Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 9 Од АМСМ информираат дека поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево кај селото Извор, во среда на 21-ви октомври 2015 година ќе има прекин на сообраќајот.Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 15 до 17 часот.
Семафорите кај Рача никако да проработат
Post Views: 5 Од Локалната велат дека тие уште пред почетокот на летната сезона завршиле со своите обврски. Се чека Агенцијата за патишта да ги пушти во употреба, а од таму не знаат кога тоа ќе се случи.Семафорите кои се ставени на раскрсницата кај населбата Рача сеуште се само декор. И после четири месеци од поставувањето на оваа вертикална сигнализација со цел подобрување на безбедноста на овој патен правец, сеуште не се ставени во функција. Од Локалната самоуправа велат дека тие немаат ингеренции на овој патен правец бидејќи станува збор за регионален, а воедно и...
Работилници за меѓуетничка интеграција
Post Views: 5 Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во с.Велгошти денеска се одржаа неколку заеднички работилници во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализираа со партнерското основно училиште „Фаик Коница“ од селото Доброште од општина Теарце.На активностите, покрај учениците, родителите, претставниците на УСАИД, секторите за образование, бирото за развој на образованието и просветниот инспекторат, присуствуваа заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев и градоначалникот на општина Теарце Исен Хасани.Во рамки на проектот...
Превентивата е најдобар лек за остеопорозата
Post Views: 6 По повод светскиот ден на борба против остеопорозата 20 Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек, кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените...
Градоначалникот Бакрачески на израелската интернационална конференција на градоначалници
Post Views: 3 Во рамки на работната посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим.На конференцијата градоначалникот Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско- Еврејскиот Конгрес, г-динот Џек Росен. Попладнето Бакрачески присуствуваше на церемонијата на полагање цвеќе во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот во Јад Вашем музејот во Ерусалим, а потоа...
Приведено лице од кичевско осомничено за киднапирање и силување
Post Views: 7 Во саботата во полициската станица во Кичево, приведен е Р.Л. (55) од кичевското село Колибари. Него, јавниот обвинител му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. По насоки на обвинителот, полициските службеници со приведениот водат разговори во врска со постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“.Лицето е приведено откако вчера околу 18 часот, во полициската станица во Кичево, против него е поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два...
Неколку улици во Охрид денес без вода
Post Views: 8 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, петок, 16- ти октомври, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците Ристо Чадо, Момчило Јорданоски, Андреа Јованоски и Прва Македонска Бригада.Прекинот во водоснабдувањето ќе биде до 15 часот.Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Охриѓанец заработи кривична пријава за бесправно градење
Post Views: 8 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.П. (66) од Охрид.Пријавениот, во својство на инвеститор, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган правосилно во управна постапка, на свое земјиште-катарстарска парцела КП.бр.11188/1 КО Охрид 2, изградил стамбен објект – надградба на индивидуална стамбена куќа како објект од втора категорија на градби.Во текот на август оваа година, на улицата „7 ноември“ во Охрид, при контрола на катастарската парцела,...