Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Невработените имаат повеќе од месец да се пререгистрираат во ФЗОМ

Post Views: 12 Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство.– Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот...

Продолжи со читање

Кучиња убиле жителка на с.Баланци

Post Views: 4 Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако вчера беше нападната од глутница кучиња скитници. Таа се здобила со тешки телесни повреди откако вчера претпладне во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри оддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела. По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен и Јавен Обвинител....

Продолжи со читање

И со вишок килограми на модна писта

Post Views: 9 Четириесетина девојки со раскошни облини, седми пат по ред, ги носеа моделите на “Fashion Weekend Plus Size”. Колекциите на десетина бразилски модни брендови за големи броеви, вклучуваа гламурозни вечерни фустани, венчаници, костими за капење и долна облека.Модната недела за подебели луѓе ја основаше модната блогерка Поскуз Ваз (29), која и самата учествуваше на ревијата на XXXL модели.“Иако кај нас скоро половина од луѓето се дебели, понекогаш ми се случува со часови да шетам низ бутиците, а да не успеам да пронајдам баш ништо како за...

Продолжи со читање

Тања Цароска дел од проект награден со Греми

Post Views: 15 Наградатa GRAMMY 2012, за најдобар поп инструментален албум ја освои познатиот Американец, музичарот Крис Боти, за својот албум “Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Тања Царовска.Музиката е напишана од оскаровецот Габриел Јарет, текстот за хорот е на Тања Царовска, која со нејзиниот прекрасен глас во нејзин препознатлив стил го надополнува свирењето на Боти.Минатата година Боти, специјално од Лос Анѓелес допатува во Лондон, за да ја сними песната заедно со Тања Царовска во познатото лондонско студио AIR, сопственост на Џорџ Мартин,...

Продолжи со читање

Наместо да руши, си поставил прозори

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишно лице од струшкото село Враништа. – Во текот на јануари оваа година, пријавениот на катастарска парцела бр.16598 Охрид-3 на закупен угостителски објект на Кеј „Македонија“, без да поседува одобрение за градење, на два оградни ѕидови поставил по пет „пвц“ прозори од кои осум со димензии 2,25 метри * 0,7 метри и два прозори 0,75 метри * 0,7 метри. Пријавениот прозорите ги  поставил на објект, за кој овластениот градежен...

Продолжи со читање

Facebook прави фрижидер за вишокот фотографии

Post Views: 7 Во Орегон се гради огромен центар за база на податоци кој е дизајниран со цел да ги намали трошоците за складирање на стариот и помалку популарниот материјал на Фејсбук.Според податоците на оваа компанија, само 8% од милијардите фотографии кои се наоѓаат на мрежата влечат околу 85% посетеност во секој момент, останатите 92% се постари фотографии кои ретко ги гледаме. Со цел тој материјал да биде брзо достапен, Фејсбук планира да ги намали енергетските трошоци. Новиот “фрижидер” ќе ги обедини двата постоечки центри за складирање на податоци во Prinvil од...

Продолжи со читање

Денес се празнува Св.Трифун

Post Views: 12 Дали се нарекува свети Трифун, Трипун, а некаде е познат и како Тривун, заштитникот од град и поплава, чуварот на лозјата од штетници, заштитникот на лозарите и кафеанџиите, едно е сигурно, станува збор за исклучителен настан поврзан со празнувањата и колективната меморија. Делумно и пагански празник овој ден, 14 февруари, неофицијално се смета и за ден на пролетта, бидејќи од денеска почнува будењето на природата. И повторно, не случајно, тоа е и Денот на вљубените, Свети Валентин, односно денот на оние што чувствуваат потреба повторно да дадат завет за вечна...

Продолжи со читање

Обуки за гранична контрола во Охрид

Post Views: 6 Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици. Целта на проектот е да спроведе квалитетни обуки за гранично управување според востановените стандарди на ЕУ. Обуките ќе...

Продолжи со читање