Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Од денес парното со нови, поефтини цени

Post Views: 6 Парното од денеска поевтинува за 14,24 проценти за граѓаните во Скопје што се снабдуваат од Балкан енерџи груп од топлана „Исток“ и за 13,45 за граѓаните што се греат на топланата „Север“.Регулаторната комисија за енергетика одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница по намалувањето на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија.Според новиот правилник, цената на топлинската енергија може да се менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5 отсто. Досега тоа можеше да се прави само двапати...

Продолжи со читање

Утре земјено прскање против комарци

Post Views: 6 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ден 15.04.2016год. (петок) екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против...

Продолжи со читање

Бони Тајлер на Евросонг

Post Views: 5 Познатата поп-пејачка Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија, која ќе се одржува од 14 до 18 мај во Малме, Шведска. Почестена сум од понудата да ја претставувам мојата земја на Евровизија. Ветувам дека ќе дадам с` од себе за Британија – изјави 61-годишната пејачка, најпозната по хитот Total Eclipse of the Heart од 1983 година.Тајлер ќе настапи со песната Believe in Me, која ја напишаа американскиот текстописец Дезмон Чајлд и британските текстописци Лорен Kристи и Kристофер Брајд. Чајлд и претходно има соработувано со Тајлер, а автор е и на хитови за...

Продолжи со читање

Ховит,Филе и Бузек против политичката криза

Post Views: 9 Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и европарламентарците Ричард Ховит и Јиржи Бусек, денеска ќе го имаат последниот обид да ги натераат Груевски и Црвенковски да ја разрешат политичката криза пред истекот на роковите за кандидирање на 3 март.Еврокомесарот на својот Твитер профил вчера порача дека се радува на посетата на Скопје, што може да се толкува дека сигналите што ги добил од Скопје му даваат оптимизам за успешна мисија.Како што соопшти портпаролот на Филе, Петер Стано целта на посредувањето е брзо решение, кое пак би довело до позитивен извештај  на...

Продолжи со читање

Помалку сон и ја фативте „удолницата“

Post Views: 6 Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.Следствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.Секој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на...

Продолжи со читање

Штефан Филе доаѓа во Скопје

Post Views: 13 Еврокомесарот Штефан Филе не издржа- доаѓа утре во Скопје заедно со известувачот во ЕП, Ричард Ховит и Јижи Бусек. Целта е да направи клучен притисок околу политичката криза во земјата, за да како што најавија од Брисел, Македонија да добие позитивен извештај во април. Иако се очекуваше посетата на известувачот Ричард Ховит да се случи денеска, тој до пладнето се` уште беше во Брисел и учествуваше на состанок на НАТО за Авганистан. За утре пак беше најавено и враќање на вицепремиерот Фатмир Бесими во Брисел, за да се сретне со Стефано Санино, па ваквите збунувачки...

Продолжи со читање

Утре средба на градоначалникот Бакрачески со жителите на У.З. „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Post Views: 6 Градоначалникот Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“.Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

Продолжи со читање

Тешко повреден велосипедист во охридско

Post Views: 7 Синоќа во 22 часот и 20 минути се случи тешка сообраќајната незгодана улицата „15 корпус“ во Охрид. Со скршеници на черепот и по останатите делови од телото како и крварење во мозокот, се здоби 48- годишен жител на селото Лескоец кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во хируршкото одделение при општата болница во Охрид каде, по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување. – Сообраќајната незгода се случила во момент кога врз сега тешко повредениот, кој по улицата управувал велосипед, налетало патничко моторно возило марка „Југо“...

Продолжи со читање