Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Кривична за измама и злоупотреба на лични податоци

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга. Во текот на ноември 2015 година, пријавениот  со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари....

Продолжи со читање

Поради имотен лист, кривични пријави за 5 лица

Post Views: 11 Станува збор за 61-годишната М.М., вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, против едно засега непознато лице вработено во Општина Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, 56-годишниот М.Ќ. од Биџево и 58-годишниот Н.М., адвокат од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „договор за извршување кривично дело“ и...

Продолжи со читање

Е ај да ве видам рекламирајте се на Оскарите?

Post Views: 13 Оскар ги распродаде сите слободни места за реклами за време на преносот. И иако не е во иста класа со Супер Боул, сепак од емитувањето на една реклама од 30 секунди ќе заработат околу 2,5 пати повеќе отколку што годишно се троши на онлајн рекламирање во Македонија.Блокот од 30 секунди на годинешните Оскари чини од 1,7 до 1,85 милиони долари. Наградите, кои кај маркетинг агенциите се познати како Супер Боул за жени, ќе се емитуваат на ЕјБиСи на 24-ти февруари. Најголемиот дел од позициите биле продадени уште пред Божиќ, а вчера било продадено и последното слободно...

Продолжи со читање

Денес, прекин на водоснабдувањето во центарот на Охрид

Post Views: 6 Од МЈП „Проаква“ информираат дека поради изведба на нова водоводна линија, денесво периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од булеварот „Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„ Јане Сандански“ до пресекот со ул.„ Даме Груев“.Новата водоводна линија  се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „ Туристичка“ и „ Јане Сандански“.

Продолжи со читање

“Grandmaster“ го отвара овогодинешното Берлинале

Post Views: 11 Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, 63-тото по ред ќе биде отворен денеска со филмот Вонг Кар-ваи „The Grandmaster“.На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се најдоа 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Санта и три филмови во кои ќе се појават француски филмски диви. Овогодишниот филмски фестивал нуди избор на разновидни филмови, вклучувајќи ги и остварувањата од Казахстан и Иран кои ќе се борат за главната награда – „Златна мечка“ на првиот европски фестивал во годината. Филмот Ван Санта...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски Комуналец“ го средува кејот

Post Views: 7 Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот свет во Охридското Езеро,  екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” редовно спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира  чистење на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас  во близина на Холандскиот Парк. Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и  камион ФАП), при што се подигнати околу...

Продолжи со читање

Амбасадорот Гарет во посета на Охрид

Post Views: 6 Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Во разговорот беа разгледани повеќе прашања, кои се од интерес за Охрид и Обединетото Кралство. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за која соговорниците се согласија дека треба да се вложат максимални напори и добра волја на сите политички актери, за надминување на постоечката состојба.Градоначалникот Бакрачески го запозна британскиот амбасадор, со плановите за развојот на Охрид и перспективите кои ги нуди нашитот...

Продолжи со читање

Кривична за охриѓанец кој незаконски ловел риба

Post Views: 10 Регионалниот Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец.Лицето се стекна со кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „незаконит риболов”.На 26-ти јануари годинава, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор ,,Охридско Езеро“ на брегот на езерото наспроти плажата „Потпеш“, го затекнале пријавеното лице со метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов. При извршен преглед во чамецот пронајдени биле две рибарски мрежи.

Продолжи со читање