Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Летачката Мери

Post Views: 8 Стоиедногодишната американка Мери Хардисон денеска официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди, како највозрасна жена која летала на параглајдер за двајца.Стоиедногодишната американка Мери Хардисон денеска официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди, како највозрасна жена која летала на параглајдер за двајца.Хардисон леташе на параглајдер на 1 септември 2011 година, на својот 101 роденден, додека четири генерации на нејзиното семејство ја следеа во живо и навиваа за неа.Гинисовата рекордерка оијаснила дека посакала да лета со параглејдер, откако нејзиниот...

Продолжи со читање

Со Аспирин против ракот

Post Views: 11 Секојдневното земање на мала доза „Аспирин“ може да го спречи ширењето на ракот низ телото, а евентуално и да го лекува, покажува студијата на група научници од Универзитетот во Оксфорд.Научниците тврдат дека првпат се откриени антиканцерогените својства на овој одамна познат лек, откако испитувањата што се правени врз 77.000 пациенти покажале дека „Аспиринот“ го намалува ширењето на канцерот низ телото за 36 отсто. Професорот од оксфордскиот Универзитет Питер Ротвел тврди дека станува збор за едно мошне значајно откритие.– Болните може побрзо да умрат како...

Продолжи со читање

Нов сообраќајен режим кај Охридска банка

Post Views: 6 Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици  при општина Охрид  информираат  дека на ден 1.11.2015 година(недела), поради премин кон новиот режим на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“ семафорскиот систем ќе биде  надвор од употреба и моторниот сообраќај ќе отпочне да се одвива по новиот кружен тек.Меѓу другото се известуваат граѓаните  дека за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани. Со оглед на тоа...

Продолжи со читање

Охридското здравство се менува на подобро

Post Views: 6 Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.Според него, од 2006 година наваму, охридското здравство има доживеано драстично позитивни промени во набавувањето медицинска опрема и во подобрувањето на здравствените услуги на пациентите.– Во делот на дијагностиката на болести се набавија најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се...

Продолжи со читање

Нема нова давачка поврзана со фискалните каси

Post Views: 5 Управата за јавни приходи најостро ги осудува обидите на одредени политички фигури за дезинформирање на бизнис заедницата и граѓаните за наводно воведување на нова јавна давачка поврзана со ГПРС фискалните апарати.Управата за јавни приходи нема воведено дополнителни давачки, што значи “нула“ прилив во буџетот, а не 12 милиони евра како што се тврди за да се пополнат буџетски дупки. Целта на дезинформациите е очигледна – една од подобрите проекти на даночната администрација со позитивни оценки не само од бизнис заедницата, туку  и од сите релевантни меѓународните...

Продолжи со читање

Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните

Post Views: 3 Ова, на претседателот на охридскиот совет за безбедност м-р Стефан Димоски му го кажа претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски. Тој, заедно со други претставници на Републичкиот совет, викендов го посети општинскиот совет во Охрид и имаше работна средба со претседателот Димоски и членот на советот м-р Флорентина Стерјовска. Тие информираа за досегашната работа на општинскиот совет, за реализираните проекти од јуни кога се оформи советот во нов состав се до септември годинава. На работниот состанок, меѓу...

Продолжи со читање

Турски студент во Струга фатен со марихуана

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци  и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција.На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот,  извршен е претрес  во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа,  во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама. Пријавениот К.Х.  кој е студент на еден...

Продолжи со читање

Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“

Post Views: 6 Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот.Тие под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче заучениците.

Продолжи со читање