Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Охриѓанката Филис Ајруш, најдобра од најдобрите

Post Views: 307 Еколошката порака на охридската средношколка Филис Ајруш, ја виде целиот свет. И не само што ја виде, туку оваа порака на Олимпијадата за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, на Филис и обезбеди златен медал. Чувството за Филис да се претставува нашата земја на еден ваков интернационален натпревар, фантастично.„Чувството беше неопсиливо, прекрасно, прво ми го прочитаа името и самото претставување на Македонија, на Охрид ми беше прекрасно чувство,...

Продолжи со читање

Фестивалот „Охридско лето“ збогатен со многу технички новитети

Post Views: 203 Најавената уметничка програма на 53-то издание на фестивалот „Охридко лето“ останува непроменета. На денешената прес конференција покрај програмата, беа  презентирани и цените на влезните билети, кои годинава ќе се движат од 250-1200 денари, а од овој петок, билетите веќе ке бидат во слободна продажба. Така,  фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните музички уметници и сценските изведби на реномираните театарски куќи.„Околу програмата немаме промени и измени. Како што ја најавивме, така за среќа одиме. Размислувавме дали...

Продолжи со читање

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Н.У „Фестивал Охридско лето“

Post Views: 211 Преку потпишување на меморандум, означен почетокот на интензивната соработка помеѓу помеѓу Општина Охрид и Националната установа „Фестивал охридско лето“.Никола Бакрачески Градоначалникот на Охрид, пред самиот чин на потпишување на меморандумот истакна дека оваа сорaботка е резултат на неколкумесечните средби со директорот и службите на „Охридско лето“ во кои се дефинираа начините на соработка и механизмите за имплементација на подготовките за што подобра  организација на фестивалот.„Како круна на овие состаноци и соработка доаѓа потпишувањето на овој меморандум од...

Продолжи со читање

Локалната ќе продолжи со изградба на кружни текови, но во помал број

Post Views: 242 Ќе продолжи регулирањето на сообраќајот во нашиот град, преку  кружните текови. Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид, истакна дека од Локалната самоуправа од Охрид работат според акциониот план кој содржи стотина проекти, а регулирањето на сообраќајот на неколку локации со помош на кружните текови останува како опција. „Ќе работиме на она што е вклучено во програмата. Ние програмата ја изработивме темелно, на минатата седница на Советот таа помина, односно програмата на Секторот за комунален развој, така да согласно таа програма , се она што е вметнато, ќе...

Продолжи со читање

Времено замрзната исплатата на патните трошоци за наставниците од Охрид

Post Views: 236 На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата  на патните трошоци за  превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа...

Продолжи со читање

Армијата на Република Македонија, поблиску до охриѓани

Post Views: 265 Армијата на Република синоќа барем за момент беше поблиску и до Охриѓани. Станува збор за реализација на само еден дел од проектот „ АРМ поблиску до граѓаните“, преку кој Министерството за одбрана и АРМ ќе се обидат преку музиката на воениот оркестар на АРМ, како и демонстрациите на методско-показни вежби на Градискиот батаљон, да се доближат до цивилното население. Самиот настан започна со дефиле по Охридската чаршија, на воодушевување на охриѓани и големиот број туристи, за да продолжи на Плоштадот „Крушевска република“, со едночасовен концерт. Покрај изведбата на...

Продолжи со читање

Дванаесетто издание на натпреварот „Охридски бисери

Post Views: 238 Прекрасен завршен концерт на натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ 2013. Ова негово дванаесетто издание, веќе може да се носи рамо до рамо со ваквите натпревари кои се организираат на европско ниво велат музичките работници.Повеќе од деведесет млади музичари од најразлични земји, на дванаесеттото издание на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. Некои од првонаградените млади музичари задоволни од организацијата и атмосферата на натреварот, но и видно возбудени поради постигнатиот успех.„Јас доаѓам...

Продолжи со читање

Трагите на скулпторот Милатовиќ, пред охридската публика

Post Views: 239 Трагите на црногорскиот скулптор Сретен Милатовиќ, од синоќа, пред охридските љубители на уметноста. Овој истакнат црногорски пост-модернист, кој за прв пат самостојно се претставува пред македонската публика, е роден во Никшиќ во 1966-та година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Сараево, во каласата на професорот Алија Кучукалиќ, а моментално работи како доцент на Академијата за ликовни уметности од Требиње. За неговата изложба, насловена како „Траги“, вели дека е израз на суптилноста на неговото лично искуство од животот и природата.„Тоа се едни објекти,...

Продолжи со читање

Нерегистрираните станоиздавачи, најголемите непријатели на охридскиот туризам

Post Views: 233 Иако во Охрид постојат околу 2000 регистрирани станоиздавачи, сеуште огромен е бројот на викенд становите, кои што во текот на годината се напуштени, не се одржуваат, но функционираат два или три месеци за време на летната сезона и со тоа  стануваат нелегална конкуренција за сите оние кои што регуларно се занимаваат со туристичка дејност. Штетата која од ова ја трпи туризмот како главната стопанска дејност во нашиов град, е огромна.Во Законот за такса за привремен престој, децидно е наведено дека од плаќање на туристичка такса ослободен е сопственикот на сместувачкиот...

Продолжи со читање

Првата „Бела ноќ“ Охрид ќе ја доживее на 6-ти јули

Post Views: 220 Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона.„На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна...

Продолжи со читање

Националните паркови на Динаридите еден туристички бренд

Post Views: 274 Еден од најголемите кањони во светот, најстарата и најголемата прашума во Европа, ливадата која има повеќе видови орхидеи отколку што ги има целото Обединето Кралство, најголемата подземна јама во светот, најголемата и најдолга клисура во Европа, се самo некои од тајните кои ги крие регионот на Динарската верига! Преку иницијативата “Парковите на Динарската верига“  спроведена од страна на Cветската организација за заштита на природата, и националниот парк „Галичица“ ќе пронајде патот кон одржливиот туризам. Дени Пореј извршен директор на  WWF , објаснува дека...

Продолжи со читање

Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот

Post Views: 267 Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во  населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација „Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат...

Продолжи со читање