Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Кармен Бауцентар верен на своите потрошувачи

Post Views: 14 Водечкиот продажен центар во охридскиот регион „Кармен Бауцентар“, во текот на наредните два дена 20 ти и 21 мај, односно петок и сабота, организира саем на рачен професионален алат и материјали од градежништво. Во текот на овие два дена, по неверојатни попусти од 20-40 % ќе може да се купат светските брендови на професионален рачен алат од марките Девалт, Стенли, Графит, и други, набројува Никола Велјаноски менаџер на продажба во Кармен Бауцентар. Бидејќи се лидери на пазарот за градежни материјали, за оние чијшто интерес се градежните материјали, следува посебно...

Продолжи со читање

Започна чистењето на крајпатната вегетација во Дебрца

Post Views: 3 Службите на ЈПКД Дебрца и ангажираните лица за одржување на чистота на јавни површини при Општина Дебрца започнаа со чистење на крајпатната вегетација.Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, на својот официјален фејсбук профил, напиша дека согласно планот за работа предвидено е во текот на месец Мај да бидат исчистени комплетно сите прометни патни правци во сите населени места во оваа општина.

Продолжи со читање

Првата заедничка литургија меѓу МПЦ – ОА и СПЦ

Post Views: 4 Македонските и српските архиереи пред половина час почнаа да служат литургија за помирување во Храмот „Свети Сава“ во Белград.Српскиот патријарх Порфириј вчера ја пречека македонската цркована делегација, а од чинот на пречек и од поздравувањето постави видео на својата Фејбук-страница.Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар и Тимотеј, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум во Охрид и Архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон во Скопје.Синодот на Македонската православна црква –...

Продолжи со читање

Денес се слави празникот Преполовение – Руса Среда

Post Views: 42 Меѓу подвижните празници и во црковниот и во народниот календар значајно место има празникот Преполовение, меѓу народот познат како Руса Среда. Празникот се слави на средината меѓу Велигден и Духовден.Овој празник секогаш е во среда. Затоа освен Руса Среда се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно половина до Духовден. Меѓу нашиот народ празникот Преполовение важи за народен празник и е проследен со многу обичаи и верувања. Се работи за голем Господов празник, кој води потекло уште од Стариот завет.Имено, важноста на празникот се...

Продолжи со читање

Се асфалтираат краците на „Даме Груев“

Post Views: 6 Започнаа активностите за асфалтирање на трите краци од улицата „Даме Груев“.Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри.Овој проект се реализира преку соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари.

Продолжи со читање

Мониторинг на православното културно наследство

Post Views: 10 Започна проектот „Мониторинг на православното културно наследство“. Стручните тимови на ИКОМОС Македонија започнаа со своите теренски активности во рамките на проектот.Тимот кој ќе прави мониторинг на православното наследство во Скопската и Повардарската епархија започна со оцена на состојбата на црквите и манастирите во Велес и велешко.На 5 мај 2022г. во дворот на манастирот Св.Пантелејмон во Нерези беше означен официјалниот почеток на проектот. Настанот беше организиран од страна на ИКОМОС Македонија кој е и носител на проектот и МПЦ-ОA....

Продолжи со читање

Грант од 3 милиони евра за македонското образование

Post Views: 5 Македонската образовна инфраструктура ќе се подобри со помош на финансиска инјекција тешка три милиони евра, од Банката за развој при Советот на Европа. Ова го изјави на денешната прес конференција министерот за Образование и наука, Јетон Шаќири.За нас како земја во развој, со прилично ограничен буџет, овој износ е многу значајна поддршка. И уверувам дека средствата правилно ќе бидат искористени и во интерес на децата. Согласно анализата која МОН ја направи во изминатиот период која покажа во кои училишта е најприоритетно да се вложи за да се обезбедат подобри...

Продолжи со читање

Mониторинг станица за мерење квалитет на воздухот

Post Views: 5 Охрид добива автоматска мониторинг станица за квалитет на воздухот. Станува збор за уред кој ќе биде дел од Државниот Автоматски Мониторинг Систем со кој управува МЖСПП.Во објавениот оглас за јавна набвка, кој е извадок од службен весник, наведена е набавка на една автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиенталниот воздух со вклучена обука за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух за 2022 година.Планирано е со мониторинг станицата ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со...

Продолжи со читање