Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Унапредување на соработката помеѓу СВР и НВО од струга и Охрид

Post Views: 143 Утре во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе се потпише договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и унапредување на соработката со Секторот за внатрешни работи Охрид. Целта е проширување на соработката со локалната полиција и изразување заедничка заложба за поддршка на СВР Охрид во справувањето со различните безбедносни проблеми што е во интерес на граѓаните во регионот и манифестација на партнерство во зголемување на степенот на безбедност. Оваа активност е во организиција  на МВР-РМ и мисијата на ОБСЕ во РМ.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Читањето и математиката се забавни“

Post Views: 170 На 14 март 2014 год. со почеток во 10:30 часот, тимот на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ заедно со актерите Јулијана Стефанова и Петар Горко ќе го посетат ОУ „Григор Прличев“ – Охрид како дел од Читачкиот караван на проектот и ќе одржат заедничка активност со најмладите ученици под наслов „Читањето и математиката се забавни“. Читачкиот караван и Читањето и математиката се забавни се дел од активностите кои Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ започна да ги спроведува во одбрани основни училишта со цел да претстави забавен начин на изучување мајчин...

Продолжи со читање

Започна издавањето дозволи за рекреативен риболов

Post Views: 144 Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија  и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“.За риболов без дозвола,  казните се...

Продолжи со читање

Се сеќавате ли?

Post Views: 152 Онa што некогаш ни претставуваше најкористено средство за комуникација,  денес се само стари кутии кои тук таму можеме да ги најдеме на некој заборавен агол од градот. Одамна како сите да ги имаме заборавено јавните телефонски говорници.Сега телефоните ги носиме со себе, напредокот на мобилната телефонија и интернетот направија  да ги заборавиме навиките за користење на овие комуникациски средства или едноставно тие ја надживеаја својата корисност.Сега неможе  да се види како некој телефонира од говорница, бидејќи малку веројатно дека во Охрид има функционална јавна...

Продолжи со читање

„Големата мечка“ го означи стартот на „Месецот на киното“ во Охрид

Post Views: 147 Од вечерва на  кино-репортоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“  ќе се прикажува анимираниот филм „Големата мечка“. Оваа анимирана авантура ќе се прикажува и на 12-ти и на 15-ти март.Почеток на проекциите е во 19.00 часот, а влезот е 50 денари.Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ велат дека овој месец ќе биде месец на киното во Охрид, па така покрај анимираниот „Големата мечка“, на репертоарот во Центарот за култура се и филмовите „Сината боја е најтопла“ и „Убавицата и ѕверот“. Сите три филма гледачите ќе може  да ги проследат по промотивна цена од 50...

Продолжи со читање

Вторник повторно седница на Советот на Општината, ќе се поставуваат советнички прашања

Post Views: 125 Овој вторник 18-ти март, советнички прашања на дневен ред на 21-та седница на Советот на општина Охрид. Седницата започнува во 12 часот.Инаку ова е втор пат откако советот на општината заседава во овој состав, советниците да може да поставуваат прашања, до Градоначалникот Никола Бакрачески и општинската власт.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Пратеникот Александар Николоски работно во Дебрца

Post Views: 128 Во посета на општина Дебарца деновиве престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред еден ипол месец. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба е во одлична динамика и дека имаат изградено една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти.Вредноста...

Продолжи со читање

Дел од “езерските“ села и населби денес без струја

Post Views: 136 Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 12-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку охридски села и населби долж брегот на Охридското Езеро.Имено, во периодот од 09:30 до 16:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе биде еден дел од туристичката населба „Лагадин“,  од 12 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Трпејца, Љубаншта, комплексот „Св. Наум“, воениот камп, и населбата со викенд куќи во Љубаништа .Во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе биде и дел од селото Горно Лакочереј ...

Продолжи со читање

Скршено сферното огледало на ул.„Марко Нестороски“

Post Views: 137 За зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“.Поставувањето на овие огледала  иако даваше позитивни повратни резултати и во голема мера ги намали сообраќајните незгоди на тие точки бидејќи обликот на огледалата придонесува да се зголеми прегледноста при сообраќање на раскрсницата. Во очекување на замена...

Продолжи со читање

Привршува изградбата на мини плоштадот во „Влашка маала“

Post Views: 149 Аголот на пресекот на ул „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ полека го добива својот нов лик. Екипите на ЈП „Градски Гробишта“ , по налог на Фондот за комунален развој активно работат на терен, па така со поставување на 80 м квадратни бекатон плочки, 70 м квадратни бетонски плочки од сопствено производство, 50 м кубни тампон и 100 м ивичњаци, ќе се разубави и ова катче од градот.Жителите од „Влашка маала“ од Охрид,наскоро ќе го добијат убаво среден мини плоштад, со клупи, фонтана, а истиот ќе биде и холтикултурно уреден.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Субвенции за приватните станоиздавачи од мал обем кои редовно ја плаќаат туристичката такса

Post Views: 167 Оваа програмска активност предвидува субвенционирање на регистрирани и категоризирани станоиздавачи од мал обем, кои согласно законските регулативи редовно ги подмируваат обврските за исплата на Туристичка Такса. Субвенционирањето би се реализирало на полугодишна основа, по евидентирање на уплатената туристичка такса од страна на приватниот станоиздавач, а во период од 6 месеци. На овој начин, приватните станоиздавачи би биле охрабрени за редовно и навремено плаќање на туристичката такса, со што се очекува зголемување на уплатата на туристичката такса, како и намалување...

Продолжи со читање

„Охридски комуналец“ го средува зеленилото на ул. „Марко Цепенков“

Post Views: 174 Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира  пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и  видливоста на сообраќајните знаци.Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите...

Продолжи со читање