Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Деновиве започна чистење на уште една депонија во Општина Вевчани.Спасе Кочовски градоначалникот на општина Вевчани на својот фејсбук профил информира дека депонијата која била наменета да биде – депонија за цврст отпад, за жал таа се користела и како депонија за секаков отпад.Кочовски додаде дека нејзиното постојано чистење општината ја чини многу финансиски средства. Тоа се пари на сите нас граѓаните.Упати апел повеќе да не се користи оваа локација за транспортирање на отпад, тоа е веќе строго забрането. Исто така со цел заштита на просторот ќе...
Фестивал на ракија во Винскиот музеј
Post Views: 7 Директорт на АППТ, д-р Љупчо Јаневски на покана на здружението Ж’та беше дел од фестивалот на ракија, кој за првпат се одржува во дворот на Винскиот музеј.„Винскиот туризам е значаен сегмент од развојот на туристичката понуда и АППТ ќе продолжи активно да го промовира, зошто истиот генерира раст на локалната економија” – изјави директорот Јаневски.На фестивалот се претставуваат производители од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион, но и од други места. Од Винскиот музеј велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат настаните посветени...
Какви тајни крие локалитетот Врбник?
Post Views: 6 Меѓународен тим археолози ќе го истражува подвoдниот локалитет Врбник. Првата фаза од истражувањата лани потврдија дека наколната населба датира од раното железно време. Палео ботаничката анализа ќе го отслика начинот на животот на населението и нивната исхрана. Археолози од Швајцарија, Германија и Полска ќе истражуваат еден месец почнувајќи на 5 јуни годинава.„Остатоци на семиња кои се останати во културолошките слоеви тие одредуваат со што се се храни населението во тој период. Така да ќе имаме можност да видиме како се живеело и луѓето како се...
Одбележан Денот на Сесловенските просветители
Post Views: 4 Одбележан Денот на Македонските и Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Во Домот на култура „Св.Кирил и Методиј“ во Кошишта утрово се одржа Панихида и свеченост во чест на светителите. Потоа на градскиот кеј, пред споменикот на големите дејци, претставници на образовните и културните установи од градот, како и делегација на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред монументалниот споменик.„Прво сакам да го честитам денешниот празник 24 мај, Денот на македонските просветители, Св. Кирил и Методиј.Токму кога станува збор за овој празник ние...
Се намалува бројот на пеликани во земјава
Post Views: 3 МЕД заедно со соработници од ПП Езерани и НП Галичица учествуваа во меѓународното пребројување на пеликани во ЈИ Европа.Годинава пребројувањето е јубилејно за Македонија – се слави јубилеј, десет години. Потфатот беше координирана активност со соработниците од Грција (Друштво за заштита на Преспа, SPP) и Албанија (Друштво за заштита и зачувување на природната средина во Албанија, PPNEA) на територијата на Преспанскиот регион.Овогодинешните резултати од пребројувањето го покажаа влијанието на инцидентот со птичјиот вирус на Малото Преспанско...
НП Галичица и пријателите поблиску до вас
Post Views: 4 Денес се одржа Отворен ден „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“, со цел промоција на сите туристички вршители на дејност и самиот парк.Нациноналниот парк Галичица, нуди совршена можност за промоција на сите даватели на туристички услуги од регионов.Љубовта кон вкусната храна, онаа подзаборавената, за многумина и првпат вкусена и љубовта кон природата секогаш одат заедно. Питулици, ѓомлезе, под сач подзаборавените комад , кошмишпите, преснец , во комбинација со неверојатната убавина на Галичица, се нешто на што ниту еден турист без...
Во Дебрца првиот откупен центар на коскесто овошје
Post Views: 6 Општина Дебрца набргу ќе го добие првиот откупен центар за откуп на коскесто овошје од земјоделските производители.Трговското друштво Али Фреш Фруит ДОО Ресен, кое се занимава со откуп на големо на овошје и зеленчук и кое за наредните 10 години го закупи деловниот простор во големата сала во поранешниот задружен дом во село Требеништа. Деновиве интензивно врши адаптација на откупниот пункт.Според бизнис планот се вршат работи на реконструкција на подната подлога, изградба на влезна врата и рампа, затворање на прозорите, електрична инсталација.Во...
На секој жител по една депонија во струшко Луково
Post Views: 4 Диви депонии ги дочекуваат посетителите на селото Луково кое се наоѓа на дваесетина километри од Струга. Општинското комунално претпријатие не го собира отпадот од селото. На поголем дел од жителите најлесно им е да го фрлаат на падините на планината Рујница или по течението на Црн Дрим.„Состојбата во Луково се пресликува во голем број села во Македонија. Иако дивите депонии се директна закана за природата и за населението, политичарите триесет години од осамостојувањето на државата не најдоа формула за решавање на проблемот со несоодветното одлагање...