Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 48 Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.-Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски.Министерот Тодоров рече...
Крими протест
Post Views: 51Членовите на Здружението на дипломирани криминалисти денес одржаа протести пред зградата на Владата на Република Македонија. Причина за протестот, како што се вели во најавата, е непроменета состојба на невработеност на дипломираните криминалисти, кои студиите ги завршиле пред четири години Пред точно еден месец се обративме до Премиерот Никола Груевски да побараме средба и нагласивме дека доколку со него лично не ни биде одобрена средбата во рок од еден месец ќе протестираме пред Владата, истакна Андрија Рашиќ , претставник на Здружението. {loadposition content9}
Приведен охриѓанец кој сакал да бега со кокаин
Post Views: 46 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (25) од Охрид.На втори мај оваа година околу 06 часот и 20 минути, пријавениот се обидел да им избега на полициските службеници кои пристигнале пред неговата куќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид. По судска наредба, полициските инспектори требало да извршат претрес во домот и патничкото моторно возило на пријавениот. Тие, во моментот на пристигнување, го забележале М.О. како по пиџами излегува...
Повторно се чисти коритото на реката Грашница
Post Views: 49 Само околу еден месец откако коритото на реката “Грашница” беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за”Јавна хигиена” на “Ј.П. Охридски Комуналец”, се јавува повторна слика од околните куќи и жителите кои гравитираат во околината каде што се ангажирани 2 комунални работници и се собира комуналниот отпад.Се апелира до околното население да не го депонираат отпадот во речното корито затоа што со надоаѓање на водата во реката истото ќе се најде во Охридското езеро и ќе се предизвика поголем проблем.
Јанош Мартоњи во посета на Македонија
Post Views: 51Министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи денес и утре престојува во посета на Република Македонија.Министерот Мартоњи за време на посетата ќе се сретне со својот колега, Никола Попоски.Според соопштението од МНР, двајцата министри се очекува да разменат мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и да биде пренесено очекувањето за поддршка од унгарска страна во наредниот период, во насока на интегрирањето на Република Македонија во евроатланските структури.За време на посетата на министерот Мартоњи е предвидено и...
„ЕВН Македонија“ издаде нови попрегледни фактури
Post Views: 97 ЕВН ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури.Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни.– Во фактурите што корисниците ќе ги добиваат во иднина, наведени се податоци за корисникот и за фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и...
Седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 45 На дневен ред на 47-то издание на седницата на советот ќе се најде Предлог Одлука за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2016 – 2018 година, како и Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија за наредната 2016 година.Советниците ќе ги усвојуваат активностите на општина Охрид во областа на образование, детска заштита , спорт и рекреација,...
ВИКТОРИЈА ЛОБА, БОБИ МОЈСОСКИ,„КОМПАС БЕНД “И „БИЛЈАНА ЈУНИОР“ ЗА ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО ОХРИД
Post Views: 46 Музичките ѕвезди Викторија Лоба и Боби Мојсоски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та Година во Охрид.Градоначалникот Никола Бакрачески ги покани сите охриѓани и гости најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад. – Се надевам дека одзивот на граѓаните на Охрид и гостите ќе биде одличен. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да биде препон со гости за...






