Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Им верувате ли на бајачките и гатачките?

Post Views: 12 Навистина запрепастуваки е  колкав е бројот на бајачки, гатачки, јасновитци, лекувачи на секакви болести, биоенергичари и слично во нашата земја, но и во нашиот град. Народот кога е во мака е конфузен , збунет и очаен на секоја врата тропа, па затоа голем број и од охриѓани досега ги користеле услугите на овие лица.Додека одењето кај психијатар или психолог сеуште за жал се смета за ненормална работа, одењето кај таканаречените „видовити“ лица е најнормална работа за нашиов народ.Кај повеќето од нив се чека со часови, денови, а за закажување кај некои се чека и со...

Продолжи со читање

Македонската жена помалубројна, но пообразована и подолговечна

Post Views: 9 Македонската статистика покажува дека припадничките од понежниот пол во земјата иако се помалубројни за разлика од мажите, сепак живеат подолго, а во исто време имаат поголемо образование од посилниот пол.Според процената на населението во земјава, процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е речиси подеднакво, 49,9 отсто од населението се жени, а 50,1 отсто се мажи, додека просечната возраст на жените изнесува 38,3 години , додека на мажите 36,7 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Од вкупниот број на вработени...

Продолжи со читање

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Post Views: 16 Распоред на богослужбите во охридските цркви за богослужбите за Велигденските празници. 26.04.2016-ВЕЛИКИ ВТОРНИК НАУТРO: Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7ч.ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17ч. 27.04.2016-ВЕЛИКА СРЕДАНАУТРO: Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија,едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7ч.ВЕЧЕРТА: Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во...

Продолжи со читање

Кривична за охриѓанец кој сакал да препродава марихуана

Post Views: 16 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид. При претрес извршен во два стана во Охрид што ги користел пријавениот, пронајдени и одземени се 80 семки од растението Cannabis sativa. Откако набавил одредена количина опојна дрога марихуана, пријавениот Г.А. во својот дом ја препаковал во помали количини со цел понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид а дел оставил за лична...

Продолжи со читање

Омилениот празник на мажите

Post Views: 11 Верувале или не, денес е Ден на деколтето! Следете го примерот на славните убавици и вие на свој начин одбележете го овој ден.Ова е еден од најважните денови во календарот, барем така вели машката популација. Денес заборавете на политиката, временските услови и економијата и со стил прославете го денешниот ден – Ден на деколтето!{loadposition content9}

Продолжи со читање

Хосе Емилио Пачеко добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 8 Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните и највлијателните мексикански посети, е добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.Одлуката ја донесе Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ на предлог на Советот за доделување на наградата „Златен венец“ на СВП.Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити 1939 година. Во родниот град се образувал, а подоцна предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Член е на Мексиканската академија на јазиците. Пачеко зад себе има петдецениско творештво кое...

Продолжи со читање

Брзи диети, брзо слабеење, a потоа брзо во болница

Post Views: 11 Со доаѓањето на пролетта, сите полека почнуваме да размислуваме за летото, гардеробата ни станува полесна, а килограмите кои речиси сите сме ги ставиле за време на зимскиот период, стануваат проблем кој почнува да ги преокупира нашите мисли. Згора на ова рецептите за диети и рекламите за средства за слабеење не бомбардираат од сите страни. Протеинска, овошна, лимонова, аткинсонова,лунарна, десетдневна, се само некои од диетите, за кои женскиот дел од популацијата најмногу коментира. Оние кои ја зголемиле телесната тежина во текот на зимата, сега во паника се...

Продолжи со читање

Отсега ќе знаеме колку пивото дебелее

Post Views: 13 Согласно новиот правилник за безбедност на пивото кој е на сила од минатиот петок, на амбалажата на пивото мора да пишува колку дебелее.На амбалажата на пивото, покрај процентот на алкохолот во овој пијалок, од што е произведено, дали е пастеризирано или не, задолжително ќе мора да биде наведено и колку дебелее. Со новиот правилник за безбедност на пивото предвидено е во означувањето на пивото да има и податок за неговата енергетска вредност која треба да биде изразена во килоџули.Според стариот правилник, новата обврска беше задолжителна само за лајт пивата,...

Продолжи со читање