Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид

Post Views: 217 Асоцијацијата на Спортови СПОРТ ЗА СИТЕ- СИТЕ ЗА СПОРТ по повод интернационалните денови на спорт и здравје , 06. и 07. 04. 2016 година (среда и четврток) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот. Согледувајќи ги дневно месечните активности на граѓаните на Охрид, нивното слободно време, желбата за дружење, желбата за спортско рекреативни активности, заклучивме дека повеќе од потреба е спортската рекреација, повеќе од потреба е дружењето и социјализирањето, здравјето и здравиот начин на живот. Нема посоодветен момент...

Продолжи со читање

Нов образовен профил од следната година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 277 СОСУ “Св. Кирил и Методиј” Охрид од следната година воведува нов образовен профил, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг.Дијалогот на МОН со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта. Бизнис заедницата и економските училишта покренаа иницијатива – институциите препознаа. На наше задоволство, чест ни е да упатиме огромна благодарност за разбирањето и целокупната поддршка од бизнис заедницата, локалната самоуправа, МОН, Секторската комисија за квалификациите од Секторот Економија, право и трговија...

Продолжи со читање

Свет без мочуришта е свет без вода

Post Views: 438.126 По повод „Светски ден на влажните живеалишта“ учениците од VIII-2 одделение, членови во Вики клубот од Охрид, при ООУ „Кочо Рацин“- Охрид и нивниот одделенски раководител Наташа Неданоска која воедно е и едукатор за образование на ГЛАМ Македонија, одржаа работилница посветена на водните живеалишта. Работилницата под наслов „Свет без мочуришта е свет без вода“ беше доста креативна, па покрај осознавањето зошто се значајни овој тип на живеалишта, на истата тема учениците напишаа и неколку статии на Википедија на македонски јазик. Статиите кои произлегоа од овие...

Продолжи со читање

Охридски туристички работници дел од саемот на туризам во Истанбул

Post Views: 362 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот деновиве одржа презентација пред тур-операторите кои ќе бидат ко-егзибитори на саемот во Истанбул, Турција од 9-12.02. 2022 година. АППТ ги информираше ко-егзибиторите за турскиот туристички пазар и последните движења, како и очекувањата од овој пазар, но и за значењето на турските туристи за туризмот. Оваа година АППТ ќе го претстави туриситчкиот потенцијал во Истанбул заедно со 5 учесници (BademTour “Balkan Incoming”, Фибула травел, Генерал Турист, Dmcbalkans и RadikaMountainResort) на 40м2 штанд на кои...

Продолжи со читање

Средба на германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана со лидерите од Западен Балкан

Post Views: 226 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.Потоа таа ќе има заеднички ручек со шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, по што ќе има одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Северна Македонија и Косово.Целта на посетата, според албанските медиуми, е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година.Инаку, ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.Поради посетата, албанската полиција презеде низа безбедносни мерки, од изменет...

Продолжи со читање

Промоција на монографијата „Прличеви беседи–хроника на еден културен настан“ на „Прличеви беседи 2022“

Post Views: 327 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022. Со промоцијата на монографијата  НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 70-годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно...

Продолжи со читање

Бројот на екстремно топли денови неконтролирано расте

Post Views: 240 Бројот на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.Истовремено ваквиве денови се случуваат во многу повеќе места од светот отколку претходно, што претставува предизвик по здравјето и по начинот на живот како никогаш досега.Вкупниот број денови преку 50 степени се зголемувал секоја деценија од 1980-та година. Во просек, помеѓу 1980-та и 2009-та температурите преминале 50 степени околу 14 денови во годината. Оваа бројка е зголемена на 26 денови во периодот меѓу...

Продолжи со читање

Подмладокот на ФК „Црвена Звезда“ на подготовки во Охрид

Post Views: 255 Од денес до крај на месецов подмладокот (младинска и пионерска категорија) на белградскиот фудбалски клуб „Црвена Звезда“ ќе биде на подготовки во Охрид, информираат од ЈП „Билјанини извори“. За време на зимските подготовки, тимовите на ФК „Црвена Звезда“ ќе одиграат и неколку пријателски натпревари со соодветните категории на нашите фудбалски второлигаши.

Продолжи со читање

Воспоставена соработка помеѓу Националните паркови „Шар Планина“ и „Галичица“

Post Views: 226 Во просториите на ЈУНПГ беше одржана работна средба и воспоставена соработка помеѓу новоформираниот Национален парк Шар Планина и Националниот парк Галичица.На состанокот беа присутни директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари со неговите соработници, а од страна на тимот при ЈУНПГ несебично беа споделени сите работни искуства, предизвици и начини на управување со заштитено подрачје категорија II Национален парк.Во следниот период ЈУНП Шар Планина ќе бидат насочени кон формирање на стручен тим и служба кои ќе вршат заштита на природа и ќе управуваат со четвртиот...

Продолжи со читање

Вевчани под дебела снежна покривка

Post Views: 153 Спасе Кочовски Градоначалникот на Општина Вевчани, синоќа на својот фејсбук профил информираше дека општина вевчани е под дебела снежна покривка.„Висината на снежната покривка е голема, снегот непрекинато врне скоро 18 часа. Екипите на ЈП “Еремја“ се на терен непрекинато 14 часа, расчистуваат, ги прават патиштата да се проодни“.Кочовски упати апел до граѓаните, за трпение, и вети дека снегот секаде ќе се исчисти.

Продолжи со читање

Забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци

Post Views: 190 Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.Воведената забрана за тешки моторни возила на патниот правец Охрид-Битола и обратно преку планинскиот превој „Ѓавато“ на 02.02.2022 година во 07:10 часот е укината.Воведената забрана за тешки моторни возила како што информира АМСМ, кај Мавровска крстосница и обратно преку планинскиот превој 02.02.2022 година во 07:30 часот е укината.Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има за планинскиот превој Ѓавато како и на патните...

Продолжи со читање

Студено време во неделата пред нас

Post Views: 223 Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.Утринските температури ќе се движат од -2 до 4, а дневни од 0 до 8 степени.Во Скопје слично време со максимална дневна температура од пет степени.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утрински температури до -8 степени.Слично време се најавува и во наредните денови.АМСМ СЛУЖБА ЗА...

Продолжи со читање