Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 190 Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П „Градски Пазар“, Тони Коталески.„Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, вели директорот...
Советникот Томислав Тунтев, со најголем број излагања на седниците на Советот на општината
Post Views: 211 Тунтев, Станкоски и Хајба со најголем број излагања, Точко, Здравеска и Петреска без ниту едно излагање во 2013 година. Записниците од седниците на Советот со пропусти, согласно стандардите за водење на записник од седници на Совет на Локална самоуправа.Со цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на граѓаните за работата на Советот на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, Младински Совет Охрид, во периодот април-декември 2013 година ја спроведе 5тата фаза од проектот “Стандарди за...
Успешна 2013 -та година за студентскиот дом „Никола Карев“
Post Views: 216 Подобар студенстски стандард и задоволување на потребите на студентите, се насоките кои беа следени во реализацијата на зацртаните проекти од страна на раководството на Државниот Студентски Дом “Никола Карев“ од Охрид. Маријан Ристески првиот човек на оваа државна установа, посочи дека зад нив е една навистина успешна година во која како една од најважните инвестиции е реконструкцијата на покривната конструкција, инвестиција која битно допринесе во подобрување на општите состојби во домот решавајќи еден долгогодишен проблем. Но тоа не е се.“По опожарувањето на делови...
Незаборавен концерт на музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“ за учесниците на Глобалниот инвестициски самит
Post Views: 243 Основното музичко училиште „Методи Патче“ претставува вистинска ризница на таленти. Тоа уште еднаш се потврди синоќа, со прекрасните изведби на учениците Ивона Базгалоска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, во чијашто музика уживаа посетителите на хуманитарниот концерт по класична музика во црквата Св.Софија, кој беше дел од свечените активности во рамките на Глобалниот инвестициски самит.Младите охридски музичари, Ивона Базгалоска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, уште една докажаа дека ОМУ „Методи Патче“ од нашиот град е вистинска ризница на млади таленти....
Борците од Охрид и Дебрца свечено ги одбележаа 11-ти Октомври и Денот на борецот
Post Views: 229 Во одбележувањето на 11 Октомври Денот на востанието на Македонскиот народ како и Денот на борецот се приклучија и борците од Охрид и Дебрца. Тие денес положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОВ во Паркот на револуцијата„Единаесетти окотомври за Македонија и македонскиот народ како и за националните заедници кои живеат во Македонија го одбележува почетокот на последното востание на македонскиот народ за остварување на сите цели за кои се бореле претходните востаници“ истакна Крсте Крстаноски еден од преживеаните учесници од НОВ. Крстаноски и Васо Цветаноски...
Голем фонд на часови, а проблеми со интернет
Post Views: 219 Учениците од прво до четврто одделение се потешко се справуваат со преголемиот фонд на часови, преоптоварени се и не можат да го следат материјалот, реагираат нивните родители. Само за информација, во прво одделение деветолетка, фондот изнесува 21 час, во второ одделение 25 часа, додека во трето одделение 28 часа. Од Министерството за образование и наука, не го делат ова мислење. Министерот Спиро Ристески вели дека фондот на часови е сосема доволен и соодветен на возраста на учениците.„Програмите се изработуваат врз основа на стандарди кои ги изработува Бирото за развој...
Донација за детското одделение на Специјалната болница „Св.Еразмо“
Post Views: 218 Најмалите пациенти од Детското одделение на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид, добија донација во постелнина, играчки, училишен и друг потрошен материјал, од општествено одоговорната фирма „Глаксосмитклајн“. Дваесет и петте дечиња кои се на рехабилитација во ова одделение денес ги посетија претставниците на оваа фирма, кои покрај донацијата, за потребите на болницата буквално даруваа и дел од себе, дарувајќи крв, потврдувајќи го нивниот волонтерски дух.„Оттука дојдовме денес сите вработени во „Глаксосмитклајн“ од една страна...
Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година
Post Views: 236 Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година, настан чиешто неодамнешно одбележување од страна на албанските и бугарските историчари, предизвика низа бурни реакции во јавноста. Само за информација пред десетина дена бугарски и албански историчари на симпозиум во организација на општина Струга востанието од 1913 година го нарекоа албанско бугарско. Зоран Тодороски директорот на Историски архив на Република Македонија истакна дека недозволиво е да се подигнуваат спомен плочи во чест на албанските востаници испишани само на...
Зградата на некогашната детска специјална болница-нов центар за кардилогија?
Post Views: 236 Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа.„Моја лична желба и определба, а и определба на...
Во прекин осветлувањето на дел од регионалниот пат Охрид – Свети Наум
Post Views: 228 Осветлувањето на дел од регионалниот пат А3, Охрид -Св. Наум, речиси еден месец во прекин, реагираат граѓаните, кои живеат во пригратските населби на Охридското езеро. Велат дека делот на оваа сообраќајница и тоа од „Хидробиолошкиот институт“ па се до клучката кај хотелот „Инекс Горица“, е во целосен мрак. Опасноста е дотолку поголема, бидејќи станува збор за дел од сообраќајницата на која во минатото се случувале голем број сообраќајни незгоди. За објаснување се обративме до Јавното претпријатие „Државни патишта“.Кирил Каркалашев помошник раководител на Секторот...
Возниот парк на СВР – Охрид збогатен за десет нови полициски возила
Post Views: 242 Десет нови возила и за потребите на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар. Во Охрид ќе останат пет возила за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности. Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите...
Биосферниот резерват Охрид -Преспа како значајна туристичка дестинација
Post Views: 223 Под капата на УНЕСКО, Охридско-Преспанскиот регион како биосферен резерват, би можел да стане примамлив туристички производ на светскиот туристички пазар. Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват на Охрид и Преспа под УНЕСКО, неодамна ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро, кој беше дел од тимот, истакна дека ова е голема шанса да зајакнат сите локални економии во регионот, а од тоа најголема корист ќе имаат...