Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Кривична пријава против правен субјект во Струга за незаконска експлоатација на минерални суровини

Post Views: 16 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект во Струга, подружница на  правно лице од Елбасан Република Албанија како и против 40- годишниот управител во правното лице.Пријавените, во текот на овој месец на нива приватна сопственост во Ново Село општина Дебарца, извршиле нелегална експлоатација на минерални суровини.– Иако немале концесија односно дозвола за експлоатација на минерални суровини издадена од Министерството за економија при...

Продолжи со читање

Извидниците од охридски „Пионер“ повторно меѓу најдобрите

Post Views: 8   Извидничкиот Одред ПИОНЕР од Охрид на овогодинешните Републички СРЕДБИ НА ИЗВИДНИЦИ-СТРУГА 2015,одржани во периодот од 28-30.08.2015 година, зеде учество со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници.Средбите беа одлично организирани од одредот домаќин Извидничко-поречанскиот одред “Крсте Јон” од Струга,со гости од повеќе градови од РМ, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука,урбана ориентација,полигони на спретност,тестови по...

Продолжи со читање

„Охридско лето“ дел од фестивалската елита

Post Views: 6 Во црквата  Св.Дух  во Котор, Црна Гора, на  иницијатива на меѓународниот фестивал  КоторАрт беше  потпишана Которската  иницијатива,  Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали:  Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и  Охридско лето (Македонија).Спогодбата  ја потпишаа  Ратимир Мартиновиќ (директор на  которАрт  Дон Бранкови денови на музика и  координатор на  сите програми на КоторАрт),  Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек...

Продолжи со читање

Фатени крадци кои во струшко краделе дрва со коњи

Post Views: 10 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум.  Пријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва  организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000,оо денари. Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост. Тие требало  бесправно односно без одобрение да ги сечат...

Продолжи со читање

Нов пад на цената на бензините

Post Views: 6 Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денара.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 ден/лит. Еуродизелот ќе се продава по 49 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 ден/кг и ќе изнесува 20,760 ден/кг.

Продолжи со читање

Бесплатни курсеви по Англиски и Италијански јазик во Црквата „Света Богородица“ – Каменско

Post Views: 7 Црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во втроник со почеток во 18 часот.Курсевите започнуваат од 1 септември а ќе се одржуваат во просториите на црквата.Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.  

Продолжи со читање

Повторно пукање и повредени во Париз

Post Views: 7 Полицаец и метач на улици денес беа застрелани и тешко повредени во јужниот дел на Париз што ги зголеми тензиите еден ден откако вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на еден сатиричен неделник и убија 12 луѓе.Дел од француските медиуми објавуваат неофицијални информации дека ранетата полицајка им подлегнала на повредите.Напаѓачот во денешниот инцидент што се случи пред зори уште е во бегство, рече францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев.Тој предупреди да не се избрзува со донесување заклучоци во врска со нападот што не го поврзуваат со нападот...

Продолжи со читање

Финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан

Post Views: 8 Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29 август 2015 година (сабота) на патеката „ Климе Савин“ , од манастирскиот комплекс „Св. Наум“  до градското пристаниште, во должина од 30 километри.Организаторите на годинашниов 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија.На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе  учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12...

Продолжи со читање