Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

lekari

Охридските советници ќе расправаат за унапредување и заштита на правата на пациентите

Post Views: 15 На дневен ред на седницата на Советот на Општина Охрид закажана за оваа среда ќе се најде и Предлог-одлуката за формирање Комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите.Целта на формирање на ваквата комисијаќе биде да ги унапредува правата на пациентите и нивна заштита, да ја следи состојбата со заштита на правата, да предлага мерки за подобрување на нивната состојба пред надлежни органи, соработува со надлежни органи, да разгледува поплаки од пациенти како и други активности предвидени согласно закон.За оваа предлог одлука охридските советници ќе...

Продолжи со читање

logo

Петок неработен ден

Post Views: 13 По повод големиот христијански празник  Успение на Пресвета Богородица, овој петок е прогласенз а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за  граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.  

Продолжи со читање

svr

Тешка сообраќајна несреќа кај Годивје

Post Views: 12 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје.Од здобиените повреди, на лице место починал Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца. Тој, управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во близина на спојката кон локалниот пат за селото Годивје, изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот...

Продолжи со читање

svr

Разбојничка кражба во Охрид

Post Views: 14 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (38) од Скопје. Него одредена му е мерка притвор во траење од триесет дена. На седми овој месец, пријавениот заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катинари од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ ДООЕЛ Охрид лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид.Настанот се случил во 03 часот и 30 минути, кога двајцата, со патничко моторно возило марка...

Продолжи со читање

avion

Вонредна адултна дезинсекција

Post Views: 16 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека во  ден 20.08.2015год. (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.Авионска  адултна  дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река.Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и...

Продолжи со читање

cesma

Улицата „Ристо Чадо“ денес без вода

Post Views: 13 Од МЈП „Проаква“ информираат дека  поради санација на дефект на водоводната линија, денеска во периодот од 8 до 13 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Ристо Чадо“. Во овој период од денот без вода ќе бидат и жителите на улиците, „Мирче Ацев“ и „8-ми Март“.  

Продолжи со читање

znak

Ново минирање на патот Охрид-Кичево

Post Views: 14 Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска, 17-ти август, ќе има прекин на сообраќајот на оваа магистрала.Според најавите, прекинот ќе биде во периодот од 14 до 16 часот.  

Продолжи со читање

sv.stefan

Вечерна богослужба по повод празникот Св.Стефан

Post Views: 20 По повод манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги известуваме сите православни верници дека на 14 август 2015 година (петок) – вечерта, во манастириот „Свети Стефан“, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.На 15 август 2015 година (сабота), во манастирот „Свети Стефан“, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8.30 часот.По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги...

Продолжи со читање