Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Наместо на улица, приватните станоиздавачи гостите ќе ги дочекуваат на типизирани штандови

Post Views: 176 Во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид  за 2014- та година според претходно утврдените проблеми во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, со оваа програмска активност се предвидува изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи. На нив, регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и достоинствен начин, со што би се вовел ред како...

Продолжи со читање

Туристичко информативниот центар ќе се дислоцира во центарот на Охрид

Post Views: 173 Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид а, со оглед на нефункционалноста на поставениот туристички информативен центар на претходно предвидената локација на Бул „Туристичка“ на влез на Охрид, се предвидува негова дислокација во централното градско подрачје. Во неговата функција е предвидено и воспоставување на телефонска инфо линија за пријавување на неправилности и проблеми од областа на туризмот во Охрид. Во овој центар туристите ќе добиваат информации за сместување и други корисни информации поврзани со туристичката понуда на градот...

Продолжи со читање

Дел oд Охрид и охридските села денес поторно без струја

Post Views: 237 Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 18-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од центрарот на Охрид како и неколку охридски села и населби.Така во периодот од 06:00 до 08:00 часот, без снабдување со електрична енергија  ќе бидат улиците: „Прилепска“, „Радојца Новичиќ“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“ , „Кочо Рацин“, „Боро Шаин“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“, „Кирил и Методиј“, „Сатеска“, „Железничка“, „Винковача“, „Гоце Делчев“, „Вардар“ , Стив Наумов“ и „Васил Стефоски“, селата Вапила, Ливоишта, Орман, Долно и Горно Лакочереј,...

Продолжи со читање

Уште еден меморандум за соработка за УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 196 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” Охрид потпишаa меморандум за соработка. Целта на меморандумот e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Сонце ќе не грее цела недела

Post Views: 176 Денес во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито, а од вторник температурите ќе почнат позначајно да се зголемуваат. Во понеделник ќе дува умерен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 10 километри на час. Утринските температури се од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневните температури ќе се движат од 13 до 20 Целзиусови степени.Во вторник во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, утринските температури ќе се движат минус 1 до 6, а дневните температури ќе достигнат до 16, односно...

Продолжи со читање

Да му најдеме дом на Еос

Post Views: 184 „ТВМ Телевизија“ се приклучува кон акцијата на „Анималиа“ друштвото за заштита, помош и вдомување на животни, во пронаоѓањето на газда и дом за оваа прекрасна хаска.Со оглед на тоа што поранешниот сопственик на Еос заминал во странство, моментално, за него се грижат од Анималиа. Нели е навистина жално еден ваков убавец да се чува во кафез и да биде без дом? Инаку од Анималија велат дека пробелмите кои Еос ги имаше со губење на крзното поради алергиска реакција на сламата сега се надминати. Еос сега е подготвен за нов сопственик и нов дом пред се.  Иако Еос е расно...

Продолжи со читање

Промоција на книгата „Прогласот“ на Константин Филозоф Св. Кирил

Post Views: 187 Промоцијата на книгата е по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Словачка.Инаку покровител на манифестацијата е претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а  свое обраќање ќе имаат амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа – Милевска.На маргините на промоцијата на книгата, предвидено е да биде отворена и изложбата „1.150...

Продолжи со читање

Успешна крводарителска година за Црвениот крст од Охрид

Post Views: 172 Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање редовни и вонредни крводарителски акции, годината која измина беше успешна со реализирани 1734 дарувања крв односно со надминување на предвидениот план за 2,79%.По повод Денот на крводарителството во РМ 17-ти март, Црвениот крст од Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми иниституции кои помогнале во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвениот Крст во Охрид...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе имплементира најсовремен општински информационен систем

Post Views: 204 Во насока на подобрување на ефикасноста во работењето на општина Охрид, по претходни подготовки, денес започнаа активности за имплементацијата на најсовремен, интегриран општински информационен систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот е информатичко софтверската фирма “Ентер“ од Охрид.Со воведување на овој најсовремен софтверски систем во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и зголемена ...

Продолжи со читање

На ред дојдоа и потпорните ѕидови кај Канео

Post Views: 231 Во рамки на неодамна започнатите активности за средување на населбата Канео и делот што води кон црквата “Св. Јован- Канео” ,Јавното претпријатие “Градски гробишта“  започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови кои се опасност за минувачите а  ќе се подигнат и нови. На овој простор се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери со што ќе се добие уредена патека што води кон црквата посветена на “Св. Јован-Канео”. Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хорти културно ќе се дооплеменува.{loadposition...

Продолжи со читање

Санација на улиците низ охридски „Варош“

Post Views: 173 По средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата,  охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“ започнаа акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот. Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се преуредуваат коцките од калдрмата таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно...

Продолжи со читање

Павел Тасков од УИНТ „Св. Апостол Павле“ најдобар на „Робомак“

Post Views: 459 Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -„Робомак“.„Робомак“е интернационален натпревар по програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле.„Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка и Роботска Рака. Секоја категорија си имаше посебна задача и различна технологија која...

Продолжи со читање