Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Успешен старт на екодромците од Охрид

Post Views: 180 Отварањето на сезона 2014 во Планински Велосипедизам, се одржа во Скопје во дисциплината Ридско Искачување, која се одвиваше по падините на Водно по единечна патека низ густата шума од црквата Св.Јован вo Kaпиштец до Средно Водно под жичарата на патот што ве води до с.Нерези односно Манастирскиот Комплекс.   Патеката во должина од 2,5 км е во целост стрмна нагорнина по тесна единечна патека. За разлика од другите натпревари ова ридско искачување се карактеризира со поединечен старт на секој велосипедист со разлика од 1 минута. Слично како Хронометарот кај друмскиот...

Продолжи со читање

Денес е Велики Понеделник

Post Views: 244 Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот),...

Продолжи со читање

Тешка кражба во Охрид

Post Views: 193 Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Тешка кражба“, СВР Охрид против Р.Ф. (21) и Д.Т. (17) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавените, во периодот од 25-ти март до 4-ти април оваа година извршиле серија тешки кражби насилно отворајќи автомат-кафемати на неколку локации во Охрид. Користејќи метален мајсторски подесен алат како и физичка сила, пријавените го кинеле држачот од катинарите, ги оштетувале бравите и ги отварале автомат-кафематите од каде ги одземале парите.На тој начин, двајцата пријавени од кафематите кај Студенчишта,...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во центарот на Охрид

Post Views: 200 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)од реонот опфатен со границите на улиците:  Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353...

Продолжи со читање

Продолжува украсувањето на охридскиот градски кеј

Post Views: 253 Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни  острови. Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.Исто така, на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони  од  палмите кои беа засадени со минатогодишната...

Продолжи со читање

„Курт станува зол“

Post Views: 171 На кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува анимираниот филм,”Kurt Turns Evil”.Кино проекции ќе има во деновите 9-ти (среда) и 10-ти (четврток) АПРИЛ 2014 година, со почеток 19.00 часот, а цената на влезницата изнесува 50 денариКурт е паметен човек и е неверојатно добар возач на камион, но не секој го гледа Курт каков што тој навистина е. Еден ден, некој му кажува на Курт дека лекарите се поважни од возачите на камиони. Од тој момент самодовербата на Курт е длабоко повредена . Заедно со неговиот син Бад, Курт прави се за...

Продолжи со читање

Проектите за заштита на Охридското Езеро мора да прераснат во процеси

Post Views: 171 Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро, денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка. Пановски во својата презентација потсети на почетоците на институционалната заштита но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори. Потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството но и управувањето на нивото на езерото кое е врзано со...

Продолжи со читање

Средби со даночните обврзници од југозападниот регион

Post Views: 174 На барање на фирмите и граѓаните, во текот на денешниот ден Директорот на УЈП ќе ги посети Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола и Демир Хисар. На средбите, посебен акцент ќе се даде на прашањата кои ги поставија бизнисите до Управата – модели на оданочување на мали бизниси, репрограм на даночни долгови, актуелните новини и поволности во даночното работење за фирмите.Присутните ќе можат да се запознаат и со новата услуга на УЈП за електронско издавање на уверенија и потврди.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Прогласени победниците на „Codefest 2014“

Post Views: 172 Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше  непрекинати 32 часа. Codefest се одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“. 130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра...

Продолжи со читање

Со која брзина требаше?

Post Views: 169 Не престанува вандалскиот однос на поединци кон урбаната опрема низ градов. На ред, по се изгледа дојдоа сообраќајните знаци.Веќе неколку дена еден од сообраќајните знаци на улицата „Марко Цепенков“е речиси во целост уништен. Не може да се види брзината која со него е ограничена, освен ако не сте на само 2-3 метри од него. Инаку на оваа охридска улица веќе извесно време по се изгледа некој ужива да ги искажува фрустрациите бидејќи прво страдаа младите садници, кои дури неколку пати беа менувани, за да сега на ред дојдат сообраќајните знаци.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Утре промоција на Фото книгата „Три рефлексии на погледот“од Зоран Вељаноски – Летра

Post Views: 171 Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.Во предговорот на делото, истакнатиот охридски поет Славе Ѓорѓо Димоски , ќе напише:„Овие фото-записи на Зоран Летра далеку се од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање  мигови и физички пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од неколку аспекти: историски расцвет и свет, охридската фасада, магичноста и мистичноста на праисториската вода....

Продолжи со читање

Започнува пребројувањето на пчелините друштва во охридско

Post Views: 172 Ветеринарна станица Прима Вет с. Требеништа, од Охрид  информира дека започна  редовниот пролетен  попис на презимени  пчелини друштва.Сите регистрирани пчелари можат да ја пријават бројната состојба во Ветеринарната станица во Требениста заклучно со 15.04 2014.Поднесувањето на бројната состојба е задолжително, а е  услов и за субвенционирање на пчеларството за 2014 година. {loadposition content9}

Продолжи со читање