Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид денес ја пушти во употреба реконструираната водоводна линија на ул. Сатеска.Со реконструкцијата беа поставени нови полиетиленски цевки профил ф 63mm во должина од 80m кон која ќе се вршат преприклучувања на околните индивидуални објекти.
Кривична пријава за 5 лица, запленети скоро 3 кг марихуана
Post Views: 10 Министерството за внатрешни работи реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со марихуана. Од страна на Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против М.А.(32), А.А.(37) и К.М.(55) од Скопје, Ф.Т.(33) од Струга и Д.Б.(29) од Р.Албанија сите членови на криминалната група, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” по...
Кривична за кичевчанец за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги
Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х. (45) од Кичево.На трети овој месец, пријавениот, по претходен договор остварил средба со З.В. од кичевското село Трапчин дол при што му продал една помала опаковка со хероин. При претрес во домот на пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа две пластични боци со непозната течност најверојатно метадон и една самоделска цевка од...
Од недела поседувајте пропишана зимска опрема
Post Views: 6 Од недела 15-ти ноември 2015 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини.Според одредбите од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот задолжителна зимска опрема, моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на...
Светски ден на аутизмот
Post Views: 10 Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Кај нас се одржува по вторпат, а централната манифестација ќе се одржи на плоштадот Македонија.Аутизмот практично е серија најразлични пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или формирање пријателства.Многу почесто е дијагностициран кај момчињата, отколку кај девојчињата.Научниците не знаат што е причината за појавата, но и покрај генетските предиспозиции, најново е што акцентот е ставен на еколошките фактори или на комбинација од двете.Д-р Исак Песах од...
Прекин на водоснабдувањето на ул. „Трајче Трајчески“
Post Views: 6 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, среда, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Трајче Трајчески“.Прекинот ќе биде во период од 09:00-12:00 часот.Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отклонување на дефектот.
Сe помалку се почитува Законот за забрана од пушење
Post Views: 10 Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред четири години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон, а за прекршителите се изрекуваат глоби. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и...
Десет „Златни малини“ за Адам Сендлер
Post Views: 8 Комичарот Адам Снедлер и неговиот филм „Џек и Џил“, ги урнаа сите рекорди на доделувањето на наградите „Златни малини“, за најлоши филмски остварувања во 2011 година. Сендлер со неговиот филм освои „награди“ во дури десет категории, вклучувајќи ги и оние за најлош актер и најлош филм. Фондацијата „Златна малина“ објави дека комедијата во која Сендлер, ги доби наградите за најлоша машка и женска улога, како и за најлош филм, режија и сценарио, ги соборил сите рекорди во 32-годишното постоење на оваа манифестација. „Победниците“ на манифестацијата ги одредува жири...