Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 165 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Продолжи со читање

Долно Коњско денес извесно време без струја

Post Views: 212 Од ЕВН Македонија, информираат дека  денеска, 28-ми февруари, во периодот од 9 до 13 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во селото Долно Коњско.Од компанијата известуваат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Опасни шахти во Охрид

Post Views: 400 На улиците „Марко Цепенков“ и „Јане Сандански“, лоцирани се незаштитени  шахти кои преттавуваат опасност за пешаците.Првата е лоцирана на улицата „Марко Цепенков“ и веќе извесен период е без заштитен капак. Граѓаните реагираат стравувајќи за својата безбедност посебно во вечерните часови. Втората шахта е лоцирана на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“, поточно во близина на „Комерцијална банка“ и е посебно опасна бидејќи иако има заштитен капак, истиот е со неисправен механизам, па така шахтата делува дека е затворена.  Да се надеваме дека надлежните...

Продолжи со читање

ОУ„Григор Прличев“ доби компјутерска база на паодатоци

Post Views: 232 Во ОУ„Григор Прличев“ во рамките на училишната библиотека, се опреми просторија која ќе функционира како база на податоци. Со ова училиштето оди чекор напред во искористување на технологијата се со цел на едно место да се достапни за сите, податоците поврзани со работата на училиштето.  Во тек е внесувањето на целата училишна документација од учебната 2013/2014 година од страна на професорката по информатика, Марина Џ. Танасоска и професорот по македонски јазик, Кире Стојаноски, а воедно  овие податоци се внесуваат на веб-страната на нашето училиште, која е во завршна...

Продолжи со читање

106 години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 195 Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што му ја отсекле главата и ја донеле во неговиот роден град.Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност...

Продолжи со читање

„Вампирска академија“ деновиве на кино репертоарот

Post Views: 171 Деновиве во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид на кино репертоарот ќе се прикажува  филмот „ВАМПИРСКА АКАДЕМИЈА“.Кино проекциите во деновите 27-ми, 28-ми февруари, и 1-ви март 2014 година, ќе бидат со почеток во 20.00 часот, а влезницата ќе чини 100 денари.Режијата на овој тинејџерски хорор филм од американската продукција е на Марк Вотерс.{loadposition content9}

Продолжи со читање

ЈП „Охридски комуналец“ ќе го разеленува Охрид

Post Views: 272 По барање на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески,екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ дефинираа нови 40 локации за парковски решенија кои ќе бидат застапени во сите урбани заедници на општината.Желбата за чиста, здрава и зелена околина сега ќе им биде на дофат на сите граѓани преку оформувањето на овие катчиња во нивните дворови, населби и најблиската околина.Во првата фаза ќе бидат опфатени следните локации: просторот околу Маларична, околу Т.Ц.„Гранит„ на „Булевар Туристичка„ , кај поранешниот т.н.„Мини-маркет„ , пресек „Булевар Туристичка„ и „Даме...

Продолжи со читање

Презентација на охридската туристичка понуда на Саемот за туризам во Белград

Post Views: 190 Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на  Меѓународниот саем за туризам, кој од  денеска до 2- ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа,  учествуваат претставници на голем број  познати охридски  хотелско- угостителски брендови и туристички агенции.На отворањето на годинашниот Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола...

Продолжи со читање

Р.Е. „Расадник“, со идејни проекти за уредување на вашите дворови

Post Views: 273 Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П.”Охридски Комуналец”  располага со голем асортиман саден материјал со кој на граѓаните им овозможува да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Новиот Расадник  за  производство на  декоративни растенија е лоциран во месноста “Блато”, во населбата “Рача” на површина од околу 70.000 м2 од која во моментов за користење се оспособени околу 18.000 м2.Приспособувањето на просторот се врши постепено и во зависност од освојувањето и прилагодувањето на просторот поради...

Продолжи со читање

Четврто место за УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид на „Шангајската листа“

Post Views: 208 УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај.Прворангирана високо образовна институција на листата и оваа година е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, второто место за академските достигнувања во 2011/2012 година го доби Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а трет е „Универзитетот на Југоисточна Европа“ од Тетово. На петтото место се најде битолскиот „Св. Климент Охридски“.Од Министерството за образование информираа дека листата е направена...

Продолжи со читање

Комплексот на Плаошник, мал „град“ кој самостојно ќе функционира

Post Views: 176 „Комплексот на Плаошник, ќе преставува мал „град“ кој самостојно ќе може да функционира“, вели директорката на НУ„Завод и музеј“ Тања Паскали Бунташеска.Паскали објаснува дека овој комплекс ќе биде посебна институција и поседува сопствен паркинг, а комуникацијата со него ќе се одвива преку патот кој моментално служи за дотур на материјали за негова изградба. Покрај Богословскиот факултет,во комплексот ќе се сместени и афилијации на познати светски универзитети, како „Ломоносов“ од Русија, „Јејл“ и „Харвард“ од САД и други, како дел од Центарот за хуманистички науки.Поцеќе...

Продолжи со читање

Работилниците на МСО Охрид, за разрешување на конфликти

Post Views: 394 Младински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид,  Велгошти, Пештани и Лескоец.Целта на овие работилници беше стекнување знаења и вештини за конструктивно разрешување конфликти преку согледување на потребите и интересите на двете страни кои се наоѓаат во конфликт. Учениците, терминот конфликт најчесто го дефинираат како кавга, расправија, спротивставување, војна, а најчести причини за јавување на конфликт се: слаба комункација, недоразбирања,...

Продолжи со читање