Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 8 На 8-ми март, македонскиот гитарист Владимир Четкар ќе настапи во познатиот клуб „Блу Ноут” на Менхетен.Четкар во Блу Ноут се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.Како гостин на концертот кој ќе започне на полноќ ќе настапи и легендата на Казабланка Рекордс и диско музиката, Ди Си Лару кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит “Катедрали”.Истиот ден во клубот ќе настапат и музичките џез и фанк икони, „Круседерс“ (Crusaders) и тоа со славната стара...
Женскиот Лајонс клуб „Деница“ ја организира третата „Хуманитарната вечер под маски“
Post Views: 4 Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град. Трета година по ред Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид, на денот на шегата организира „Хуманитарна вечер под маски“, на која оваа година дениците ќе се обидат да соберат средства кои ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град. Инаку средствата кои беа собрани од првиот ваков хуманитарен настан во организација на дениците беа донирани за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Минатата година пак преку...
Погледнете нагоре, доаѓа кометата Панстарс
Post Views: 7 За десетина дена преку нашето небо ќе прелета кометата Ц/2011 Л4 Панстарс, на која ѝ биле потребни неколку милиони години да допатува од Ортовиот облак, огромна колонија на летачки објекти што се наоѓа на надворешната граница на Сончевиот систем.Во моментов кометата може да се види од јужната Земјина хемисфера со помош на телескоп, додека за жителите на северната Земјина полутопка таа ќе биде најсјајна во периодот од 8 до 24 март.Над Европа, според најавите на астрономите, кометата ќе може најубаво да се види на 12 и 13 март, кога ќе помине покрај...
Минирање и прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Охрид-Кичево
Post Views: 7 Од АМСМ информираат дека поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денес 30-ти март 2016 година ќе има прекин на сообраќајот. Според информациите на АМСМ како и на ЈП Македонија пат, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Почна анализата и на млекото во македонските продавници
Post Views: 12 Од Агенцијата за храна и ветеринарство изјавуваат дека од вчера почна проверката на квалитетот на сите видови на млека што се продаваат по македонските продавници.Мострите се веќе земени од сите видови на пастеризирано и стерилизирано млеко и од млечните производи на домашните млекарници.Агенцијата минатата недела соопшти дека сите домашни млека се исправни. Сепак, ако се знае дека српската пченка како сточна храна се увезува и во Македонија, многу е веројатно дека отровот афлатоксин ќе биде пронајден и во млекото од македонските млекарници.Во Србија почна...
Албанска државјанка добила ќотек поради долгот на својот син
Post Views: 8 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Р. (59) од струшкото село Шум. На 20-ти овој месец околу пладне, пријавениот се упатил во домот на албанската државјанка Б.Ц. (54) со намера да побара враќање на паричниот заем од нејзиниот син Џ.Ц. Пријавениот започнал да sвони и удира по вратата од станот по што, со Б.Ц. која има привремено живеалиште во Струга, започнал вербална расправија околу паричниот долг. Во момент кога од...
Кога хоророт ја имитира реалноста
Post Views: 7 The Conjuring, е најновиот филм на талентираниот Ван кој стои зад одличните Insidious и Saw, а овој пат главните улоги ги толкуваат Вера Фермига, Патрик Вилсон, Лили Тејлор и Рон Ливингстон. Во The Conjuring кој наводно е базиран на вистинската приказна за семејство кое најмило истражувачи на паранормалното за да откријат какво демонско присуство има во нивната куќа. Вилсон и Фермига ќе ги портретираат Ед и Лорејн Ворен истражувачите на паранормалните активности, а Лили Тејлор и Рон Ливингстон, брачниот пар кој живее во опседнатата куќа во Њу Ингланд. Како...
Упатите за на лекар, заминуваат во историјата
Post Views: 7 Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист. Прегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.Електронското закажување на прегледи ќе се спроведува од примарното до терцијарното ниво на здравствена заштита.Доколку пациентот треба да оди кај специјалист, откако веќе ќе отиде кај својот матичен лекар, матичниот ќе го закаже прегледот и ќе пополни електронски упат преку системот, а на пациентот ќе му остане само да...