Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

На кого му пречат младите дрвца на улицата „Марко Цепенков“?

Post Views: 210 Повеќе од една година Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, систематски се уништуваат од страна на вандалите и покрај напорите кои Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги прави за зазеленување на тротоарите од оваа многу прометна улица. Службите на Комуналец, во неколку наврати ги обновуваа искршените садници, но повторно на самиот почеток од годинава, 5-6 стебла беа искршени. Оние садници кои успеаа да ја преживеат претераната „грижа“ на вандалите, беа дополнително фиксирани за потпорни дрвени столбови. Но, по се изгледа и тоа не беше доволно за спас на младите садници.  Само...

Продолжи со читање

Кривична пријава за извршител од Охрид

Post Views: 228 Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник.Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава.   Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите...

Продолжи со читање

УJП заплени дел од билбордите во Охрид?

Post Views: 244 На неколку билборди поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети.Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама. Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“ , но ова претставува дополнителна забуна бидејќи на некои од билбордите се наведени контактите и логата и со стариот и со новиот назив.{loadposition...

Продолжи со читање

Ж.Ц. „Бисера“ со поддршка за иницијативите кои се во интерес на жената и семејството

Post Views: 217 Женски Центар „Бисера“ ја поддржува иницијативата за потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу локалната самоуправа и Општата болница, за доделување паричен надоместок за секое новородено бебе, како стимулација за зголемување на наталитетот во Охрид и Македонија.Од Женскиот Центар „Бисера“ информираат дека во нивната годишна програма се планирани активности за подигање на свеста кај младите за пораст на повеќедетни семејства.Додаваат дека ги поздравуваат сите иницијативи кои се во интерес на жената и семејството, како основна клетка на општеството.{loadposition...

Продолжи со читање

Со средства од Глобалниот еколошки фонд ќе се реконструира основното училиште во Требеништа

Post Views: 218 Здружението на граѓани ПРОАКТИВА од Скопје во соработка со Општина Дебарца во јануари 2014 година започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“.Главната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се:Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општината Дебарца. Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца.Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност...

Продолжи со читање

Депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 201 Формирана мини депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“. На самиот влез на населбата „Гоце Делчев“, во близина на објектот на поранешна „Охридска трговија“ а потоа на „Напредок“, никнува мини депонија.  Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Жителите на населбата реагираат на се поголемите количества смет, кои од ден на ден се акумулираат на овој простор. Само за информација, на само десетина метри од купиштата ѓубре се наоѓа и неодамна изграденото детско игралиште каде играат децата од оваа населба.Причина повеќе за...

Продолжи со читање

Охридскиот стрелец Нина Балабан избрана за амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година

Post Views: 182 Охриѓанката Нина Балабан која е избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година, од страна на Интернационалниот Олимписки комитет.ИОК синоќа ја објави импресивната листа за 100-те инспиративни млади луѓе кои ќе служат како млади амбасадори на Младинските Олимписки игри во Нанџинг-2014 година, на која сосема заслужено се најде и стрелачката Нина Балабан, од С.К. „Охрид“. Инаку Нина на само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што...

Продолжи со читање

Старите навики, некои охриѓани тешко ги менуваат

Post Views: 201 Некои охриѓани сеуште се надеваат дека доколку сметот од своите домови го оставаат на местото каде некогаш беа поставени контејнерите за отпад на булеварот „Туристичка“, истите ќе бидат вратени на старото место.Иако контејнерите за отпад се дислоцирани само на триесетина метри, позади зградата каде некогаш беше сместена дирекцијата на „Скопксо поле“, сепак некои несовесни граѓани повторно го оставиле сметот на старото место.Ј.П. „Охридски комуналец“ пред самиот крај на минатата година, ги повика советите на станбените згради да се состанат и одредат локации за поставување...

Продолжи со читање

Лопата, нож и тегла мед

Post Views: 202 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против 31 годишен охриѓанец поднесе кривична пријава.Пријавениот,  на 19ти овој месец во ресторантот „Св.Наум“ лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, започнал да ги крши прозорците и ресторантски инвентар по што со лопата го нападнал сопственикот на угостителскиот објект. По кратко време со нож од шанкот, упатил закани кон гостите кои веднаш избегале од ресторантот а потоа го нападнал келнерот...

Продолжи со читање

Во месец Мај ќе се знае колку е старо Охридското Езеро

Post Views: 197 До месец мај годинава ќе се знае староста на најголемата водена површина во нашата земја, Охридското Езеро. Тогаш треба да бидат готови резултатите   од реализираниот научен проект за утврдување на староста на езерото, проект кој беше реализиран од март до јуни 2013-та година, објаснува Проф.Д-р Сузана Патчева, директорката на ЈНУ „Хидробиолошки институт“ Охрид. Инаку проектот  беше реализиран од страна на Институтот за геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, Германија, со поддршка на Хидробиолошкиот институт од Охрид и Министерството за образование и наука...

Продолжи со читање

2013-та, година на реализирани проекти за ЈНУ „Хидробиолошки институт“ – Охрид

Post Views: 353 Година на голем број активности, реализација на национални и меѓународни проекти и постигнати значајни резултати за  ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид. Една од активностите кои ја одбележаа работата на овој институт во 2013 та година е  имплементацијата на регионалниот проект за заштита и одржливо искористување на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро, имплементација спорведена во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). Проф.Д-р.Сузана...

Продолжи со читање

Бесплатно лизгање за основците од Охрид

Post Views: 298 Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите. Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“. Ваквата акција на...

Продолжи со читање