Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 252 Моментално на половина од плажите на охридското и струшкото крајбрежје, капачите влегуваат во вода на сопствен ризик. Некои од плажите најавиле дека ќе создадат безбедни услови , секако во зависност од тоа како нив им одговара, а не на оние кои ги користат капалиштата. Но, како вели онаа народната, „Ѓаволот ниту ора ниту копа“. Пред само неколку дена инцидентот со момче од Гостивар, кое за малку ќе страдаше во водите на Охридското Езеро на плажата кај Св. Стефан, повторно го актуелизира прашањето за безбедноста на плажите чиишто концесионери и покрај законските одредби,...
Изминуваат првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот Бакрачески
Post Views: 237 Никола Бакрачески, Градоначалникот на Охрид денес на градскиот базен ја отвори летната школа за пливање, „Делфина 2013“. Тој истакна дека враќањето на некогашниот сјај на пливачките спортови во нашиот град, претставува приоритет не само на Локалната самоуправа, туку и за него како градоначалник, бидејќи пливањето и ватерполото се спортските дисциплини коишто оставија најголем печат на спортскиот живот во Охрид во изминатите неколку децении.„Од тие причини Секторот за јавни дејности има добиено посебни инструкции за развојот на овој спорт и сметам дека заживувањето...
Охриѓанец загина во сообраќајка на ул.„15-ти Корпус“
Post Views: 222 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 05 часот и 30 минути се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Ранко М. (51) од Охрид на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „Опел калибра“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно со десниот преден дел удрило во сега починатиот кој управувал моторцикл марка „Џилера“. Сударот се случил кога сега починатиот се обидел со моторциклот оставен на левата страна од коловозот да се приклучи во правец кон селото Лескоец. ...
Сликарот Славко Упевче ќе учестува на „Светските уметнички игри“
Post Views: 286 На „Светските уметнички игри“ кои годинава се одржуваат низ неколку градови од Република Хрватска, четиристотини уметници од 52 земји во светот ќе се обидат на еден поинаков начин да им ја доближат уметноста на сите оние кои уживаат во нејзината убавина. Македонски преставник на игрите, е Охридскиот ликовен уметник Славко Упевче. „Во Загреб и неколку други градови во Хрватска се организираат светски уметнички игри со 400 учесници и со две мои дела јас сум претставен како ликовен уметник од Република Македонија. Таа изложба како што кажа и Похижек ќе оди и во Лудбрег...
Делегација на Oпштина Охрид во посета на збратимениот град Јалова, Република Турција
Post Views: 297 Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на неколкудневниот престој во збратимениот град Јалова, Р. Турција оствари средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал. На средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено бањскиот туризам. Стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис секторите од овие два града. Градоначалникот...
52-ро издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“
Post Views: 228 Богати фестивалски вечери, квалитетна програма и извонреден фолклор на нациите кои ќе го изведат најдоброто од нивната традиција, ветуваат организаторите на овогодинешното издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“. Годинава, честа да го отворат педесет и воторото издание на фестивалот ќе му припадне на ансамблот за народни песни и игри „Танец“, вели Драгана Боцеска, директорката на Центарот за Култура „Григор Прличев“. „Танец“ ќе настапи со програма којашто досега не е видена, во Македонија, со програмата со која настапија на турнејата во Шведска и...
Групата „Македонија“ се враќа на музичката сцена
Post Views: 909 На овогодинешново јубилејно 20-то издание на „Охрид Фест“ Ќе бидеме сведоци на спектакуларниот музички камбек на легендарната македонска музичка група Македонија, чија слава во седумдесетите години се распосла и до најоддалечените делови од поранешна Југославија.Нивните песни „На пуст остров“, „Има една мома”, „Ѕ’ма,ѕ’ма,ѕм“, „Есенска роза“,„Око мое зелено“, сеуште одѕвонуваат во ушите на постарите генерации. Магијата на повторното рагање на женскиот дел од Група Македонија ќе се случи на Интернационалната вечер на Охрид фест, на 24 Август ова година. Верица Ристевска,...
Бетонски бум во Охрид, полека исчезнува старата градска архитектура
Post Views: 298 Охрид веќе ја доживува судбината на голем број познати европски туристички места, кои поради преголема урбанизација ја загубиле својата автентичност. Охриѓани, со поделени мислења за тоа колку е изменет архитектонскиот изглед на градот. Во битката помеѓу новиот бран и автентичното, бетонот во последниве десет години е во голема предност. Урбанизацијата не е проблем кој му се случува само на Охрид, проблем кој може да се реши преку ноќ, туку преставува и светски проблем. Експертите со свое објаснување за тоа што денес се случува со архитектонскиот изглед на нашиов...
JICA: Колекторскиот систем е во незавидна состојба
Post Views: 235 Колекторскиот систем кој игра незаменлива улога во заштитата на Охридското езеро, моментално се наоѓа во незавидна состојба, зборуваат податоците прибрани од терен од страна на тимот на Јапонската агенција за меѓународна соработка, ЏАЈКА. Во таа насока тие ги презентираа и техниките кои може да се употребат за негово реновирање.„Денес сум многу почестен со присуството на овој семинар на кој ќе бидат презентирани резултатите од испитувањето. Уште поважно ќе биде предложено решение за проблемот со канализациониот систем и понатамошните активности подобрување нживотната...
Објектите кои се градат на Плаошник нема да бидат повисоки од СветиКлиментовата црква
Post Views: 463 Директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали Бунташеска, задоволна од тоа како се одвива изградбата на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник. Таа оптимист дека работите ќе бидат завршени во предвидениот рок.„Работите се одвиваат со задволително темпо. Во исто време се градат двата комплекси. Се гради првиот комплекс, тоа е Свети Климентовиот музеј и библиотека, Центарот за хуманистички науки, а во исто време од источната страна се градат манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ. Се надеваме дека ќе биде испочитуван...
Започна првата летна архитектонска школa
Post Views: 258 Триесеттина студенти по архитектура и дизајн, во наредниве седум дена ќе учествуваат на првата „Летна Школа за архитектура и дизајн Охрид 2013“. Студентите ќе имаат задача да го осмислуваат визуелниот идентитет на три локации од нашиов град. Викторија Ермеева декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот колеџ од Скопје, објасни дека сите архитектонски, дизајнерски и визуелни интервенции во просторот, ќе бидат презентирани на самиот крај од школата. Изготвените решенија ќе и бидат понудени на локалната самоуправа, како почетни идеи за реализација...
Најдобрите холандски туроператори пристигнаа во Охрид
Post Views: 269 Утрово на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнаа стотина високи претставници од туристичиот сектор во Холандија. Стефан ван вер Хајден, извршниот директор на холандскиот тур-оператор „ТUI“, рече дека дека оваа посета ќе биде еден обид повторно да се откријат убавините и можностите кои ги нуди Македонија, земја која за нив сеуште е релативно непозната. Тој додаде дека ако може да се суди според тоа како е организирани и промовирано патувањето, дека ги очекува посебно доживување.„Овој прв дочек овде влева голема надеж, мислам дека не верувам дека некаде сме...