Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 54Актерката Кери Фишер која ја толкуваше улогата на принцезата Леа во оригиналната трилогија „Star Wars“ ќе ја повтори оваа улога во претстојното филмско остварување на „Star Wars: Episode VII“.Во интервјуто за Palm Beach Illustrated кога била запрашана за тоа дали ќе се појави во најновиот филм, актерката одговорила потврдно. Еве како таа го гледа ликот денес:„Постара жена која се наоѓа во интергалактички дом за стари лица. Мислам дека Леа ќе биде иста како и претходно, можеби сега малку побавна и помалку желна за големи битки“,смета Фишер.„Star Wars: Episode VII“ во...
Струмичкото село Дабиле под вода
Post Views: 81Жителите на струмичкото село Дабиле се во шок, откако изгубија безмалку сè што имаа стекнато во животот во големото невреме и поплавите кое го зафати струмичкиот регион. Во Дабиле и околните села ситуацијата е траорна и повеќе од алармантна. Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев за Плусинфо изјави дека населението се евакуира и времено ќе биде сместено во хотелите во струмичкиот регион.– Немам зборови, цело Дабиле е под вода. Не постои збор со кој може да се опише ситуацијата во овој дел од Струмичко поле. Сè е под вода, се – изјави градоначалникот Заев. Водите...
Кардио анализа на фудбалските фанови
Post Views: 114Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари.Во анализата за истражувањето се споредува бројот на срцеви удари на ден во 2003-та, 2005-та и за време на Мундијалот во Германија во 2006-та. Скоро без исклучок (освен натпреварот за 3-то место), секој пат кога Германија настапила на Мундијалот, бројот на срцеви удари во најмала рака за два пати се зголемил.Ако просекот на срцеви удари пред Мундијалот се движел околу 20 на ден, на првиот натпревар на Германија (Германија – Коста Рика 4:2) имало...
Девет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски
Post Views: 56Денеска се навршуваат 9 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и членови на екипажот.Владиниот кингер со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција во Босна и Херцеговина, се урна во атарот на селото Хусковиќи, во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на кингерот.Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис...
Минирање на патот А2, причина за краткотраен прекин во сообраќајот
Post Views: 61 Изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, се причина за прекин во сообраќајот денес 7-ми април 2016 година. Според најавите на АМСМ, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Света архиерејска литургија за празникот „Свето Благовештение“
Post Views: 63 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2016 година (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска ли-тургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосве-штенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
Сексoт како аналгетик
Post Views: 106Сексот е подобар од лековите во лечењето на главоболката, тврдат германските научници, кои објаснуваат дека оваа активност предизвикува лачење на ендорфин.Тој е природен телесен аналгетик и делува и на централниот нервен систем, ја намалува или целосно ја елиминира болката Тимот на невролози од Универзитетот од Минстер открил дека сексуалната активност може да ја намали или отстрани некои од видовите мигрена.– Место да ја користиме мигрената како причина за одбивање на сексот, би било подобро да се препуштите на водењето љубов, која може да биде поефикасно средство...
Будното око на OSCE на претстојните локални избори
Post Views: 54Канцeларијата за демократски институции и човекови права, ОДИХР, на ОБСЕ од денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локалните избори во Македонија коишто треба да се одржат на 24 март. Според најавите, ОБСЕ ќе има 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи. Според информациите, набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Инаку, претходно претставникот на ОБСЕ во земјава, Ралф Брет, во интервју за Радио Слободна Европа порача политичките фактори да покажат зрелост, да мислат на долгорочните...







