Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Денот на независноста неработен ден за сите македонски граѓани

Post Views: 4 8-ми септември се прославува како Денот на независноста на Република Македонија.Согласно Законот за празниците на Република Македонија, Министартвото за труд и социјална политика соопшти дека овој празник е неработен ден за сите македонски граѓани.

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ започнува со акцијата за подигање кабаст отпад

Post Views: 7 Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015...

Продолжи со читање

Министерски состанок за мигрантите во Охрид

Post Views: 5 Неопходните чекори што треба да бидат преземени за задржување на вонредниот притисок на мешаната миграција е целта на меморандумот за разбирање што ќе го потпишат министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија.Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија, Митко Чавков, Јохана Микл Лајтнер и Небојша Стефановиќ, како и заменик државниот секретар на МВР на Унгарија Кристина Берта ќе потпишат меморандум за разбирање посветен на чекорите за справување со вонредниот притисок на мигрантите и бегалците што ги засега овие земји.Се...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа кај Лагадин

Post Views: 14 Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин. По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20)  од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки....

Продолжи со читање

Караванот „купи куќа, купи стан“ повторно во Охрид

Post Views: 6 По втор пат сите охриѓани кои сакаат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, ќе можат да го направат тоа во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“, што стартува денеска од Штип.-Овој караван има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово, информираа надлежните за проектот.Според...

Продолжи со читање

ФЗОМ ќе ја покрие операцијата на малата Јована од Охрид

Post Views: 4 Откако вчера беше објавена веста за десетгодишната Јована која боледува од малиген карцином на раката, директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски се огласи дека фондот ќе покрие леувањето а интервенцијата е на 22 септември во клиниката Есен во Германија. Но сепак на семејството им е потребно помош за авио билети, сместување и болнички трошоци за еден родител во клиниката кои изнесуваат 400 евра дневно. Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна  болест.Таа има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје...

Продолжи со читање

Апел за помош за малата Јована

Post Views: 8 Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна болест.Јована има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје повторно и се појавува. За ова девојче да може да живее како сите деца потребна е итна операција во Германија. Но за да може да го оствари сонот исполнет со здравје и радост потребни им се 10 000 евра, кои семејството за жал не може да ги обезбеди. Да помогнеме да и овозможиме на малата Јована да се радува и смее, да чекори со возбуда, да прегрнува со насмевки, бидејќи секое дете заслужува...

Продолжи со читање

Осветување на манастирот „Св.Илија“ во Мешеишта

Post Views: 19 Црковниот одбор при црквата Свети Петар и Павле и Манастирот Свети Илија од село Мешеишта, Охрид, во недела, 6-ти септември, ги покануваат верниците на чинот на осветување на манастирот Свети Илија.Програмата ќе започне со утрена богослужба, која ќе биде со почеток во 07:30 часот во самиот манастир.Од 08:30 часот верниците и црковниот одбор на манастирот ќе го пречека митрополитот Тимотеј. Чинот на осветувањето на храмот и одржувањето на Света Архиерејска литургија е закажано од 8:45 часот.Потоа во 11:30 часот ќе има свечен манастирски ручек. Ќе биде организирана...

Продолжи со читање