Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“ и „Прилепска“

Post Views: 8 Од јавното претпријатие МЈП Проаква Водовод Охрид информират дека денес ,среда, поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“ и  „Прилепска“, од 09.00 до 12.00 часот.Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Продолжи со читање

„Apple“ доби казна за крадење патенти

Post Views: 6 Компанијата Apple треба да плати 532,9 милиони долари откао сојузната порота утврдила дека софтерот на технолошкиот гигант за iTunes содржи три патенти во сопственост на тексашката компанијата за лиценцирање на патенти Smartflash.Иако Smartflash бараше отштета од 852 милиони долари, пресудата изречена во вторникот вечерта сепак претставува сериозен финансиски удар за Apple, кој во постапката тврдеше дека надоместокот за користење на ови три патенти не може да изнесува повеќе од 4,5 милиони долари.По осумчасовниот судски процес на судот во Тексас, поротата заклучила...

Продолжи со читање

Kако да се уплаши бестрашната жена?

Post Views: 9 Последните години научниците многу научија за стравот.Во тоа им помогна жената која никогаш не почуствувала страв.Ретка болест уништила делови од нејзината амигдала, дел на мозокот одговорен за чувството на страв, поради кој таа станала бестрашна. Не само во експериментите, туку и во животот, оваа жена не покажала страв ни од хорор филмови, ни од змии, ни од пајаци, не ја уплашиле ни со закана за смрт, а не ја уплашиле ни грабежи со пиштол или нож. Иако одсекогаш живеела во дел од градот преполн со криминал, дрога и опасности, студиите покажале, дека поради...

Продолжи со читање

Кривична за турски државјанин за Фалсификување исправа

Post Views: 11 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(44) од Истамбул Република Турција. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена.СВР Охрид, имајќи сознанија за  нелегално присуство на турски државјанин кој поседува турски и најверојатно фалсификувани бугарски документи  со различен идентитет, на 27-ми минатиот месец изврши претрес во домот на пријавениот лоциран на  улицата ,,Даме Груев“ во Охрид. Притоа, пронајдена е, и...

Продолжи со читање

logo

Државата во која оралниот секс е забранет со закон

Post Views: 6 Пред само 100 години законодавците во американската држава Вирџинија одлучиле дека не треба да се мешаат во тоа дали некој пар живее во брак или не.Но сепак, во оваа држава сеуште на сила се неколку бизарни закони. Во викторијанско време цел на законите во Вирџинија биле да се зачува моралот и простојноста на добрите луѓе на Комонвелтот. Така иако вонбрачните заедници биле здозволени, блудничењето не било дозволено во Вирџинија, а блудот во оваа држава имал многу облици.Верувале или не во Законот за злодела против природата стои дека и понатака е забранет оралниот...

Продолжи со читање

Адвокатскиот тим на Општина Охрид подготвува тужби за Охрид SOS

Post Views: 4 Локалната самоуправа со соопштение реагираше на јавно изнесените ставови на еколошкото движење, нарекувајќи го „правно непозната и наводна невладина организација“. Охрид СОС вчера преку соопштение до јавноста ја обвини општината дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот, како и за прекршување на голем број закони, за што најави дека ќе бидат алармирани домашни и меѓународни институции и организации. Според општината, пак, таквите обвинувања се лажни и...

Продолжи со читање

Литургија по повод празникот „Св. апостол Тимотеј“

Post Views: 12 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичев-ски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Продолжи со читање

Охрид SOS vs Оштина Охрид за Лагадин

Post Views: 4 Од еколошкото движење Охрид SOS со обвиниувања до Општина Охрид дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот и покрај официјалниот приговор на месното население против реализацијата на овој план.Фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска плажа што го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година, се...

Продолжи со читање