Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад во Видобишта

Post Views: 8 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Продолжи со читање

Охрид ќе добие поголем Центар за лица со интелектуална попреченост

Post Views: 8 Во рамките на центарот ќе бидат згрижени и лицата со аутизма. Државата за оваа година не може да обезбеди вработувања за стручни лица кои ќе работат со овие лица, но затоа општината е подготвена финансиски да помогне да се ангажираат стручни лица за потребите  на центарот. Прифатена предлог одлуката  Охрид  да добие поголеми простории за функционирање  на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Во рамките на тој центар ќе бидат згрижени и лицата со  аутизам. Просториите ќе бидат сместени во ОУ Братство Единство на 210 метри квадратни.  Владата...

Продолжи со читање

Отворени денови на катастарот повторно во Охрид

Post Views: 11 Одделенијата за Агенцијата за катастар на недвижности и одделенија на Управата за имотно-правни работи во Охрид денеска и утре ќе ја спроведат акцијата „Заеднички отворени денови со граѓаните“.На денешната средба со грѓаните во Охрид ќе присуствуваaт директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстаноски.Акцијата која ќе се реализира во периодот од 9 до 17 часот има за цел да им овозможи на сите граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и имотно правните односи да се...

Продолжи со читање

Пензионерите и сообраќајот

Post Views: 6 Подигнување на степенот на безбедност и на јавната свест кај пензионерите и повозрасните лица како ранлива категорија учесници во сообраќајот и мислења за поактивен придонес за безбеден сообраќај, беа темите на работниот состанок што денес, на иницијатива на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, се одржа со Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца.Како што истакна Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, пензионерите се специфична категорија учесници во...

Продолжи со читање

Премиера на претставата „Музичка енциклопедија“

Post Views: 12   НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид и Народен Театар Охрид Ве покануваат на премиера на театарска претстава „Музичка Енциклопедија“ во режија на Горги Ризески.Премиерата ќе се одржи во четврток, 15.10.2015 година во19.00 часот во малата сала. Предпремиерата и средбата со актерите е закажана во среда 14.10.2015 година во 15.30 часот.

Продолжи со читање

Нови чартер летови од охридскиот аеродром

Post Views: 11 Тим предводен од Генералниот Директор на Arkia Itnernational, Дуду Макхлаб, на состанок со Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, потврди дека започнуваат чартер летови кон Охрид почнувајќи од 1-ви јуни 2016 година.Планирани се два чартер летови неделно, а во моментов е во проверка на сместувачките капацитети низ Македонија, по што се очекува да се склучат договори за сместување на туристите од Израел во наредните три недели.Република Македонија со ова влегува во понудата на уште еден голем...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Осломеј

Post Views: 6 Десет лица  се здобиле со тешки а десет други со лесни телесни повреди  во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци. Во тешката сообраќајна незгода учествувале мини бус марка „Мерцедес“ и комбе марка „Фолксфаген“ кои по регионалниот пат се движеле од Кичево кон Осломеј како и едно товарно возило марка „Форд“ што сообраќало од спротивниот правец.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бусот „Мерцедес“ кој превезувал 18 патници-работници во РЕК „Осломеј“ започнал...

Продолжи со читање

Нема траги на насилство на пронајденото безживотно тело

Post Views: 9 Телото било забележано од случаен минувач во возило Форд паркирано во автокампот „Андон Дуков“. Минувачот го забележал безживотното тело во автомобилот по што веднаш ја алармирал охридската полиција.Полицијата веднаш пристапила на местото заедно со јавен обвинител и го започнала увидот на местото на настанот.Неофицијално се работи за машко лице на 45 годишна возраст и дека во неговиот автомобил е забележан и еден куршум.По налог на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција на телото.Порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски во изјава за Охриднет рече дека врз...

Продолжи со читање