Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Дневно во мобилниот, гледаме 150 пати

Post Views: 12 Мобилниот телефон е направа без која голем број луѓе во светот не би можеле да живеат. Зависноста од него стана толку сериозна, што во него проверуваме на секои шест и половина минути, без оглед дали станува збор за порака, повик или статус на некоја од социјалните мрежи.Утврдено е дека оние кои имаат мобилен телефон, гледаат во него веднаш штом ќе се разбудат наутро, бидејќи ги буди алармот кој оваа направа го има. Поради оваа негова функција тој е направата во која и последна луѓето гледаат навечер. Голем број од корисниците на мобилен го користат за проверка на...

Продолжи со читање

Нова рунда разговори помеѓу Јолевски и Василакис

Post Views: 10 Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Службата за информирање на Обединетите нации соопшти дека посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција најнапред ќе води одделни разговори со Јолевски и со Василакис, а потоа ќе биде одржана и заедничка средба.Најавеното продолжување на разговорите во Њујорк следи неполн месец по посетата на Нимиц на Македонија и на Грција. Тој за време на посетата...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита

Post Views: 7 Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 20.02.2016 г. (сабота) организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита 1350мнв до Липова ливада 1650мнв, на планината Галичица, со можност и за искачување на некој од околните врвови.На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заШтита од дожд и ветар, храна и вода мин 1,5 л.,...

Продолжи со читање

Ново минирање кај Врбјани

Post Views: 6 Денес, 17.02.2016 година, од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути ќе има прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево.Прекинот е поради изведување на градежни работи (минирање) на овој патен правец и ќе се случува кај месноста Врбјани.

Продолжи со читање

Седма еко акција на активистите од „Чист Охрид“

Post Views: 6 Овој викенд ќе се реализира седмата по ред еко акција на младите активисти од еко движењето „Чист Охрид“.Овој пат ќе се чисти просторот на полигонот за мали спортови во Охрид, во недела на 21-ви февруари. Збирно место за сите заинтересирани кои скаат да помогнат во акцијата е пред ресторанот „Европа“ во 12 часот. Младите активисти досега спроведоа шест вакви успешни акции на неколку локации во нашиов град.

Продолжи со читање

Кој триумфираше на доделувањето на овогодинешните Греми награди?

Post Views: 11 На синоќешното доделување на Греми наградите рокерите The Black Keys си заминаа со полни раце статуетки, дури четири, а по три дома однесоа раперите Џеј Зи и Каније Вест, мастерот за дуб степ Скрилекс и човекот со најдобара балада, Готје. За разлика од мината година, британската дива и тазе мајка, Адел, си отиде само со една статуетка, за најдобра поп соло изведба за пеењето во живо на Set Fire To The Rain.Наградата за Плоча на годината ја однесоа Gotye Featuring Kimbra за Somebody That I Used To Know. За албум на годината е прогласен Babel на Mumford &...

Продолжи со читање

Дел од Охрид денес повторно без вода

Post Views: 4 Од МЈП „Проаква Водовод Охрид“ информираат дека денес, 16- ти февруари, поради изведба на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „ Јане Сандански“ од семафорите кај охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, како и на улиците „ Сирма Војвода“, „ Карпош Војвода“, „ Мирче Ацев“, „ Ванчо Питошески“, „ Галичица“, „ Никола Карев“, „ 8-ми Септември“ и  „ Лазо Трпоски“.Прекинот ќе биде во периодот од 08.30 до 15.00 часот.

Продолжи со читање

Ескапизам кој ќе ви се исплати

Post Views: 22 Неодамна во Шкотска осамна оглас како создаден за оние кои повеќе не можат да го поднесат лудилото и галамата на големите градови. За да биде уште подобро, платата е повеќе од добра, односно 3.000 евра месечно, а со неа доаѓа и титулата “менаџер на ненаселен остров”, кој годишно го посетуваат 20.000 туристи. Се што треба да направат кандидатите е да се грижат за островот и таму да поминуваат осум месеци годишно. Сместувањето е организирано во дворецот кој се наоѓа таму, а водата и храната се носат од копното.Сепак, љубителите на интернетот нема да бидат...

Продолжи со читање