Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на корисниците на улиците „Петар Поп Арсов”, „Ирена Мирка Гинова” и дел од село Велгошти информираат од ЈП Водовод Охрид.Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 9 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на наведените улици и дел од село Велгошти, додаваат.Воедно продолжуваат активности за санирање на дефекти од страна на ЈП.
Инсталирани автоматски станици во Дебарското Езеро
Post Views: 9 Подводна акција за инсталирање на нови автоматски станици за рано предупредување во Дебарското Езеро.Подновувањето на хидролошката мрежа со автоматски станици, во кое помогнаа нуркачите од клубот „Врело“, значи добивање навремени информации за хидролошката стостојба во сливот на Дрим кои се од клучно значење за создавање функционален систем за рано предупредување од ризици од поплави.Опремата е инсталирана во координација со Електростопанство (ЕСМ), Управата за хидрометеролошки работи UHMR и УНДП во рамките на регионалниот проект за климатски отпорно...
Да се живее поинаку
Post Views: 4 Снежана Џамбазова Попорданоска e доктор по медицина, психолошки советник и доктор на психолошки науки и писател. Taa деновиве е во Охрид каде ја промовира својата најнова книга „Да се живее поинаку – Патување кон самореализацијата“. Станува збор за дело кое е еден неопходен животен прирачник кој ќе им помогне на луѓето да се спознаат себе си. Да го пронајдат значењето на животот, објаснува Попорданоска.„Ова е дело кое што е наменето за сите. Бидејќи наша исконска потреба е да се спознаеме себе си затоа сме и овде нели? Меѓутоа, колку порано се тргне...
Започна мониторингот на црквите во Охридскиот регион
Post Views: 8 Дебарско-кичевската епархија изобилува со православно културно наследство Стручниот тим од ИКОМОС Македонија започна со мониторингот на црквите во Охридскиот регион. Теренските активности треба да ја покажат состојбата на црквите и манастирите во Охридскиот регион.Развојот на црковниот живот по должината на брегот на Охридското Езеро, со својата верска архитектура, фрески и икони, сведочи за исклучителната вредност на овој религиозен и културен центар.Мониторингот ќе биде спроведен од пет теренски тимови, составени од искусни професионалци од различни...
Поетот Валерио Орлиќ на турнеја низ регионов
Post Views: 14 Валерио Орлиќ , хрватски поет роден во Ријека, деновиве во Охрид ја промовира неговата најнова збирка поезија “Љубов распослана по морето”. Вљубеник во убавината и животот, вистински верник во поезијата и добар познавач на балканската книжевна сцена. Неговите размислувања за поезијата се отсликуваат и во неговите стихови преведени на дваесетина јазици во светот. После пауза од две години поради пандемијата, време е уметноста повторно да го заземе своето место во светот, ќе каже Орлиќ.За Охрид вели дека е град кој со својата убавина никого не остава...
Натпревар на најдобри студентски компании
Post Views: 1 Junior Achievement Macedonia петта година по ред организира Национален натпревар на најдобри студентски компании, натпревар на кој средношколците од земјава ги презентираат пред жирито и публиката производите и услугите што ги имаат развиено во нивната студентска компанија.На натпреварот, кој ќе се одржи од 26 до 28 мај во Струга, ќе учествуваат 20 компании од ученици од 13 средни училишта од Берово, Битола, Виница, Велес, Гостивар, Прилеп, Кочани и Скопје.Националниот натпревар за најдобри студентски компании е тридневен настан на кој средношколците од...
Мобилен тим за помош на стари лица
Post Views: 6 На територијата на Општина Охрид активен е мобилен тим на Црвен крст Охрид за поддршка и помош на стари лица на возраст над 65 години.Мобилниот тим на Црвен крст Охрид, еднаш неделно ќе врши набавка на прехрамбени производи, средства за хигиена, лекови и сл. и ќе ги доставува набавените производи до домовите на граѓаните кои побарале асистенција. Граѓаните со сопствени средства ќе го надоместуваат трошокот за набавените производи, а услугата на тимот за набавка и достава на производите е бесплатна.Услугите на мобилниот тим ќе бидат достапни секоја среда...
Меѓународен археолошки симпозиум во Охрид
Post Views: 4 Во катедралната црква Св. Софија во Охрид свечено беше отворена меѓународната археолошка конференција „The Mechanism of Power“.Настанот е од светски карактер, на него ќе учествуваат 50 археолози од Централна Европа и ќе трае до 29 мај.Конференцијата е во организација на Институтот OREA од Виена- Австрија, Институтот за праисториска и рано средновековна археологија и археологија на римските провинции и институтот „Лудвиг Максимилијан“ од Минхен Германија, Институтот за класична археологија на универзитетот Чарлс во Прага и НУ „Археолошки музеј“на Македонија....