Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Охрид за Нова година ќе биде поразличен и поубав од лани

Post Views: 5 Охрид за новогодишните празници ќе биде уште поубав и поукрасен од лани, најавуваат од Локалната самоуправа. Во Одделението за јавни набавки во тек е изготвувањето на тендерот за новогодишно украсување на градов. Ќе се бара најдобриот понудувач кој ќе го облече Охрид во новогодишно руво. Интензивно се размислува и за програмата со која охриѓани и гостите ќе се забавуваат на градскиот плоштад.„Охрид од година во година треба да биде што поубаво украсен. Тоа е интенција на оваа локална власт. Издвоени се средства од буџетот за оваа намена, сега треба да се запазат...

Продолжи со читање

Демо Илбер доби клуч од социјален стан

Post Views: 5 Демо Илбер денес доби клуч на рака од стан во социјалната зграда во Охрид. Со тоа е решено  станбеното прашање на десетчленото семејство. Илбер пред нецел месец  на нашиот медиум јавно ја сподели неговата животна сторија, како во дрвена барака живее во супстандардни услови, која требеше во рок од осум дена да ја напушти. Денес тагата на Демо заменета е со слози радосници. „За мене овој стан, е како повторно да се родив, пред се заради децава, овие услови верувам дека ќе се многу подобри за моите деца. Децата често ми се разболуваа во бараката секој месец одев во...

Продолжи со читање

Во сабота и недела литургии по повод „Св.Архангел Михаил“

Post Views: 4 Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека на 21- ви ноември,сабота, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети Архангел Михаил“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 22 ноември, недела, во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото...

Продолжи со читање

Нова кривична пријава за поранешниот охридски градоначалник

Post Views: 8 По завршување на истражната постапка и прибирање на сите потребни докази во предметот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид  во Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен акт против екс градоначалникот на Охрид, за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.Осомничениот се товари дека во март  2013 година, како службено лице – градоначалник на  општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување, бидејќи во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање...

Продолжи со читање

До крајов на неделава ќе се санира улицата Сатеска

Post Views: 8 За да се вози по улицата Сатеска треба голема умешност. Граѓаните се жалат дека ги искршиле своите автомобили поради прекопите кои се наоѓаат на самиот коловоз и кои е многу тешко да се избегнат. Ваквата состојба е од пролетта, кога на улицата се вршеле зафати за поставување атмосферска канализација. Овој проблем, кој ги тангира жителите од урбаната заедница Воска, на последната седница на советот на општина Охрид го истакна и советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска. Во име на граѓаните од оваа урбана заедница апелирам што побрзо улицата...

Продолжи со читање

Новата „филмска икона“

Post Views: 6 Холивудската глумица Мишел Фајфер, која досега три пати беше номинирана за Оскар е овогодинешната добитничка на наградат „Икона на филмот“.Наградата се доделува на лицата кои придонеле на филмската индустрија, а на оваа актерка ќе и биде доделена на Конвенцијата СинемаКон во Лас Вегас во април.– Мишел Фајфер е една од вистински водечките дами во филмската индустрија, изјави Мич Неухаузер, директор на СинемаКон.Во Лас Вегас ќе и биде доделена награда и на глумицата Шарлиз Терон за исклучително десетлетие на достигнувања во филмот.Фајфер често беше номинирана и...

Продолжи со читање

На неколку локации низ градов ќе се прават мини зелени пазарчиња

Post Views: 11 Ќе се прават мини зелени пазарчиња на неколку локации во градов. Од ЈП „Градски пазар“ најавуваат дека онаму каде што во моментов имаат поставено тезги за продажба на зеленчук и овошје од индивидуални производители, се планира да се постават десеттина тезги кои ќе бидат убаво осмислени и функционални. Во тек е изготвувањето на проектната документација и на проектот со кој ќе биде осмислен просторот. Мини пазарчињата ќе ги имаат сите потребни услови за работа. Ќе има струја вода и тоалети.„Работиме интензивно на тоа. За брзо време ќе имаме и градежни активности....

Продолжи со читање

Фризура како „клетник“

Post Views: 11 Актерката Ен Хатавеј за потребите на улогата во својот најнов филм Лес Мисераблес, ја скрати косата на само еден сантиметар.Таа била забележана како напушта еден Лондонски паб со сосема нов имиџ. За потребите на филмот, таа ќе мора и многу да ослабне.Таа игра улога на самохрана мајка која работи во фабрика, но за да може да го прехрани своето дете принудена е да се занимава и со проституцаја, а на крајот ќе мора и да ја скрати и продаде својата коса. Додека многу ѕвезди само би ставиле перика, Ен навистина ја пресече својата долга коса, со цела по автентично да ја...

Продолжи со читање