Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

dimitrija

Литургија по повод празникот Митровден

Post Views: 16 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 ноември 2015 година (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка Маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Продолжи со читање

zelen

Започнува акцијата на „Комуналец“ за подигање зелен отпад на територијата на Охрид

Post Views: 12 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„).Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат...

Продолжи со читање

sdsm

Честитка од ОО СДСМ Охрид по повод 7-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 13 Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија.Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 71 година ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги...

Продолжи со читање

асуре

ОУ „Братство Единство” ја продолжува традицијата на подготовка на ашуре

Post Views: 13 Ученици и наставници од трите наставни јазици, денеска во просториите на ОУ „Братство Единство”,  го подготвуваа најстариот десерт во историјата- ашурето. Мотото на денешната активност, која во училиштето веќе станува традиција, беше „Богатството е во различностите”. „ На почетокот на оваа учебна година, нашето училиште го доби знамето за модел училиште од страна на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Ова знаме е потврда за заслугите на  ОУ „Братство Единство” во беспрекорната имплементација на Проектот, но и морална обврска на сите вработени да...

Продолжи со читање

ulica

ЈП „Никоградба“ поставува фекална канализација на дел од ул. „Стив Наумов“

Post Views: 16 ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на фекална канализација на крак од улицата „Стив Наумов“.Ќе се поставуваат цефки со дијаметар Ф 200 и ке се врши преприклучување на објектите на потегот на кој се изведуваат активностите. Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи  кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.

Продолжи со читање

Aretha Frenklin

Арета Френклин наполни 70 години

Post Views: 17 Легендарната пејачка Арета Френклин го прослави 70 роденден, но воедно најави и повторна соработка со својот музички ментор Клајв Дејвис. На раскошната вчерашна роденденска забава, кралицата на соулот пречекала многу познати имиња како што се Дајан Соер, Ал Шарптон, пријателот и вереник Вили Вилкерсон, но и легендарниот Клајв Дејвис, продуцентот заслужен за нејзиното големо враќање во 1980-те години. -Повторно потпишав за Клајв и снимаме нов албум – рекла Арета за „Асошиејтид прес“. Се осврнала и на биографскиот филм кој наскоро треба да почне да се снима, но...

Продолжи со читање

znak

Минирање помеѓу Пресека и Врбјани

Post Views: 15 Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, денеска ќе има прекин на сообраќајот.Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 14 до 16 часот.

Продолжи со читање

aktivnosti

ЈП „Нискоградба“ работи на тротоарите на улицата „Јане Сандански“

Post Views: 20 ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на тротоар на Бул. Јане Сандански на потегот од раскрсницата кај гимназијата Св. Климент Охридски наспроти учителската зграда во должина од 100 метри.Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови.Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег како и се зголемува безбедноста на учесниците во...

Продолжи со читање