Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 11 Јавното претпријатие „Градски пазар“ ја проширува својата дејност. Од денес ќе се занимава со правење и одржување тезги, дрводелски работи, одржување на покривни конструкции, а планирано е да отворат и градска авто перална каде ќе одржува хигиената на автомобиилите со кои располага локалната самоуправа и јавните претпријатија, но и автомобилите на граѓаните на Охрид.„Со овие нови дејности ќе се зголеми буџетот на претпријатието, а и ќе се ангажираат некои од вработените кои моментално имаат помал обем на работа“, вели Тони Коталески, директорот на ЈП Градски...
Дел од Охрид во понеделник без вода
Post Views: 5 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија, во понеделник 16- ти ноември, ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Партизанска“, „Спас Банџов“, дел од Јане Сандански и дел од „Кеј Македонија“.Прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 до 14:00 часот.
ОХРИДСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ПРЕЗЕНТИРАНА ВО СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА
Post Views: 6 Презентацијата на Охрид како туристичка дестинација со широка палета на туристички производи предизвика голем интерес кај посетителите на манифестацијата, при што најголем број од прашањата беа во насока на можноста да се користат директни авионски линии за Охрид. Во склоп на активностите се разговарало и за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Охрид и Нојкиршен, меѓутоа и со градот партнер на оваа манифестација Устрон, од Република Полска. Регионот на градовите Нојкиршен-Флин, Морс, Есен, Оберхаузен, Крефелд, Диселдорф, Фенло, географски се наоѓа во...
Минирање кај Пресека-Врбјани
Post Views: 7 Од АМСМ информираат дека денес 13.112015 поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, ќе има прекин на сообраќајот.Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 13 до 15 часот.
Охридски комуналец ќе подига зелен отпад во Видобишта
Post Views: 8 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот...
Прекини во снабдувањето со електрична енергија денес во Охрид
Post Views: 9 Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, денес, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можни се повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на...
Премиерот Груевски денес во Охрид
Post Views: 6 Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денес во посета на Охрид.Заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ќе присуствува на свеченоста по повод почетокот на изградба на затворениот базен во Охрид. Покрај тоа предвидено е Груевски да ја посети Филмската академија, по што со градоначалникот Бакрачески свечено во употреба ќе ја стават реконструираната улица „Ристо Чадо“.Според најавите, премиерот ќе оствари средби со жителите на Лескоец и Велгошти.
Интензивно се работи на кружниот тек кај „Охридска банка“
Post Views: 9 Интензивно се работи на изградбата на двојниот кружен тек на крстосницата на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Македонски поросветители“.Во завршна фаза е изгадбата на примарниот круг со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг со дијаметар од околу 3,5 метри. Веднаш потоа ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја, со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница.На овој простор веќе е поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од...