Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 10 Првата австралиска банкнота, издадена на 1 мај 1913-та година, се продава за 3.6 милиони долари. Банкнотата е со номинална вредност од 10 шилинзи (околу 1 долар денес.) и била подарок од австралискиот премиер Андреј Фишер за ќерката на британскиот генерал-гувернер на Австралија лорд Денман. 5-годишната Џудит Денман лично го напишала серискиот број – M000001.Во 1914-та година Лордот се враќа со семејството во Англија. Џудит починала таму во 1987-та година, а 12 години подоцна меѓу личните предметите е откриен пликот со вредната банкнота. Тогаш таа е вратена во...
И Македонија го слави Меѓународниот ден на трудот
Post Views: 13 И Македонија денеска го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права, а во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од до 4 мај 1886 година во Чикаго.Главна цел на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората...
Фуристичко село во Кина
Post Views: 9 Планината Хуаншан или Жолтата планина во Источна Кина е свето место за Кинезите уште од времето на династијата Кинг. Според легендата, кога првиот император на Кина Хуанде (Жолтиот император) остарел и решил да се откаже од престолот поради својот помлад наследник, тој тргнал на пат за да открие тајната на бесмртноста. По долго лутање стигнал до планината и восхитен од врвовите кои ги прободувале облаците, решил да остане тука. Според легендата императорот живеел во Хуаншан 120 години.Токму затоа кинеската компанијата „MAD architects“ планира да изгради уникатна...
Од денес алкохолот ќе се продава до 21 часот
Post Views: 7 Според Законот за продажба на алкололни пијалоци на Република Македонија, од 1. мај до 30. септември граѓаните можат да купат алкохол до 21 часот. И понатаму оставнува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетни лица.За угостителските објекти кои ќе го прекршат законот и ќе продаваат алкохол и по 21 часот, ќе следуваат казнени мерки.{loadposition content9}
Постои ли времето?
Post Views: 7 Eден научник покренал расправа во светот на физиката за тоа дали времето е реална појава или само илузија во нашите глави. „Времето е најважното искуство на реалноста која го имаме и не е илузија, туку алудирање на фундаменталната природа на реалноста“, изјавил Ли Смолин, физичар кој во својата книга „Time Reborn“ ја поддржува оваа теорија.Смолин тврди дека времето е субјективно и илузорно, а според теоријата за општ релативитет на Ајнштајн е само една од димензиите во просторот, додека човечката перцепција за неговото „течење“ е само во нашите глави. Според него...
Безбедноста на рударите треба да биде приоритет
Post Views: 6 Од осамостојувањето на Македонија до денес ретки се годините во кои нема барем по една жртва во македонските рудници. Иако во изминативе неколку години постои тренд на подобрување на условите во кои работат рударите, а главно поради воведувањето на новата регулатива за безбедност при работа, сепак експертите укажуваат дека компаниите мора уште повеќе да внимаваат на заштитата на нивните вработени. Јанко Јанчевски, професор на Машинскиот факултет, кој бил ангажиран и како вештак во македонските рудници, вели дека впечаток е дека компаниите не вложуваат доволно во...
„Гугл“ до степен на религија
Post Views: 5 Група од 2.000 луѓе биле анкетирани да ги рангираат организациите во однос на тоа во која имаат најмногу доверба, а религиозните институции добиле само 17% од гласовите. Исто толку добил и Гугл интернет пребарувачот. Во време кога повеќето луѓе одат во шопинг наместо во црква, многу е очекувано дека нивната доверба ќе биде поголема во супермаркетите и големите компании.Добротворните организации добиле 21% од гласовите. Анкетираните воедно требале да одговорат и на неколку прашања во врска со економската криза и растењето на трошоците за живеење. 73% од Британците...
Се сади македонското „жолто злато“
Post Views: 9 Започна садењето тутун во прилепските села Канатларци и Кадино.– Расадот е добар, полека почнува садењето на тутунот во прилепско, а поинтензивно по празниците. Главно, годинава за 20 насто е поголем интересот за оваа индустриска култура, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.За годинава во земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000 повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за...