Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 167 Од ЕВН Македонија, утрово информираат дека денеска, 4-ти март, во периодот од 10 до 15:30 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Галичица“ во Охрид.Од компанијата известуваат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}
Можност за закуп на тезги на Градскиот пазар во Охрид
Post Views: 173 ЈП „Градски Пазар –Охрид“, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации.Сите заинтересирани ќе можат да закупат тезги за продажба на:-земјоделски производи-занаетчиски производи-текстилни производи-бижутеријаЗаiteresiranite подетални информации можат да добијат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ на Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600.{loadposition content9}
Едно малку поинакво одбележување на „8-ми март“
Post Views: 163 Меѓународниот празник на жената 8-ми март, Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат на малку поинаков начин – интелектуален. Наместо да прославуваат по ресторани, тие ќе дебатираат.Темата со која Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат интернационалниот празник 8-ми март е „Жената, книжевник“. На дебатата учество ќе земат Еди Ќела, асистент на Европски колеџ, Никола Кукунеш професор во колеџот Јахја Кемал и Мерсиха Исмајлоска, асистент на Универзитетот Св.апостол...
Превенцијата спасува живот
Post Views: 170 „ПРЕВЕНТИВАТА СПАСУВА ЖИВОТ“ на 5ти март од 18:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид ЈАВНА ТРИБИНА на тема „Превенција на колoректален карцином“ ќе зборува Д-р Димитар Арнаудов. Ракот е епидемија на нашето време или како што многумина го нарекуваат болест на цивилизацијата. Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак и 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во РМ секоја година се откриваат околу 6000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се застрашувачки и алармантни. {loadposition content9}
ОУ „Христо Узунов“ на академија во NASA
Post Views: 189 Основното училиште „ Христо Узунов“ и оваа година, во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама (US Space & Rocket Center) во седиштето на НАСА. Тема на академијата ќе биде „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“.За прв пат училиштето, на академијата беше претставено во 2011 години од страна на актуелниот директор, м- р Тони Симоновски, кога учествуваа 143 држави од целиот свет, а при тоа Симоновски се здоби со сертификат за предавач за положената Академија. {loadposition content9}
Охридските гимназијалци повторно во улога на европарламентарци
Post Views: 183 Учениците од ОСУ,,Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец. Охридските ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ.Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа ,но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции...
Тешка кражба во црква во охридско
Post Views: 221 Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари. Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил...
Второ издание на Codefest, Celebrating Code
Post Views: 191 И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот, предводено од тимот...
„Амазонија“ на кино репертоарот во Охрид
Post Views: 193 НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид на репертоарот ќе го прикажува филмот “АМАЗОНИЈА”.Кино проекции ќе има во деновите 5-ти (среда) и 6-ти (четврток) март 2014 година со почеток во 19.00 часот. Цената на влезниците изнесува 50 денари.“Амазон” е одисеја во најголемата прашума во светот, Амазон дождовни шуми. По несреќата, мајмун Конг, роден и израснат во заробеништво, тој се наоѓа сам и е изгубeен во џунглата на Амазон. Неподготвен, мајмун Конг се чувствува беспомошен. Соочен со овие нови предизвици покриен со густа и бујна...
(ОБНОВЕНО) Христијан Вичороски од ОУ „Дебрца“ трет на регионалниот натпревар по математика-физика
Post Views: 215 Викендов се одржа регионалниот нaтпревар по математика и физика организиран од колеџот „Кемал Јахја„ во Струга. Инаку на овој регионален натпревар за југозападна Македонија ( Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Ресен, Кичево, Пласница и Демирхисар) ,кој по петти пат се одржува во „Јахја кемал“ колеџот, учествуваа преку 200 осмооделенци од основните училишта од овие градови ,Ученикот Христијан Вичороски, од ОУ „Дебрца“ : од село Мешеишта го освои третото место. Негов ментор беше професорот Наум Јованоски Христијан покрај скромната парична...
Вечерна богослужба во црквата „Св. Богородица – Каменско“ за Прочка
Post Views: 299 По повод големиот христијански празник, „Прочка“ на 2-ри март, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи вечерна богослужба, со почеток во 16 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Од 2-ри до 6-ти март пак , во црквата Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба, а со почеток во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски.Од Дебарско- кичевската епархија напоменуваат дека од понеделник до четврток богослужби ќе...
Премиера на филмот на охридскиот режисер Илија Пиперкоски за Охридското востание
Post Views: 181 Во понеделник, на 3-ти март, со почеток во 17:45 часот на МТВ 1 премиерно ќе биде прикажан новиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски за Охридското востание (македонско-албански бунт).Во филмот на Пиперковски , наративна улога ќе има и охридскиот историчар Никола Митровиќ.Македонско-албанскиот бунт односно Охридското востание се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1.200 луѓе од српската војска и домашните предавници кои станале соработници на српските власти и еден месец по...