Венизелос изјавил дека она што во моментов е важно е процесот на преговори да продолжи, додавајќи дека „грчката позиција ужива широк национален консензус и дека Атина сака сложено име со географска одредница што се однесува на...

Продолжи со читање

Осаменоста е смртоносна

Post Views: 6 Хроничната осаменост може да не втурнува кон поголема изолација, предизвикувајќи сериозни здравствени проблеми, се вели во една нова студија.Џон Кациопо, неуролог на Универзитетот во Чикаго, го претстави своето најново истражување од областа на социјалната психологија и тврди дека постои директна биолошка врска меѓу осаменоста и здравјето на луѓето.„Дури и пчелите кои се изолирани имаат полошо здравје и порано умираат од другите, што покажува дека меѓусебната поврзаност е особено важна за здравјето“ вели Кациопо.Кациопо, кој со години ги проучува биолошките ефекти...

Продолжи со читање

Интернет игрите на среќа наскоро и во Македонија

Post Views: 6 Македонија до година ќе добие електронски и интернет-игри на среќа, објавува весникот Дневник.Според Дневник, Државната лотарија на Македонија распишала јавен повик за склучување договор со искусна компанија со која ќе формираат заеднчка фирма за приредување електронски и интернет игри на среќа.Идниот партнер ќе треба во новата фирма да вложи 6 милиони евра. Од нив, 4,7 ќе се инвестираат во опрема и софтвер, 300.000 евра во хардверска и софтверска поддршка и еден милион евра ќе бидат паричен влог за покривање на финансиските трошоци за оперативно функционирање на...

Продолжи со читање

Pink е жена на годината спoред „Billboard Magazine“

Post Views: 8 Billboard, списанието посветено на музиката и музичката индустрија, ја прогласи Пинк за Жена на годината.Славната пејачка ќе ја прими наградата на настанот „Жените во музиката“ кој ќе се одржи на 10 декември во Њујорк.Со оглед на тоа што Пинк годинава достигна до врвот на музичката листа Hot 100 со песната „Just Give Me a Reason“, а албумот „The Truth About Love“ веднаш по објавувањето минатата година се искачи на врвот на Billboard 200, уредниците не се двоумеле при изборот. „Бев апсолутно шокирана и изненадена кога слушнав дека Billboard ме прогласиле за Жена на...

Продолжи со читање

4G технологијата наскоро во Македонија

Post Views: 7 Подолго време се очкеува на пазарот во Македонија да започне првиот оператор кој ќе обезбеди 4G, но досега неколку тендери поминаа без интерес. Сега директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски најави дека за неколку дена ќе биде познато дали ќе има влез на оператор со 4G услуги.Од понеделник ќе се отвори ново наддавања на кое ќе учествуваат сите три мобилни оператори во Македонија кои ќе добијат дозвола за 4G мобилна мрежа. Доколку се оди според планираното оваа технологија ќе започне да се користи од почетокот на 2014-та година.Тоа го...

Продолжи со читање