Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Охриѓанец чувал марихуана во бојлер

Post Views: 5 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид. При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени и одземени се две мали кеси со 26 хартиени паковки опојна дрога марихуана. Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препаковал во помали...

Продолжи со читање

Земјата, во која теориите на заговор „палат“

Post Views: 5 Едно национално истражување открило дека 37 отсто од Американците мислат дека глобалното затоплување е измама, а 11 отсто веруваат дека Владата дозволила да се случи терористички напад врз Америка на 11 септември.Изнанедувачките резултаи се дел од големата студија која за цел имала да дознае како политичкото определување може да влијае на верувањето во бројни теории на завера.Резултатите откриле дека 34 отсто од републиканците веруваат дека светот го контролира некоја тајна група, во споредба со 35 отсто на независните гласачи и 11 отсто демократи.Додека вкупно 44...

Продолжи со читање

Продолжува поддршката на развојот на руралните средини

Post Views: 3 Со средства во износ од 15 милиони евра Владата ќе поддржи отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини.Поддршката на Владата ќе се доделува за бизниси од областа на земјоделското производство, алтернативно земјоделско производство, занаетчиство, туризам и услужни дејности. Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, средствата на Владата ќе бидат наменети за покривање на 50 проценти од инвестицијата за отворање или развој на семејните бизниси. Најмала инвестиција за која граѓаните ќе...

Продолжи со читање

Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Post Views: 6 Предлог проектот е дел од поголем проект на УНДП за климатски отпорно прекугранично управување со ризикот од поплави во сливот на реката Црн Дрим во Западен Балкан (Албанија, Црна Гора и Македонија), насочен кон помагање на овие земји во имплементацијата на интегриран климатски еластичен пристап за управување со ризици од поплави во речните сливови со цел да го подобрат нивниот постоечки капацитет за управување со ризикот од поплави на национално, регионално и локално ниво и да ја зајакнат отпорноста на ранливите заедници во сливот на реката Дрим кон поплави...

Продолжи со читање

Кривична за кичевчанец кој направил мини-депонија за хаварисани возила

Post Views: 11 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на на животната средина и природата со отпад“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(29) од Кичево. Пријавениот, подолго време вршел трговија со отпад без да поседува дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. На 12-ти април оваа година, полициски службеници во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во отпад за стари возила сопственост на С.М. лоциран во близина на раскрсницата од улицата...

Продолжи со читање

„Мобилно 3D кино“, утре за охриѓани го носи „Капетан Америка: Граѓанска војна“

Post Views: 10 НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ Ве покануваат на кино проекции во ВТОРНИК 10.05.2016 година. -Храбриот Петел во 3D – 17:00 ч./ влез 200 ден.-Пред да се разбудам – 19:00 ч./ влез 150 ден.-Капетан Америка: Граѓанска војна- 21:15 ч./ влез 200 ден.

Продолжи со читање

Почина еден од креаторите на Мапетите

Post Views: 6 По долгата битка со ракот, на 78 години, почина Џејн Хенсон, дизајнерката на неколку популарни карактери од легендарното “Мапет шоу“.Таа ги измисли жабата Кермит и Прасица, а на својот сопруг Џим му помогна во развивањето на многу ликови и кукли од шоуто со кое пораснаа многу генерации.Хенсон е родена во 1923 година во Њујорк, а почина во нејзиниот дом во Конетикат.Таа и Џим, креаторот на мапетите се запознале во 1950 година на факултет. Имаат пет деца кои ја наследија компанијата.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Одбележано раѓањето на основоположникот на црвениот крст

Post Views: 9 Со полагање на свежо цвеке пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движенјето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на 8-ми мај пред 188 години. Затоа и 8 мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Насекаде во светот Мегјународното движенје на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутна за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и подржуваци цо 190...

Продолжи со читање