Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Охрид домаќин на првиот меѓународен салса фестивал „Хола Охрид“

Post Views: 9 Оваа година Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, во периодот од 21 до 23 август, во хотелот Конгресен Центар, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од...

Продолжи со читање

Холандска донација за училиштата во Охрид и Дебрца

Post Views: 9 Во рамките на својата меѓународна соработка О.О на Црвениот крст од Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебарца.Донацијата, во чија реализација помогнаа Хуманитарната фондација „ Stichting Hulp-Macedonie“ и Мира Милеска од Холандија содржи училишни маси и столови, училишни катедри, шкафови, спортски реквизити, како и половна облека и играчки, кои во текот на наредните неколку денови ќе бидат поделени на...

Продолжи со читање

Малолетници се „пресметале“ со метална палка

Post Views: 5 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид, можни сторители на делото.Кривичното дело насилство, пријавените малолетници го сториле на 31 минатиот месец околу 23 часот и 30 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Тие влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале друго малолетно лице кое во дворот било со уште неколку малолетници. Него му...

Продолжи со читање

Утре стартува најголемиот спортски настан во Охрид и Струга

Post Views: 8 Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години. На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена Билјанини Извори додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала Тими.Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи.Во оваа фаза ќе се...

Продолжи со читање

Конечно ќе се реши проблемот со одведување на отпадни води во Лескоец

Post Views: 8 ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец. Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на јавното претпријатие изведени се работи на формирање на премини преку улицата. За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм. Со завршување на оваа фаза жителите на овој дел од с. Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на отпадните води, а со тоа се овозможува...

Продолжи со читање

Денес почнува настанот „Спортувај за мир“

Post Views: 5 Под мотото „Спортувај за мир („Sport 4 peace“), клубот Фитформ од Охрид, на 12-ти август ќе организира фитнес и аеробик настан на отворено.Настанот ќе трае до 19-ти август.Оваа практика започна изминатите години, а лани заинтересираните рекреативци и професионални спортисти имаа можност да спортуваат организирано на Градскиот плоштад.Оваа година овој вид на настан ќе биде во сосема поинакво издание, кое ќе привлече голем број на заинтересирани граѓани, кои го одбираат здравиот начин на живот.„Фитформ“ ќе го организира овој масовен спортски настан во соработка со...

Продолжи со читање

Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 33 На 14-ти август во охридското село Велестово, со почеток во 21.30 часот, по 27-ми пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид.Традиционално, покрај поетскиот портрет на еден наш истакнат поет, ќе биде одржана и ликовна изложба. Оваа година во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се...

Продолжи со читање

Скопјани нападнале полициски службеник во Охрид

Post Views: 8 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје, поднесе кривична пријава.Пријавените, казненото дело го извршиле на деветти овој месец околу 17 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Настанот се случил во момент кога полициски службеници вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопреле  патничко моторно возило марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи. Во следниот...

Продолжи со читање