Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Светски ден на првата помош

Post Views: 5 По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември општинската организација Црвен крст во текот на утрешниот ден ќе организира низа настани.На плоштадот „Свети Климент Охридски“ од 10 до 15 часот ќе се одржи презентација на вештини за укажување на прва помош.-Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите оние посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала кои ќе ги имаме на...

Продолжи со читање

„Вози трезен-стигни жив“

Post Views: 4 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира  кампањата „Вози трезвен-стигни жив“.На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и...

Продолжи со читање

Комуналец ќе подига кабаст отпад во центарот на Охрид

Post Views: 8 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“; и нас.„Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на...

Продолжи со читање

Охридско возило, оштетно во Калитеа, Грција

Post Views: 7 Во текот на изминатиот период, граничната полиција на граничниот премин „Богородица“ евидентирала неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Грција.Помеѓу нив е и возилото „Цитроен Ц4“ со охридски регистарски озаки кое било оштетено во летувалиштето Калитеа. Според информациите од граничната полиција на возилото со остар предмет му биле изгребани двете страни од преднииот до задниот фар и му бил оштетен знакот „МК“ на задната страна од возилото.Освен оштетувањето на ова возило во перидот од 28-ми август до 8-ми септември 2015...

Продолжи со читање

Вевчанец незаконски издавал одобренија за сеча

Post Views: 11 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.Пријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040,оо м3 дрва, од кои се исечени и со...

Продолжи со читање

Ке се реновира Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид

Post Views: 5 Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.Од средината на месец октомври се очекува да започнат градежните работи за реконструкција на болницата кои треба да завршат во рок од 18 месеци или до април 2017 година, најави министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров.Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески го честита Денонт на Независноста на РМ

Post Views: 7 Градоначалнико Никола Бакрачески, по повод 8-ми септември Денот на независност на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Охрид.„Изминувааат 24 години кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независност на нашата татковина, Република Македонија. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмслено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот...

Продолжи со читање

„Купи куќа, купи стан” во среда во Охрид

Post Views: 4 Охриѓани по втор пат ќе може да се информираат за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на презентацијата, што ќе се одржи во среда на 9-ти септември во просториите на општина Охрид со почеток во 17 часот.На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја...

Продолжи со читање