Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Најмладите охриѓанчиња утре ќе ја чекаат пролетта

Post Views: 165 На неа ќе учествуваат дечињата на возраст од од 5 – 10 од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Покрај дефилето под пролетни маскипрограмата ќе биде збогатена со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта.На манифестацијата поканети се да се приклучат и деца од основните училишта по настапот на децата од геадинка. Предвидена е и активност „ДА ГО ПРЕГРНЕМЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ чија цел е испраќање на порака дека треба да го чуваме и заштитуваме нашето езеро,Дел од  манифестацијата ќе се одвива во рамките на градинката каде ќе се собира хартија и пластична амбалажа.{loadposition...

Продолжи со читање

Женскиот центар „Бисера“ против семејното насилство

Post Views: 217 Женскиот центар „Бисера“ од нашиов град во соработка со СВР Охрид како и Економското средно училиште, ќе организираат работилница на тема „Превенција од семејно насилство“.Работилницата же се одржи на 24.03.2014-та година во 09 часот во просториите на училиштето, а целна група ќе бидат учениците од ова средно училиште. Предавач на работилницата ќе биде Живорад Савиќ, Раководител на одделот за превенција при СВР Охрид.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Пајакова мрежа“ над улицата „Даме Груев“

Post Views: 167 По се изгледа, почна да се расплетува „пајаковата мрежа“ од кабли, на улицата „Даме Груев“. Веќе неколку дена над тротоарот на дел од ваа улица висат кабли кои се или телефонски или на некој од кабелските оператори. Токму над главите од пешаците висат каблите кои од непозната причина надвиснале над тротоарот, што може да се допрат и со рака. Веќе втор ден како никој од оние кои ги користат бандерите не интервенирал на терен за да ги обезебеди и врати во првобитната состојба. {loadposition content9}

Продолжи со читање

„Комуналец“ го средува стариот дел на Охрид

Post Views: 172 Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведe акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско  до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„. Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м3 отпад . Овие вонредни активности „Комуналец“ ги спроведе по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.{loadposition content9}  

Продолжи со читање

Прво подмирени долгови, а после одобрение за поставување урбана опрема

Post Views: 198 Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија. Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување ...

Продолжи со читање

Охридските земјоделци ќе учат како се произведува органска храна

Post Views: 183 Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, во рамките на своите активности и зацртани проекти, а со цел за запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на органската храна во Република Македонија – организира едукативна работилница на ден 25.03.2014 година (Вторник), во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18,00 часот.Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната и како систем ги зема предвид еколошките, економските...

Продолжи со читање

„Волкот и седумте јариња“ повторно пред охриѓани

Post Views: 206 НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА”.Оваа САБОТА, 29-ти Март 2014 година, почеток 12.00 часот, по цена на влезницата од само 50 денари, наменета за најмладите, НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА” . Преставата  премиерно беше прикажана во месец декември 2013 година и истата прифатена од многубројната...

Продолжи со читање

Улицата „Коста Абраш“ денес затворена за сообраќај

Post Views: 199 Денес во периодот од 8-18 часот охридската улица „Коста Абраш“ ќе биде затворена за сообраќај.Заради изведување градежни активности –реконструкција на дел од ул.Коста Абраш  ќе биде оневозможено движењето на возила во периодот од 8-18 часот, информираат од Јавното Претпријатие „Нискоградба“. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Продолжува уништувањето на игралиштето во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 175 Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, a сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме.За изградба на игралиштето и реквизитите во малиот парк, жителите од  населбата „Гоце Делчев“  чекале 30 години. Но за само една година, овој партерно уреден простор во континуитет се уништува.Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз нив и што се кршат реквизитите. Од Локалната го осудуваат...

Продолжи со читање

Пожар во близина на охридското село Лактиње

Post Views: 212 Избувна пожар во близина на охридското село Лактиње, во Општина Дебрца. Од Противпожарната територијална единица од Охрид не информираа дека станува збор активен пожар, најверојатно предизвикан од палење на стрништа во овој реон.Од противпожарната единица додаваат дека две возила веќе се упатени кон локацијата, а се преземаат сите мерки за негово локализирање. Палењето стрништата се казнува со шест до осум илјади евра за правни и 1,5 до три илјади за физички лица, информираат  од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Розите се враќаат во Охрид

Post Views: 191 Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на  овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“  ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на...

Продолжи со читање

„Сината боја е најтопла“ на кино-репертоарот во Охрид

Post Views: 166 Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“. Оваа романтична приказна се плете околу Адел, девојка која е различна од нејзините врсници. Вниманието почнува да и го привлекува девојка по име Ема. Ема е студент на ликовната уметност, која се спријателува со Адел и оди да живее со неа.И она што следи од тоа пријателство е неверојатна блискост што произлегува од љубовта. Двете девојки почнуваат една страсна љубовна врска, при што Адел е принудена да се крие од своето семејство. Приказната...

Продолжи со читање